Во кој филм се продавачите на зеленчук и овошје?

  • Креатор на темата Креатор на темата streetbond2005
  • Време на започнување Време на започнување
Немам некоја особена поента освен да ги кажеме цените кои се нелогични и напумпани и да се обидеме овде да си помагаме со споделување искуства за претерани цени и логични каде можат да се најдат а да не бидат на грб на потрошувачот.
Пример : Јагоди 120 ден, ало нормални ли се бе? Шведска е ова?
Во шутка 60 ден и тоа сигурно поприродни
Банани 70? Молим ти се
Ротквици 20 за нешто што го фрлаш поише од пола?
Краставици 35 скапани во маркет?
Поентата ми е да не ќутите, кажете им да не ве дупат и на сите тн маркети да не им купуваат на тоа препродавачите пошто на никого не му е битно дали имаат логика цените него колку можат да ве заебат.
Капитализам друже. Може некој и по 5000 евра едно јаболко ќе продава ако има кој да го купи. Дали е ок и дали е морално е друг муабет.
 
Јас едно знам... Албанциве за Бајрам по пазариве ги смалуваат цените на зеленчукот и овошјето, да има и најсиромашните да купат нешто, додека ние Македонците ко за инат на сите наши празници ги покачуваат до немајкаде цените на своите производи.

А ако ви е за купување ефтини зеленчуци и овошја, само Битпазар прике мој, цените се секогаш 20 до 30 денари поефтини, а исти квалитет на производите како на другите локални пазари... башка продавачите таму ти даваат кеси ти да бираш што да земеш, а не ко другиве кои сами ти одбираат што да јадеш (n)
 
Po dukanite se frla mnogu roba, zatoa takvi se cenite. Na pazar obicno nema biranje, barem koga se vo prasanje jagodite. Koga vo dukan ke vleze nekoja *uglagjena* gospoža padnata vo sk kojznae od koe selo pa koga ke pocne da gi bira jagodite edna po edna da vidis... Kultura na najvisoko nivo. E sega imas i razni sorti klasi i golemini, povtorno ako prajme muabet za jagodite. Na pazar praksata e da ti gi napikaat pola sitni (mene licno ova mnogu ne mi smeta, i pomalite se jadat), tie se odozdole vo gajbite, ili pak mesaat taze i stari. Ne site prodavaci ama poveketo ova go praktikuvaat. I mnogu se krade na vaga, ne site dodusa ima i cesni prodavaci ama poveketo se apasi i barem 50-100 grama od kilo ke te osisaat. Ima i ekstremni primeri koga npr kupues 5kg pa 1 kilo go nema itn. Kvalitetnata roba i na pazar ne e eftina, ama barem izbor imas kolku sakas. A toa deka vo svedska ima jagodi za 2e toa malce potesko. Na zapad ispod 10e kilo nema nikade,i po 20e gi prodavaat, baska so nemaat nikakov ukus kako da jades guma.
 
"Нормално" е во овој период од годината цените да бидат ненормални. За неколку недели ќе бидат на половина цена, кога ќе им биде сезоната.
Само не знам кој ги купува тие отрови кои немаат ни вкус на тоа што треба да го имаат. Јадеш домати на кои само лушпата им е црвена, а внатре зелени. Или краставици без вкус, како гума да јадеш.
 
Мислат дека сме во Европа

Географски сме во Европа. ;)

Скапо се продава дел од овошјето, посебно јагодите, но тоа е, земи или остави, никој никого со сила не тера да купува ако не одговара цената.
Мешаат на зелени пазари продавачите во кеса ставаат и скапани и нагмечени јагоди.
Јагодите тешко ќе им падне цената, на нив нема да им трае сезоната уште долго време.
Подобро ќе си купам 2 кила банани или 3 кила портокали, отколку кило јагоди.
 
Јас имам другар кој цел живот има тезга на пазар и баш го прашав колку се јагодите и ми кажа прво беа 120 ден за кг, па 80 ден и веќе ги нема. И тоа од оние големите. Не знам какви се тие за 60 ден што ги наоѓате, ама сигурно и тие не се домашни. Плус измешани со скапани како што прават. [emoji16]
Краставици 30-40 ден. Банани 60-70 ден како и обично поскапи во овој период, за разлика во зима.

Ви одговара поскапување на цигари, а на овошје и зеленчук не. Сакате некој џабе да работи. Македончето е спремно и за 10-20 ден поевтино да јаде било што. [emoji3]

Sent from my Redmi Note 3 Pro using Tapatalk
 
Тие кои знаат од каде треба да купуваат квалитетно и евтино, воопшто не ни обрнуваат на тоа што нудат супермаркетите.

Токму бидејќи не сме ни Шведска, а уште помалку па САД, каде што над 90% од производите во супермаркетите се чисти отрови, повеќе купуваме од пазар отколку од супермаркет. Исклучок е индустриски обработената храна која секогаш е поквалитетна во супермаркетите отколку на пазарите. Освен ракијата, се разбира. :D

Златно Зелено пазарче и златен Битпазар, им нема рамни. Добро де, и пазарот наспроти Буњаковец не е лош, но најдоброто го има на Зелено пазарче и на Битпазар.

LOL, уште живеете во филмот дека зеленчукот и овошјето во маркетите е отров и ГМО а на пазар е здраво?

Поголемите маркети дури и од подобри извори си ги добиваат зеленчуците и овошјето, склони се и на контроли од инспекции. На пазар никој не ти контролира што се продава. Поздрави се оние кои продаваат баш домашни домашни плодови, но никој нема да ти продава у Македонија домашни портокали или банани.

Тоа важи само за зелјето и овошјето што вирее кај нас, па дури и со нив не е сигурно, затоа што доматите и краставиците често и пазарџиите ги увезуваат со сумљив квалитет од Турција и најлошото од Косово. Пример домат скинат уште зелен у Турција и испрскан за тие 10 дена дур патува да ја добие црвената боја. Нема по ГМО нешто моментално што го јадеме кај нас од доматите.

Порано важеше тоа дека на пазар е здраво све што се продава, сега и они или увезуваат или одгледуваат на сумливи почви, прскаат со сегде забранети пестициди и хемиски отрови.

Најсмешни ми се луѓе кои купуваат јагоди од автоапат, со мнение дека се здрави, а покрај нив поминале 1000+ автомобили и ги „збогатиле“ со отровите од издувните гасови, плус па и самите ниви се до патот и цело време се таложат отровите врз нив.

Али не, на запад се јадело ГМО и све било вештачко, а овде е све природно. Природно произведено у Косово на пример, во почва која пред 17 години беше бомбардирана со осиромашен ураниум. На запад кај што имаат ригорозни правила за свежата храна и милион инспекции е вештачко и нездраво. (y)
 
Само ти верувај си во западот и во неговите ригорозни правила кои постојат само на хартија. :tapp:
 
Само ти верувај си во западот и во неговите ригорозни правила кои постојат само на хартија. :tapp:

:pos: :pos: :pos:

Добро, ти не верувај во тие ригирозни правила и верувај во никаквите правила што постојат тука, во втората најканцерогена држава во Европа, веднаш после Косово.

Сум увидел лично колкава е разликата во квалитетот. Живеј бар 2-3 месеци во која било западноевропска земја, после дојди овде, ќе видиме дали ќе го имаш истово мислење за квалитетот на храната. Ако не тоа, прашај и кој било доктор или нутриционист кој не е партиско гласило, колку храната тука е квалитетна а на запад не е, истото ќе каже.

Јадеме најнепроверена и најлоша храна.
 
Сум увидел лично колкава е разликата во квалитетот. Живеј бар 2-3 месеци во која било западноевропска земја, после дојди овде, ќе видиме дали ќе го имаш истово мислење за квалитетот на храната.
@Agda Beata кажи му каков вкус има зеленчукот и овошјето во Шведска :D
 
@Agda Beata кажи му каков вкус има зеленчукот и овошјето во Шведска :D

Патлиџанот има вкус на лубеница а бананите на диња, знам иам вкусено. :D Ама таму гнетат руколи, шери домати, кале, брокули, авокадо итн храни кои се реално скапи за нашиов утепан стандард. Не гнетат нутритивно слабохраниливи пиперки ко овде на велико, затоа е и разликата у све, највеќе во здравјето и физикусот.
 
Јас едно знам... Албанциве за Бајрам по пазариве ги смалуваат цените на зеленчукот и овошјето, да има и најсиромашните да купат нешто, додека ние Македонците ко за инат на сите наши празници ги покачуваат до немајкаде цените на своите производи.

А ако ви е за купување ефтини зеленчуци и овошја, само Битпазар прике мој, цените се секогаш 20 до 30 денари поефтини, а исти квалитет на производите како на другите локални пазари... башка продавачите таму ти даваат кеси ти да бираш што да земеш, а не ко другиве кои сами ти одбираат што да јадеш (n)

Opsto nivnite ceni se poeftini, primer u gjorce pazarceto oni prodavaat po ceni 10, 20 den poeftini od nasite
 
Патлиџанот има вкус на лубеница а бананите на диња, знам иам вкусено. :D Ама таму гнетат руколи, шери домати, кале, брокули, авокадо итн храни кои се реално скапи за нашиов утепан стандард. Не гнетат нутритивно слабохраниливи пиперки ко овде на велико, затоа е и разликата у све, највеќе во здравјето и физикусот.

Имам роднина кој живее во Австрија, секое лето доаѓа овде и јаде ко стока, а на заминување полни кеси со пипер, паклиџан итн и фаќа патот.
Вика дека таму пиперките и доматите колку и убаво да изгледаат на око, немаат никаков вкус, а пази таму сите зеленчуци и овошја ги купуваат по супермаркети, заштитени, спакувани штотијасзнам... А овде ние ги земаме по пазариве кои седат на отворено, пчели и муви ги надлетуваат, и 1000 раце предходно ги фаќале :icon_mrgr:. Не е исто да направиш пинџур таму, и пинџур овде... Истава приказна е и за месото, тотално различни вкусови.
 
Абе за вкусот се слагам и јас дека зеленчуците што виреат на нашиов простор и се одгледани со нормално количество на хемикалии имаат значајно подобар вкус. Зошто? Заради мајка природа. Овде почвата и климата е погодна за пипер, патлиџан, краставици, марули, ротквици итн... Но ако ја глеаме нутритивната вредност, пак нивните ќе бидат на исто ниво со неоргански одлгеданите овде. Проблемот е што кај нас веќе не јадеме органска храна, таму барем и таа што не е органска подлежи на контроли.

Да се разбереме, не зборам за домашен патлиџан и пиперки одгледани у своја бавча, него за индустриските кои се продаваат кај нас на пазар. Не мора да се споредиме со таму, спореди домашен патлиџан од бавча со гумата за џвакање у форма на патлиџан што ја купуваш на пазар. Или шумска или домашна јагода со вештачки созреаната индустриска одлгедана до автопат.

Од село сум, сум продавал на пазар порано, знам како иде целиот процес. Се повеќе тезгаџиите/прекупците се решаваат за сумлив увоз него за откуп од локалните производители пошто им е поефтино. Се помалку има луѓе кои на тезга продаваат нивни лично одгледани производи.

Производителите гледаат да поминат поефтино нормално и лупаат стероиди кои се полоши и од лабараториски модифициран плод.

Дури и изметот на мувата е понештетен од ѓубривата и пестицидите со кои ги третираат плодовите. Све почесто употребуваат прскање директно врз плод, што е харикири. Друго е прскање за заштита на почва од трева или прскање врз лист на сеуште нерасплоденото стебло од штетници, друго е директно врз тоа што треба да го јадеме.

Да имаме нормална држава во која ќе има ригорозни контроли, во која ќе има значително подобри услови за одгледување на расади и оранжерии, ја се слагам и сигурен сум дека ќе имаме вкусна (каква што е воглавно сеа) но и прездрава свежа храна.

Но моментално ти тврдам дека голем дел од тоа што се продава по пазариве кај нас е со лош квалитет и најголемиот дел не вреди за цената.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom