Нивниот „начин на расудување“ - ако може да се нарече расудување - е дека секој што не е христијанин или муслиман е лош човек. Директно никаде нема да видиш дека тоа ти го кажуваат, но преку нивното философирање - ќе знаеш дека и ти си лош човек бидејќи не си православен христијанин.
Бидејќи да тврдиш дека е вистина како сите што не веруваат во Исус или Аллах, како единствен бог, ќе горат и ќе се мачат во некаков си пекол (и тоа после смртта), тврдење кое се базира на верување, не на искуство и знаење - не е само „нивен начин на расудување“ и толку. Да беше така ќе ги оставевме сите кучиња да лаат, а ние со карванот да одевме до следната Оаза или сарај да одмориме.
На се да велиш лага бидејќи така доаѓа од некаква си хиерархија наречена црква што не оди во нејзин прилог - е лудост и опасно за секој слободен човек на Земјата. Тоа мора да го разбере мноштвото или да разлабави напластените догми собрани преку она тајно оружје наречено „традиција“ на македонштината.
Никогаш не е „толку“ кога се работи за старо-еонските религии кои се до толку заглавени во догмата и војна би почнале за еден бог, дури и денес.
Сеуште исламот и христијанството не можат да се договорат околу верувањето и праксите на стариот еон, а ете го еонот помина!
Што прават? Веруваат? Се надеваат? Осудуваат сеуште се и сешто за да опстојат?
Бадијала напор за грст пари!
Ги разубедуваме не во однос на нивното разбирње на светите книги, туку во разубедување да пласираат „вистини“ базирани на верување преку кои осудуваат луѓе какви се и што со нивната иднина според нивни фикс-идеи.
Таков начин на расудување е застапен во многу филозофски и религиски групи, тоа не е ништо ново. Ниту О. Т. О со телема не е имуна на таквиот начин на фрлање "мрежа" иплетена од човечки доживувања каде ивиците се некакво блаженство и некаков пекол... еве да те потсетам.
„Сега доволно е да се каже дека во овој Закон лежи целата иднина: тоа е Законот на Слободата, и оние кои го одбиваат се прогласуваат самите за робови, и како робови ќе бидат оковани и тепани. Тоа е закон на Љубовта, и оние кои ќе го одбијат се прогласуваат себе си да бидат деца на омразата, и нивната омраза ќе се сврти против нив и ќе ги проголта во нејзините бескрајни мачења. Тоа е закон на Животот, и оние кои ќе го одбијат ќе бидат предмет на смртта; и смртта ќе ги фати неподготвени. И нивниот живот ќе биде жива смрт. Тоа е Законот на Светлината, и оние кои ќе го одбијат, според тоа се прават самите мрачни засекогаш.
Завршен цитат.
Значи, каква "мрежа" имаат тие иста таква "мрежа" имате и вие.
И сега што? Ќе се натегате до безсвес кој во што верува или не верува, ќе се тапшате по рамо кој кажал понавредли израз за богот на едниот. Ниски работи кој не ви доликуваат.
Ако веќе сакате да разобличувате поединци и гледате дека тоа не вродува со плод, значи дека треба нешто да менувате во односот (ова важи и за двете страни).