Можеби ти пишуваш необјективно. Јас ја претставувам реалноста од мојата гледна точка. Затоа постојат неистомисленици кои ќе ги потенцираат оние факти со кои не се согласуваат или ќе ја реализираат својата рутина така што ќе се прават неутрални, а цврсто ќе го бранат злосторничкото здружение на вмро. Зар твоето е објективост?!
Дали се сеќаваш што правеше твоето вмро во понеделниците, кога Латас беше со сдсм, а лидер на твојата партија беше Војводата!? Сител остануваше без струја. Патем, тогаш што сдсм влегла со инспекциски служби не значи толку колку што значи затворање на тој објект, трудна жена да заврши во притвор и притоа да го изгуби свето бебе, и дел од вработените, како и шефот да завршат во затвор. Значи постои разлика.
Со гласање на новиот дуп, пандемониумот веќе стана или ќе стане дивоградба. За разлика од Космос, кој беше реванширам пред се’ за А2, а и за поврзаноста со опозицијата и Цановски. Прекршоците беа нешта кои можеа да се поправат, исто како нелегалното дигање на 2 спрата на еден ваш функционер на центарот на градот. Требаше цела зграда да му ја урнат?! Или правење висококатници на реони каде може да дојде до лизгање на земјиштето! И тоа го гласавте.
За Космот тек следи истрага и судење.
Сите судови се во рацете на вмро. Сите. Можеш да извадиш некој пример од 1998 или 2008 и да речеш дека сдсм го контролира судството иако вмро е на власт. Сами ги предлагаат сидиите и сами ги гласаат, тоа го прави секоја власт. Норално, откако ќе им истече мандатот. Тоа не е ништо ново и ништо чудно.
Талат доби 61 или 62 гласа, не е битно. Битно е дека позади него стои мнозинството и битно е дека даде заклетва и стави потпис, додека во позадината вознемирувачки доаѓаше некаков шум кој ја попречуваше церемонијата. Потоа влегоа тепачите и протестантите и си ја завршија работата. И нормално дпмне не е криво, туку сдсм. Самите се тепаа и самите протестираа. Лесно е штафетата на вината да ја префрлиш да противникот, само треба да имаш докази да го поткрепиш тоа.