Не се рекла казала муабетите туку ги копирав од сајтот на владата, ќе ставам после линк ќе прочитате убаво како на широко си се договориле што да стане законски, а сега глумат патриоти и како демек не ја продаваат државата, ја бранат. Не може еднаш да им смета еднаш не, Заев кажа неколку пати дека нема да менува ништо, ниту може. На пример ако имаше 81 пратеник заедно со Дуи тогаш нека кажеа еве Заев ќе ја продава државата, иако дури ни тогаш немаше да им држи вода муабетот бидејќи нема никакво продавање на државата.
Па зарем Заев до толку е глуп да проба да направи нешто после сите протести. Тоа е само еден очаен обид да се манипулира, за да се спасат. Албанците што гласале за Сдсм не можеме да кажеме дека им е ветено којзнае што, колку што може да се види и кај нив нема некоја желба за војни. Највеќе заради инает на Дуи и вмро Албанците гласаа за Сдсм.
И не знам зошто се има впечаток дека ќе им се даде повеќе од што треба, ќе им се даде тоа што е во уставот повеќе не. Ако излезеше Заев да рече јас ќе го сменам знамето, тогаш во ред одиме на протест сите и готово, а сега зошто да протестирам кога нема ништо да менува. Зарем дојдовме до тоа да ни е поважно ако влезе Албанец во општина Штип на пола саат и да побара преведувач? Смешно е.
Мене ми е битно каде ќе одиме во иднина, а иднината ќе е подобра само ако тие што 10 години краделе одат во затвор.