Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 28.533
- Поени од реакции
- 38.256
Многу несоодветен пример зема за објаснувањето - дете што игра на улица. Ама и да не се работи за дете, пак ќе повторам ниту возрасните луѓе немаат обврска да учат за кучињата.
Едноставно во урбана средина не смее да има слободно пуштени кучиња. Затоа и постои законот за поводник и маска. Има соодветни места за тоа, паркови или некаде надвор од урбаната средина.
Никогаш не знаеш дали некој е паничар/неук, а дури и тие не смеат да бидат каснати (или не-дај-боже, растргнати) заради својата неукост или паника.
Нејсе, постојат закони што го третираат сето ова. Ама алас, како и многу други закони во оваа држава - не се (или ретко се) спроведувани.
Секако, тој што малтретира кучиња (и други животни) си заслужува се што му следува. Но ти пак си ја тераш водата на својата водиница - со прикладни хипотетички ситуации.
Фактот е дека, надвор од ситуациите на самоодбрана на кучето или бранење на сопственикот/имотот, куче кое ќе касне човек мора да биде подложено на детална анализа во соодветна институција - и ако целосна рехабилитација не е возможна (агресивноста не е може да се смени) - епа тогаш мора да се спроведе еутаназија.

И да, човек немора да научи за кучешка психологија, ама ако нема информации тоа не значи дека треба да шири дезинформации, па да може некој да малтретира куче а потоа кога ќе го гризне да може да се извади : "Аха, гледај доберман, шарпланинец, питбул, крволочна раса, многу нормално дека го гризнал без причина, ајде да го успиеме". Тоа сакам да одбегнам.