Ти реплицираше прв и ти го започна разговорот прв, што значи се е твоја вина. Па извини што морам повторно да ти реплицирам (и врати кога нема да бидеш мутав и глуп), но она што СЈО го работи се вика
правда. Јас се надевам дека, ако има потреба да се оформи ново СЈО за активностите кои во иднина ќе ги превзема новата влада, нека биде. Зошто па да не?
И кога спомнуваш “американски преварантски џукели“, дали мислиш на она кога Груевски се радуваше како дете во слаткарница, кога се отвори некаква можност да се сретне со Бајден? Тоа е неговата неостварена желба. Потоа сакаше средба и со Килари, но и тоа е еден неостварен сон. Знам дека врските на Заев со американската амбасада се доста големи, патем тие врски ги користеше и за финансирање на капитални проекти во Струмица, додека останатите општини немаа пари ниту за задоволување на најосновните работи на граѓаните, па така сите проекти се влечкаа со години. Но и Груевски имаше минато со таа амбасада и со тој амбасадор, па така кога СЈО започна да ги чешла, а тие се однесуваа како класичен давеник, сите ги напуштија, освен Орбан и Николиќ-Вучиќ. Дпне имаше и светли моменти и добри проекти, но се’ падна во вода по отварањето на пандорината кутија во која конечно се појавија докази за криминалните активности на дпне и луѓето околу неа. Сега не гледам што е проблемот кога СЈО отвара случај и законски, со докази и сведоци, ги води постапките пред вмровски судии! Нема да биде крај на светот ако некој лежи во затвор, нели?