За првиот дел потполно се согласувам, ама за седнувањето на Беса и Села на маса со Ахмети мислам и дека немаа премногу опции. Ако одбиеа да седнат веднаш ќе беа окарактеризирани како предавници по сите медиуми кај Албанците и ДУИ ќе испаднеше бранител на Албанските интереси, вака барем се на некоја иста позиција како што беа и пред изборите. Секогаш може да му вадат низ нос на Али што беше 10 години на власт со ДПМНЕ и дека треба да ги исчисти и сопствените редови од криминалците
Јас верувам дека Беса пред се ќе му земе уште некој пратеник на Дуи на наредни избори..
Али Ахмети не сака коалиција со Сдсм зошто нив директно му загрозуваат негови гласови. За разлика со Дпмне каде што со разбработена тактика заедно си го хранеа национализмот и така си ги збиваа своите редови, со Сдсм имаат проблем бидејќи директно ќе ги нападнат нивните гласови.
На анкетата од Телма од февруари ако се сеќавам, доколку има избори Сдсм би победило кај албанскиот блок.
Затоа и Дуи во Сдсм гледа директен конкурент, и на своите гласачи им нуди уште посилен национализам со надеж дека повторно ќе се фатат на истата јадица. Исто и Заев самиот спомна дека коалиција со Дуи и Алијансата во овој момент е политичка неопходност а не желба на Сдсм.
Се сложувам со Ставрогин што спомна пред некој месец дека Заев и на Ахмети ќе му ја врзе јамката за некоја година, доколку направат влада.