Во кој случај СЈО заборавило некакви си докази за судење ? Кажи ми конкретно име на случајот и кога се случило тоа не пробувај да свртиш на друга тема
Оти гледам многу си информиран што и како се случувало од факинг Филипини или каде и да си..
Инаку нормално дека ќе испитува СЈО за се и сешто кога сегашново ЈО на чело со партискиот потрчко и профитер Зврлевски не работи ништо освен ако не им е дадена наредба од партијата да прочешлаат некој политички противник
Се дискутираше на темава... Ова е од Република, и пред да ми кажеш дека е пропаганда бла бла бла, искрено не ми е гајле, во одсуство на реални медиуми и двете страни трујат со глупости. Ова е прв пат да сум на нивниот сајт, само ради тоа што бараше инфо, не читам портали баш ради тоа, сепак како што знам до сега не е демантирано дека ова се не се случило така да може овде е прегрубо напишано ама факт е дека ете имало циркус... Еве ти го текстот подоле.
Иначе се слагам, слободно нека испитува, нека бара ракети, авиони, фантоми. Има уште некој месец рок а они си играат наместо да се концентрираат на тие случаеви што можат да ги добијат па да видиме некакви резултати. До сега успеаа само да ослободат луѓе осомничени за предаство од суд и да ги поништат случајот против Заев. Тоа се конкретните резултати сега за сега. Ептен неутрално се однесуваат...
http://republika.mk/702356
Без никакви докази Фатиме Фетаи инсистира на запирки во првиот настап за да влезат во официјалниот записник, што предизвикува смеа кај присутната јавност.
Циркусантите од СЈО успеаја да го претворат и скопскиот основен суд во циркус. Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи прикажува класично професионално фијаско со непознавање на процедурите и правилата.
Како почетник изјави дека доказите за кои тврди дека самата ги прибавила не знае дали се истите кои ги поседува судот, од причина што не може да ги спореди,
бидејќи заборавила да ги понесе со себе.
Од друга страна, најмалку трипати беше опемената од судијката за нарушување на јавниот ред и искажување политички квалификации наместо да користи правно издржан речник.
Еве линк и од дневник, во петиот параграф, истото, самата кажала дека заборавила да ги понесе со себе... Циркус
http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=AA8AB8856756E94A93EC4476D7F50E09