Оди учи не туку измислувај топла вода од мрза - не можам да ти ги читам бладањата повеќе. Ми се гади кога читам вакви бесмислици!
„Тој што збори ова она мора да знае духовноста на човекот“... кај ги наоѓате овие романтичарски ствари?
„... во смртта Платон предава филозофија, таму нема титули, нема доктори, нема човечки говор преку кој се куминицира, нема книги ниту ритуали....секој од вас ќе легне во креветот со неа (смртта) , но предходно ќе ве "соголи" ништо од овој свет не преминало во другиот..“
Каде запна? Ми се пушташ? 
Ти ниту знаеш што Платон зборува ниту знаеш за смрт ниту ништо.
Ти си обичен галамџија кој што се крие зад „мистични“ размисли собрани по нет со кои сакаш да се прикажеш како искусен човек кој што соголил се и смртта ја поминал и сега е вториот Исус.
Кај се раѓате вакви, без искушенија, без иницијации, без ништо - а ете ти се знаат, се поминале - се можат!
А се наплаши да не кажам кој си и што си во приватниот живот. Се повикуваше на етика и морал, за која подоцна тврдеше дека ја немам!
Мене ме лажеш, другите ги лажеш кој си и што си или има некој голем проблем со тебе?
Ништо поразличен од христијаните - постојано нешто не поучувате и не туркате во ист калап.
КАЛАП НЕ ПОСТОИ!
Ти и тоа што „разбираш“ од смртта, разголување - чувај си го за себе си.
Многу зборување за смртта - ќе дојде непоканета и тоа не кај тебе, туку кај она што го љубиш најмногу во животот).
Не си читал книги, не ја знаеш историјата на Смртта (да, со голема буква СМРТ).
Опседнати луѓе од смртта. Страшно.
Мојата начитаност доаѓа од книгите, а мојата мудрост (максималното од она што јас го разбирам од она што сум прочитал и практично применил) не ја прикажувам на форум, бидејќи... се нема потреба. Дојден сум тука да зборувам за Телема како на деца - кои не знаат ништо. Со детски пристап... нема да ви откријам што значи „Смртта е за пците“. „Смртта е забранета за тебе, о човеку“. „Смртта е круна на се.“ кои се стихови од „Книга на Законот“.
Додека ти, постојано се расфрлаш со навидум мудри размисли за „духовноста“ и за тоа што е што во секој ситем - а не си запознаен со ниту еден - од мрза, страв, немање капацитет... Сето ова што го глаголаш, да имав потреба ќе ти кажев од каде си го собрал - но ќе те оставам да зборуваш уште.
Ме интересира процентот на луѓе низ годините кои ќе паднат на овие романтичарски дрдорења и „соголувања“ 
Доста ги поучуваш луѓето на глупости и романтизам, посебно нас Телемитите - забораваш дека ќе дозволам да бидам во грешка без проблем во однос на твоите „мудрувања“ за постигнувања и иницијации, но во никој случај нема да прекршам заклетва и да зборувам за свети работи за да сфатите каде грешите.
„Лоша Магика преставува прифаќањето дека некој е нешто друго , а не Неговото највнатрешно себство.
Треба да се впуштиме страстно во секое можно искуство; со правењето на тоа се прочистуваме од оние наши лични предрасуди, кои ни дадоа погрешно сфаќање и кои не спречуваа во извршувањето на нашите Вистински Волји и во спознавањето на нашата Суштина и Природа.“
– Законот е за Сите, А. Кроули
Почнуваш да се користиш со ниски удари , иако индиректно без никој да примети заштитувајќи ја твојата приватност ти уочив дека и јас знам кој се крие позади никот на Хептаграм, да ги задржиме форумските правила и да не мешаме баби и жаби.
Немањето доволно духовно искуство, е показател зошто телесно враќаш удар.
Што се однесува до смртта, целата приказна за духовноста е поврзана со неа иако користите поинакви термини како премин преку бездната, тоа неосознаено доживување провејува во сите духовни книги.
Тоа е и крајната цел од сите можни редоследни доживувања, да се носи најголемата темнина во себе , а тоа и не е баш така едноставно...
Работата е што не се случува често во човек да бидат соединети животот и смртта за да имате повеќе информации, затоа и реакцијата ти е во рамките на разумно резонирање со поголема доза на неверување.
Немам намера да убедувам никого за да сватите, бидејќи работите ќе се одвиваат во правецот како Мојсе и фараонот. Недоволни се твоите провокации, потруди се, знам дека можеш и посилно и пооштро. И како што бива редот, нема враќање назад...(во котекс на смртта)
Не разбрав она со мудрување за постигнување иницијации,,.. немам намера да бидам иницијант во ото, ако тоа ти е дилемата.
п. с. Следниот пат помешаш ли баби и жаби, ќе ги помешам и јас.