Од кај знаеме дека преговарале за платформата? Преговарале за формирање на влада, како победници на изборите. Можеби и за неа разговарале, не можеш да го спречиш преговарачот да поставува прашања, барања... Изгледа дека ДУИ само како „фарса“ поминале преговори со ВМРО ДПМНЕ, веројатно инструирани да не прифатат влада со победникот.
Мислам дека ако не се дозволува победникот ВМРО ДПМНЕ да прави влада, исто и на „победникот“ ДУИ да не му се дозволи. Не може ДУИ да е во сите варијанти за власт, а македонскиот победник према интересот на ДУИ.
Или, нека се направи нов „непишан“ договор, според кој секој со мнозинство ќе има право на влада, ама тогаш нека не бараат во иднина задолжително да има „албанска“ партија во власта, а најмалку да е „победничка“.