Смешни сте момак.
Прво, платформата секој Македонец ќе ја осуди, но тоа е најмалку битно, битно е што е прифатено од тоа. Заев излезе на прес и видовме дека ништо од тоа што се трубеше од вмровциве не е прифатено. Значи, ниту ќе треба да учиме Албански, ниту ќе плаќаме по 5000 евра казна, ниту ќе има смена на знаме, грб, химна, ниту пак ќе имаме двојазични банкноти и двојазични униформи, ниту ќе има федерализација. Сето тоа што го трубевте ви паѓа во вода, плус не треба да спомнувам дека за поголем дел од овие работи треба 2/3 мнозинство во Собрание.
Друго, двојазичноста ќе се однесува само за државните институции и ништо повеќе, нешто што го имаме веќе со години во Скопје и во други градови. Значи, нема да има таква двојазичност како што вие мислевте. И ова ви паѓа у вода.
Да бевте прави патриоти ќе излезевте на протести после помилувањето на терористите, после именувањето на Талат за министер за одбрана, после законот за јазици, после поставувањето на двоглавиот орел у Бутел, после поставувањето на двојазични табли таму каде што нема ниту 2% Албанци, и еден куп други работи.
Вие сите до еден протестирате само да си го спасите Груевски, ве заболе вас патлакот за друго.