Киелини во првото исти им ја додаде топката пред шеснаесетникот, многу грешки правевме, ама не ме изненадува таква е сезоната.
Инаку 4-2-3-1 формацијата можеби донесе некој резултат(иако имаме најдобар состав, па не е баш до формацијата што победуваме) но нивото на играта и самиот квалитет уште повеќе опаднаа. Течноста во играта и движењето на топката се уште поспори во споредба со првиот дел. Вистинскиот тест ќе го имаме против Барселона, каде што ако поминеме ќе се покаже одличен овој тактички сетап, во спротивно ништо не сме постигнале.