Смешно е да констатираш легитимност според странски извори. Тоа се констатира според законите на соидветната држава. Ова треба да го знае секој со капацитет и дигнитет на сопствената личност.
Чекај бе Уставник, сега ќе ти објаснам. Македонија од осамостојувањето до денес не успеа да избере некорумпирана власт. Ниту една. Сите беа арамии здивени од власта. И тука не зборувам за ситна корупција во стилот премиерот лапна некое хотелче, туку за корупција во која кликата на власт, односно луѓето од најтесното раководство стануваа во 4 години мандат најбогати луѓе во Македонија. Аздисани. Корупцијата постои во секое општество, до одреден степен. Некаде, како во Швајцарија, е сведена на шише виски. Најуспешни општества се оние со најмал степен на корупција.
И пази сега уставник, народот во Македонија со бомбите доби шанса да се пресмета со корупцијата. Наеднаш ја видовме владеачката гарнитура во цела нивна беда. Напучени, со турнати гаќи. И наместо да ги сотреме тие ви дадоа по некој сендвич и вие почнавте да релативизирате, сите се исти, и другите пак ќе крадат, и слични срања.
И сега ти нешто ломотиш за Уставот, како била прекршена процедурата, во држава во која СИТЕ СЛУШНАВМЕ како законите и Уставот служат за мајтпап. Сега странци ќе одлучуваат што е уставно кај нас. Нормално, ние се покажавме неспособни сами да го правиме тоа. Имавме историска шанса да станеме државотворен народ, одбравме сендвич.