Да, незадоволство искажувам на избори, референдуми и такви работи. И да амнестирањето на хашките го проследив најрамнодушно, порамнодушно здравје. И не само тоа.
Ти дека излезе да протестираш да не случајно го спречи тоа ?
Инаку
бујрум за муабетот. Баш ме интересира вака по толку време како гледаш на тој муабет сега.
Не можеш да чекаш 4 години зошто за тие 4 години можат да се случат уште полоши работи. Да не се случеа 2000 протести во рок од 2 години, дпмне уште лаганица ќе си беше на власт. Протестот е демократски чекор и е еден вид кочница на власта. Мојот протест не спречи ништо затоа што живееВМЕ во држава која беше раководена од фашисти, на кои што не им чуеше за ништо што има да каже рандом граѓанин или рандом група, затоа мојот глас не сменил ништо. Затоа, поради тоа нивно игноратно однесување сега се на дното, буквално на самото дно.
Тоа што ти амнестирањето си го проследил најрамнодушно те прави најголем лицемер, затоа што ти немаш АПСОЛУТНО НИКАКВО ПРАВО да коментираш за поставувањето на Талат, апсолутно никакво.
ВО врска со муабетот од пред месец или колку и да е, дојде до гласање, изедоа ќутек затоа што дел од припадниците на МВР не си ја завршија работата. Дали мислиш дека од понеделник, вторник повторно ќе има луѓе на улица? Дали мислиш дека повторно Бетмен, Друловски, Јовановски и Дамковски ќе се пењават? Дали мислиш дека се сеуште ќе глумат спасители после случувањата во четвртокот? Што ќе прават тогаш бабите и дедовците пред собрание кога нема да знаат да пуштат микрофон за да си го искажат наводниот гнев?
Нит вондредна состојба, нит паралелна влада, нит немири и граѓански војни.