Еве ти едно мое, многу наивно и детско мислење, на некој начин и идеалистичко.
Средината која што ја бараш ти е многу едноставна, само што кај нас е невозможна да се постигне.
Не е возможна бидејќи народот кај нас не сака промени, не сака да си ја превземе судбината во своите раце. Народот сака да се расправа чив пастир повеќе ни ебал матер, сака да се пикне во администрација и животот да му биде "клати врата, земај плата". Не го интересира какви криминалии имаат направено Грујо, Заев, Ахмети и остала багра, се додека тие му обезбедат едно мочано работно место.
Кажи дека Грујо треба да одговара за криминалот, ќе се јават од ДПМНЕ со реплика, а зошто Заев да не одговара за неговиот? Кажи го истото за Заев, иста реплика ќе добиеш од СДСМ-овците.
А, зашто бе да не одговараат и двајцата и сите останати нивни придружници?
ШТАМА, нема реплика после ова.
Убаво прашаа пред некоја страна, мислам дека
@Aleksandar91 беше, зошто СДСМ прави влада со ДУИ кога се исти гомна како ДПМНЕ? Никој не му реплицираше од борциве за реформи тука.
Не мора да давам примери подалеку од темава. Активен си на темава и ја следиш од почеток. Не знам дали приметуваш ама ретки се луѓето што сакаат промени. Кога зборам за промени, мислам на вистински промени, без СДСМ и ДПМНЕ. Овде за промена се смета ако падне Грујо и дојде Заев на негово место.
Да сакаше овој народ (не само македонците) некакви реформи одамна ќе беше искочен на улица против СИТЕ што и ебаа матер на државата. Ќе бараа оставки и кривично гонење на сите пастири што ни ебаа мамата, на сите потрчковци на пастирите што имаат еднаков удел во криминалот.
Ама тоа е sci-fi сценарио кај нас, нема ни потреба да пишувам пак зошто е sci-fi.
Да прашаш 1000 луѓе на улица рандом, моментално, "што би направиле доколку би биле на власт"? Па едно 900 ако не и више би ти кажале "хехе, па ќе крадам што можам повеќе, како и сите други, хехе".
TL;DR
Бунт против сите гомнари што ни ебаа матер и поставување на нови луѓе што ако забегуваат како и претходните, ќе ги решиме на ист начин. Само што ова ни во бајка го нема.