Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 26.159
- Поени од реакции
- 34.694
Многу несоодветен пример зема за објаснувањето - дете што игра на улица. Ама и да не се работи за дете, пак ќе повторам ниту возрасните луѓе немаат обврска да учат за кучињата.
Едноставно во урбана средина не смее да има слободно пуштени кучиња. Затоа и постои законот за поводник и маска. Има соодветни места за тоа, паркови или некаде надвор од урбаната средина.
Никогаш не знаеш дали некој е паничар/неук, а дури и тие не смеат да бидат каснати (или не-дај-боже, растргнати) заради својата неукост или паника.
Нејсе, постојат закони што го третираат сето ова. Ама алас, како и многу други закони во оваа држава - не се (или ретко се) спроведувани.
Фактот е дека, надвор од ситуациите на самоодбрана на кучето или бранење на сопственикот/имотот, куче кое ќе касне човек мора да биде подложено на детална анализа во соодветна институција - и ако целосна рехабилитација не е возможна (агресивноста не е може да се смени) - епа тогаш мора да се спроведе еутаназија.

Секако, тој што малтретира кучиња (и други животни) си заслужува се што му следува. Но ти пак си ја тераш водата на својата водиница - со прикладни хипотетички ситуации.И да, човек немора да научи за кучешка психологија, ама ако нема информации тоа не значи дека треба да шири дезинформации, па да може некој да малтретира куче а потоа кога ќе го гризне да може да се извади : "Аха, гледај доберман, шарпланинец, питбул, крволочна раса, многу нормално дека го гризнал без причина, ајде да го успиеме". Тоа сакам да одбегнам.