Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
A

apidrone

Гостин
СЈО го презема случајот бидејќи се спомнувал во прислушкуваните разговори...го вадеа Спасов од затвор да дава искази кај нив... дури вадеа теорија дека тој не е убиецот... ама нешто не им упали и замолкнаа.. Меѓународниот суд ја одби тужбата на мајката на Нешковски со образложение дека правната постапка била брза и ефикасна... Тоа што некој разговарале дали може да го забошотат случајот нема врска , нема матерјални работи. Во сличниот случај, кога 2006 алфите го претепаа и усмртија Беќирев имаше матерјални дела, ваден му е трупот од мртвачница и држан во вода десет дена да се прикаже дека умрел од давење, а при обдукција одстранет мозокот, па кога Хелсиншки организира обдукција со странски патолог му донесоа тело каде во черепот немаше мозок туку хартии .. Е тоа е забошотување и тоа успешно, се затвори формално случката дека се удавило момчето ... Но и двата случаја се резултат на небрежност на алфите. Но ете лани во јануари имаше убиство со намера па се заташка и сите молчат како пички...ослободено е првото осомничено лице( имаше само во еден весник дека тоа лице има подршка од врвот на Дуи) бидејќи другиот ден сам се јавил да признае друг убиец во полиција ????
.. а и тука владее молк кога ќе го спомнам овој случај.....
Јасно е дека се е отидено у ПМ, само селективност, лаги и политизирање...Почнаа и за сообраќајките да прават партискополитички маркетинг, за Фросина се правеа демонстрации а за дечкото што го згазија со џип од Батинце молк...
Ај тоа, ама лани во септември беше згазен на тротоар ,дечко некаде во Маџари мислам; 2 месеца МВР на Спасовски не даваше записник на ОЈО да се поднесе кривична против шоферот убиец.... и кој знае кога ќе го осудат и дали воопшто ќе лежи а и друга работа против истиот имало, повратник... еве и тоа се замолча...
Како може СЈО да го презеде случајот кога истиот е ЗАТВОРЕН? Имаш осудено лице за убиство и крај, нема што друго обвинителство да презема. Осудениот има право на жалба до повисок суд ама не може СЈО во негово име тоа да го прави.
 
V

viktora

Гостин
Тој единствено што изналупал е две три мотики додека копал. Човекот ставаше сликички и само прашуваше дали има влада и прифаќаш ли платформа. Тоа ако е лупање...
А од друга страна имаш прашања кон тој како што е толкувањето на законот за амнестија, гласањето на буџетот, Талат и протестот. Тој на тие прашања враќаше до дај доказ дај доказ, и ти истото го правиш. Штом така комуницирате со дај доказ тогаш само така треба со вас.
Барам доказ зошто за некои работи и јас не сум сигурен дали се вистинити.Можеби ќе сменам мислење ако ми докажеш.Еве повторно ти кажувам,дај доказ кој ги намести во Вејце и ќе ти признам дека си во право.Што има лошо во тоа?
 

BloodyJesus

патенирана чепкалка
Член од
15 февруари 2012
Мислења
1.205
Поени од реакции
1.238
Сето то ќе се види како ќе функционира со новата власт во слободна Македонија
Роби телекабел ќе биде новиот Камчев.
Ванчо деликатес новиот Ѕинго.
Шенки Версаче новиот Агим красниќи.
Шендрит новиот Леку во струга.

Исто ќе биде летко, едино промена ќе има во потписникот на твојата пензија.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Роби телекабел ќе биде новиот Камчев.
Ванчо деликатес новиот Ѕинго.
Шенки Версаче новиот Агим красниќи.
Шендрит новиот Леку во струга.

Исто ќе биде летко, едино промена ќе има во потписникот на твојата пензија.
Рекоа дека пензијата ќе ми биде дупло поголема.
То ме радува.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.955
Поени од реакции
15.972
Како може СЈО да го презеде случајот кога истиот е ЗАТВОРЕН? Имаш осудено лице за убиство и крај, нема што друго обвинителство да презема. Осудениот има право на жалба до повисок суд ама не може СЈО во негово име тоа да го прави.
е за СЈО се може..
.. но мислам дека се оладија кога од Стразбур дојде одбивање на тужбата од мајката на Нешковски со образложение дека бргу и ефикасно е процесуиран убиецот...
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
тука на форумот твојот тролл најавува укинување на пензии и фрее автобуси...:confused:
Тоа допрва ќе го видиме во наредните години со новата влада
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Барам доказ зошто за некои работи и јас не сум сигурен дали се вистинити.Можеби ќе сменам мислење ако ми докажеш.Еве повторно ти кажувам,дај доказ кој ги намести во Вејце и ќе ти признам дека си во право.Што има лошо во тоа?
Па не можеш да бараш доказ затоа што знаеш дека јас сигурно немам црно на бело и после тоа ќе речеш епа ете штом немаш значи не е така лажеш, не можеш така. Си има книги за 2001 сведоштва на луѓе кои учествувале директно, пишува дека мешаната патрола за Вејце е предадена од Македонци. Дури и самите војници знаеле дека се предадени кога веќе се соочиле со судбината. Има повеќе членови кои копирале делови од книгата, ќе ги прочиташ во темата Македонски специјални единици.
Не чини, не е човечки и жално е за семејствата на тие луѓе да сега некој вади лажни вести како тоа тој вампирот стар бил татко на некој од војниците. Најголема лага е тоа.
Исто така не е човечки барањето да ја вратат оштетата тие семејства, дно, лажен патриотизам, нешто најлошо. Капак на се, во четвртокот се ситите што биле тепани луѓе кои немаа никаков удел во најголемото предавство. Срамота е озбилно.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.955
Поени од реакции
15.972
А за кој случај бил на распит?
па за истиот ... СЈО не му е битно дали ќе се фати убиец и колку ќе лежи туку сдсм да може политички да профитира...
.. а нешто не ти се чита за сличнат случка од 2006, Беќирев, тогаш власта успешно заташка убиство ..
.. а истото и за убиството од 2016 молчите :mad:бидејќи дуи го изменаџира
 
Последно уредено:
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197
па за истиот ... СЈО не му е битно дали ќе се фати убиец и колку ќе лежи туку сдсм фа може политички да профитира...
.. а нешто не ти се чита за сличнат случка од 2006, Беќирев, тогаш власта успешно заташка убиство ..
.. а истото и за убиството од 2016 молчите :mad:бидејќи дуи го изменаџира
Кажи нешто за Хрватска и за тенковските делови.
 
A

apidrone

Гостин
па за истиот ... СЈО не му е битно дали ќе се фати убиец и колку ќе лежи туку сдсм фа може политички да профитира...
.. а нешто не ти се чита за сличнат случка од 2006, Беќирев, тогаш власта успешно заташка убиство ..
.. а истото и за убиството од 2016 молчите :mad:бидејќи дуи го изменаџира
И што сега, СЈО ќе му ја укине казната? Ако со казнување на Јанкуловска и компанија сдсм политички ќе профитира, немам ништо против.
И не знам што кур ме замараш со рандом убиства. За Диме Спасов што бегаше од полиција ќутите. За Фросина што беше згазена ќутите. За убиството на Ангел Петковски од Ѓорче ќутите. За сообраќајката на Алачки кога прегази човек ќутите. Или не ви се збори за ова?
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Поништувањето се случи уште од 2001 (информаци за воени дејствија уште од 98-99та) и Групчин.

Потоа што следеше (закон за територијална промена? амнестија на Хашките случаји, Талат министер за одбрана, закон за јазици, знамиња, двојни арашини - македонецот оштетен, македонецот осиромашен деморализиран и принудно бугаризиран, величење на предавници на македонскиот народ - историски личности, ликови или групи кои отворено го негираат мкд идентитет во власта итн итн) е само постепено релавитизирање, "разоткривање" на планот - не падна од небо тоа поништување (не е од денес/вчера).

Таква карта (патриотска) не се вади од кратки ракави.
Добро, еве сето тоа не го спорам.

Тебе ти е јасно дека целта е да се избрише македонскиот идентитет од категоријата национални идентитети и да влезе во категоријата регионални идентитети (секако главната цел е тоа да се случи на оваа територија која понатаму нема да се вика Република Македонија туку Република Шаренодонија). А од таму до целосното претопување и поништување на се што е македонско ќе не делат некои 5-6 децении, а можеби и помалку, затоа што Македонците се асимилираат полесно и од Циганите (да ме извинат Ромите за изразов)).
И не е ова теорија на заговор (знам дека на многумина овде ќе им звучи како нешто нереално), туку е практично отстранување на пречка. Македонскиот идентитет и национална држава е пречка, или подобро кажано проблем, за западните интереси и конечно утврдување на западното влијание во регионот. Како едно парче коешто предолго не влегува никаде во сложувалката. Проблем е за Србите и Грците, за Албанците и Бугарите, значи проблем е и за НАТО и ЕУ и тоа е и најлошото (никој не се осмели да појде против непринципиелната и противправна политика на Грција со нашата блокада за членство во НАТО и ЕУ). Тие секојпат ќе изберат да ја жртвуваат Македонија пред било кој друг од соседството. Затоа што сме најслабата карика.

Значи влегуваме во финалната фаза на разнебитување на се што значи македонско, а вие ми зборувате за криминалите на Грујо, и расправаме за историјатот на тоа како сме дошле до тука. Она што е направено не може да се промени. Зборувај ми за тоа како можеме да се извлечеме од ова?
Идејата да им седнеме во скут на Албанците и да ги симнеме гаќите пред да биде испукан првиот директен куршум кон нас ми се чини налудничава, самопонижувачка и идиотска.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom