Ке видеме, они се многу зависни од ЕУ, посебно послабите делови, бар така беше јас кога живеев во Галиција, многу млади имаат негативен став спрема Германија посебно (иако за волја на вистината, многу и одат таму да работат). Тоа е ставот што го имаат спрема ЕУ, сега на побогатите можеби им одговара, но за послабите незнам. Така да неверувам дека ќе дојде до ЕспЕхит, иако Шпанија е вештачка творба, многу различни кралства насилно споени кон Кастилја, така на пример Галиција има култура и јазик многу поблиска до Португалската, Каталонија и Баскија, исто така, слично било и во Андалузија, многу од предавањата што ги слушав на факултет беа на Галициски, а Шпанскиот јазик го нарекуваа Кастелјано (јазик на кралството Кастилја).