LOL, уште живеете во филмот дека зеленчукот и овошјето во маркетите е отров и ГМО а на пазар е здраво?
Поголемите маркети дури и од подобри извори си ги добиваат зеленчуците и овошјето, склони се и на контроли од инспекции. На пазар никој не ти контролира што се продава. Поздрави се оние кои продаваат баш домашни домашни плодови, но никој нема да ти продава у Македонија домашни портокали или банани.
Тоа важи само за зелјето и овошјето што вирее кај нас, па дури и со нив не е сигурно, затоа што доматите и краставиците често и пазарџиите ги увезуваат со сумљив квалитет од Турција и најлошото од Косово. Пример домат скинат уште зелен у Турција и испрскан за тие 10 дена дур патува да ја добие црвената боја. Нема по ГМО нешто моментално што го јадеме кај нас од доматите.
Порано важеше тоа дека на пазар е здраво све што се продава, сега и они или увезуваат или одгледуваат на сумливи почви, прскаат со сегде забранети пестициди и хемиски отрови.
Најсмешни ми се луѓе кои купуваат јагоди од автоапат, со мнение дека се здрави, а покрај нив поминале 1000+ автомобили и ги „збогатиле“ со отровите од издувните гасови, плус па и самите ниви се до патот и цело време се таложат отровите врз нив.
Али не, на запад се јадело ГМО и све било вештачко, а овде е све природно. Природно произведено у Косово на пример, во почва која пред 17 години беше бомбардирана со осиромашен ураниум. На запад кај што имаат ригорозни правила за свежата храна и милион инспекции е вештачко и нездраво.