Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
G

Goldie

Гостин
А зошто, кога веќе биле ископирани разговорите?
Машина кога ќе и помине рокот се уништува, да не сакаш на Pazar3 да ја стават?
"Продавам машина за прислушкување, може замена за Q7 со ваша доплата"
Има фрикови, у право си :)
Како прво се работи за два системи за прислушкување, едниот прекинал со работа во 2009 (а се чувал бидејки има законски правила колку време треба истиот да стои) а другиот си работел се до моментот кога е донесена одлука за брзо уништување кршејки разни процедури и фалсификувајки документи за тоа.

И што си мислиш ти ова со опремата кој кога ќе му текне се уништува, од денес за утре како овие што направиле ?
Во ДБК како прво секоја година се прави попис на кој се попишува дали има застарена опрема за да се уништува таа и таа година..
 
D

Darko_ufo

Гостин
Ја мислам дека го немаат сфатено уште концептот на прислушкување. Изгледа не сфаќаат дека тоа било машина (или повеќе) со скап и моќен хардвер и софтвер, купена за таа намера купени со милиони евра, отпосле уништена (или еден дел). А памтам уште во собрание како се правдаа за донесувањето на закон операторите да им носат линија директно до УБК оти било тоа за фаќање терористи. Имаше од опозиција пратеници кои укажуваа дека со тоа ќе може да снимаат кога сакаат и колку сакаат, може да замислите какви реплики добиле. Не памтам детали, ама сигурно Илија им „плеснал“ нешто колку непатриотски бил нивниот став и опасен за безбедноста на државата. И сѐ тоа нема врска, сите докази и цела здраво логика не е битна, битно е „што, сами се прислушувале, а? хе хе“.

Не знам како си го замислуваат тоа, веројатно дека еден од Груевски и Мијалков морал да седи од другата страна со слушалки, па затоа било „невозможно“.
Слично ко што уставен ги укина кривичните дела за кои претседателот неможе да даде помилувања за кривични дела против избори и гласање, точно темпирано за тој да ги искористи , па вмро глумеа изненаџени и увреѓени од неговата одлука. Ова уште во пократок период, ама се е тоа случајно, да, цел след на настани.

Исто се заборава дека покрај снимките на новинарите им беа давани и документи со извештаи односно нивните разговори прераскажани во кратки црти. Нормално дека Груевски не можел да ги слуша во целост снимките, некој ги обработувал пред тоа. Океј, тоа може да се фејкира лесно ама не е нешто за неверување. А ви текнува како Грујо одма после објавата на снимките шеташе сам и остваруваше „реални проекти“ по селца низ Македонија, а никој околу немаше, ни Ставре ни Гоца не беа во јавност извесен период? Им требаше одреден период дури ги смират страстите за да дојдат до тоа дека нема врска што било, ако сакаат заедно да излезат од гомната ќе им треба уверлива и конзистентна приказна. Па и Миле од копиле му стана фамилија на Ставрески :)


Чисто процедурално, ти текнува на муабетот на Гордана со Чавков за комисијата за надзор во УБК, Тито Петковски мислам дека беше во неа?

МЧ: Така, Комисијата ја водат они.
ГЈ: Да де, ама тоа е тоа. Но ова значи дека они ќе донесат одлука и ќе го известат или министерот или директорот, сега, кого и да го известат. Па ние им кажуваме дојдете тој и тој ден, тогаш.
МЧ: Така.

ГЈ: И нормално, они се мнозинство, ќе дојдат, ќе речат: Ааа, се прислушкува цела држава. Ние ќе речеме не се прислушкува. И толку.
МЧ: Така. Мислам дека може.
ГЈ: И толку ќе биде.


Онака и текнало дека може тоа да речат, не дека она не била уверена дека сѐ е чисто и регуларно. И немој сеа да користиш контра аргумент дека таа би знаела ако самата е прислушувана :) слушнавме колкаво пиунче била, како и сите околу братучедите. Нивно било да потпишуваат и да не прашуваат многу што се купува и што се прави. Знаела дека цела опрема не е купена за џабе, ама сигурно не помислила дека може да отиде дотаму и верните министри кои ги поставил да бидат прислушувани.

Туку што испадна со жолтите комбиња што кружеле низ Скопје, нели имаше докази и ќе имаше транспарентна процедура?
Dobro be ne si sfatil dosega deka Volk nema kapacitet da razbira vakvi raboti? On prisluskuvanje razbira kako na vremeto koga imase dvojni linii pa komsijata mozel da te slusa kako zboris i apropo sega misli deka nema logika Gruevski i Mjalkov da go slusale sekoj razgovor. Znaci covekot nema intelegencija tolku razbira...
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.023
Гледам последниве неколку страници постирате и кажувате кои повеќе им дал на шпоноциве или ќе им дава а пак ги гласате и ќе ги гласате и понатаму.Не ми е јасно стварно.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Гледам последниве неколку страници постирате и кажувате кои повеќе им дал на шпоноциве или ќе им дава а пак ги гласате и ќе ги гласате и понатаму.Не ми е јасно стварно.
Кога се работи за личен интерес нема јасно, нејасно... ;)
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.409
Поени од реакции
7.864
Kризата како шанса?

Ако македонскиот јазик не биде зачуван како единствен официјален јазик на ниво на целата земја, нема да има што ќе нѐ сврзува.

Дали тековната длабока криза може да се сврти во корист на Македонија и, по овие повеќемесечни превривања, дали сѐ уште имаме сили да свртиме нова страница и да градиме подобра иднина? Јас сум оптимист дека секогаш има шанса, иако ситуацијата е навидум безизлезна. Тоа што ми дава надеж е дека мнозинството граѓани од сите етнички заедници во државата се за заеднички живот и градење подобра иднина, колку и да се трудат нашите партиски „лидери" да не поделат и раскараат.

Кои се фактите? Македонија со месеци и години се врти во еден маѓепсан круг кој мора да се прекине. Имено, главен генератор на кризата се партиските лидери кои направија бројни грешки изминатите години, но и трапавиот и недоволно осмислен, стихиен и неплански пристап на „меѓународната“. ВМРО-ДПМНЕ последните години се посвети на приоритети кои, според многу аналитичари и интелектуалци, не беа најважни за земјата, се случија големи корупциски скандали... СДСМ играше на картата на протести и негативна енергија, наместо на позитивното и нудење на подобра алтернатива, а најголемата грешка беше предизборното и постизборното пазарење на нивниот лидер Заев со партиите на албанското малцинство и албанската дијаспора. Со тоа тој ги поттикна националистичките соништа кај македонските Албанци и Албанците во целиот регион кои резултираа со т.н. тиранска платформа која крајно ги затегна односите меѓу двете најголеми етнички заедници во државата - македонскиот народ и албанското малцинство и ја блокира работата на парламентот, изгласувањето на новата влада...

Константа цело ова време е нескриената нетрпеливост и омраза меѓу двајцата лидери Груевски и Заев, односно антагонизмот меѓу приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кој ги поткопува темелите на државата и остава отворена врата за мешање во нашите внатрешни работи. Во претходната колумна повикав на помирување и заеднички став меѓу двете најголеми македонски партии во врска со т.н. тиранска платформа, исто онака како што заеднички став изградија партиите на македонските Албанци. Посебно што оваа платформа не помина кај мнозинското население во државата и е откриена нејзината перфидна идеја и разурнувачка моќ доколку се прифати. За жал, ова помирување сѐ уште не се случило и нема изгледи дали ќе се случи, а е толку потребно во овие кризни моменти.

Доколку партиите што и мислат добро на Македонија се оттргнат од теснопартиските интереси и беспоштедната борба кој да дојде на власт, јас би ги предложил следните чекори за смирување на состојбата и одведување на земјата во помирни води:

1. Факт е дека најголемото малцинство во земјата ужива огромни права и во сите средини во кои македонските Албанци се мнозинство, па дури и во општини во кои нивниот процент е незначителен, постои двојазичност на повеќе нивоа, но и на централно ниво. Мое мислење е дека албанскиот јазик е непознат за поголемиот дел од македонските граѓани и партиите на албанското малцинство треба да предложат нова политика со добронамерен и разумен пристап да се предложи позначително, но доброволно, изучување на албанскиот јазик секаде каде што има простор. Истовремено, овие партии мора да признаат дека во една мала и унитарна, но мултиетничка држава, мора да има еден јазик кој ќе биде мост меѓу сите заедници во државата и јазик на разбирање на сите, а таа улога може да ја има само и само македонскиот јазик, кој го зборуваат најмалку 65% од населението. Затоа нема смисла и е нелогично да се зборува за целосна рамноправност на македонскиот и албанскиот јазик, имајќи ја предвид улогата која македонскиот јазик треба да ја игра во државата. Ако македонскиот јазик не биде зачуван како единствен официјален јазик на ниво на целата земја, нема да има што ќе нѐ сврзува меѓусебно и нема да можеме да комуницираме и поделбите и понатаму ќе се продлабочуваат (освен ако, за жал, токму тоа не е целта на тие што бараат промени и дискусии по ова прашање).

2. Грбот, знамето и химната се работи за кои може да се дискутира, бидејќи сме демократско општество, но како што пишував и претходно, грбот и знамето не се етнички симболи и сонцето, планините и реките не се исклучиви симболи на ниту една заедница во државата, па затоа нема ниту логика да се менуваат во нешто што би ги одразило етничките заедници во државата, бидејќи ќе се постават безброј прашања: дали треба да се стави лавот кој би бил најголем, дали да се стави и орелот и дали тој треба да биде повеќе од дупло помал од лавот, дали орелот треба да го поделиме на два дела, со тоа што левата страна би ја претставувал албанската заедница, а десната страна српската заедница во Македонија, што со симболите на Ромите, Власите, Бошњаците итн? Мислам дека ја сфаќате поентата што би се случило доколку влеземе во ваква дебата. Мое мислење е дека ова не е најважното прашање во државата и дека само ќе произлезат уште поголеми проблеми ако почнеме расправија и по овие прашања и дека сегашните решенија се сосема доволни, често менување на симболите на држава не е добар знак и сугерира непостојаност и привременост (освен ако, за жал, токму тоа не е целта на тие што бараат промени и дискусии по ова прашање).

3. Еднострано извинување за жртвите од наводен геноцид врз Албанците од 1912 до 1956 не може да има, бидејќи ваков геноцид не е научно докажан и е непознат во научните кругови, посебно и што бројот на албанското население на овие простори е неколкукратно зголемен токму во тој период (како е тоа можно ако се работи за „геноцид“?), па така ова прашање треба да се остави настрана, бидејќи повлекува и многу други прашања: дали не треба да се побара извинување и од кого за жртвите на балистите во Втората светска војна? Дали не е сега моментот да се побара извинување од ДУИ како политички наследник на ОНА за жртвите од конфликтот од 2001, посебно на цивилното население, но и на војниците кои настрадаа во овој безумен конфликт?

4. Во Македонија приоритет е запоставената економија, сообраќајната инфраструктура, квалитетот на воздухот во поголемите градови, запоставеноста на помалите градови на сметка на Скопје, лошиот квалитет на образовниот процес и состојбите во здравството, закоченоста на евро-атлантските интеграции... Во наредниот период новата влада треба да се посвети токму на овие прашања кои ги мачат сите граѓани, а не да се расправаме за точките од погоре кои навистина не се приоритет.

5. Бидејќи главен генератор на кризата е борбата за власт и поделбата меѓу партиите, во моментов веројатно не е најпаметно да се распишуваат нови избори, бидејќи поделбата повторно ќе остане, и протестите и несогласувањата ќе продолжат, освен ако не се договориме како ќе продолжиме понатаму.

6. Сите овие заклучоци да се преточат во една македонска платформа зад која ќе застанат сите поголеми партии во земјата, со што ќе покажеме единство и ќе го обединиме народот кој е страшно поделен и огорчен. На тој начин т.н. тиранска платформа ќе биде ставена „ад-акта“, како лош пример како моноетнички платформи може да го нарушат мирот и просперитетот во една повеќеетничка средина. И секако, Месила Дода и сличните на неа под итно да се прогласат за персона нон грата во земјата (што за - „Месила", тоа јадела) колку и да се пенават и беснеат со нивните фашистички изјави.

7. Реализацијата на оваа mакедонска платформа треба да се спроведе од влада на широка коалиција или експертска влада која би била предводена од независен експерт (како во случајот на владата предводена од Никола Кљусев), со што би се оставил простор за внатрепартиски реформи во кои најголемите партии би расчистиле со криминалите, корупциите кои ги пратеа сите овие години и би се оставил простор за избор на нови, чесни, професионални и посветени лидери кои земјата може да ја одведат во нов и позитивен правец. Груевски предолго време беше на власт, видовме колку може и што му се приоритетите и време е да отстапи место на некој друг, а Заев со неговото кокетирање со албанските интереси, нестабилност и недоволно почитување на интересите на мнозинскиот народ во земјава си ја запечати својата политичка иднина. Во ваква констелација тој не може да биде премиер наспроти волјата на мнозинското население во земјата и време е да му се каже "чао", исто како и на бледите и истрошени ликови без трошка национално чувство и самосвест заради кои народот никогаш не може со чиста мисла и совест да гласа за оваа партија.

Само нова и независна влада, широко поддржана од најголемите партии и мнозинството граѓани може да ја извади земјата од криза. Престанете да се надевате на странските политичари, амбасадори и други ликови од типот на Бејли, Ванхојте и сличните на нив, тие единствено што прават е што си тераат нивна агенда за нивни интереси, тие ниту не сакаат ниту сакаат да ни помогнат. Зошто се однесуваме како недораснати и чекаме некој друг да ни ги реши проблемите?

8. Една од првите задачи на новата влада е да покрене иницијатива во Советот за безбедност при ОН за името како безбедносно прашање од најголем приоритет за нашата земја и да се побара, заради уништувачкиот карактер на привремената референца ФИРОМ која не само што е навредлива, туку почна и обилно да користи од сите кои не ѝ мислат добро на земјата (политичари и потпалувачи на огнот не само од Грција, туку и од Албанија, Бугарија, Србија итн), а и дезинтегративната улога која ја игра овој спор за нашата држава и самото опстојување на македонскиот народ и идентитет на Балканот, конечно да се отстрани референцата и да се прифати вистинското име на земјата - Република Македонија, за целокупна употреба (ерга омнес што би рекле Грците), со што конечно ќе се реши 20-годишниот спор и ќе се отстранат причините за грчката отворена агресија врз нас која трае со години (смешно и трагично е што целиот овој период токму Грците нас нѐ обвинуваат за иредентизам и национализам, по стариот принцип - нападот е најдобра одбрана).

9. Истовремено, новата влада ургентно треба да побара Советот за безбедност на ОН да ја осуди т.н. тиранска платформа и да престане мешањето во нашите внатрешни работи од соседните земји, во кое засега предничи Албанија, но да не ги заборавиме и Грција, Бугарија, Косово и Србија.

10. Бидејќи сите релевантни ЕУ и НАТО институции признаваат дека земјата е во криза и се претвора во геополитички проблем, новата влада ургентно да побара од нив веднаш да престанат „со молчење" да поддржуваат платформи и политики кои ја разгоруваат поделбата и омразата во земјата и веднаш да почнат пристапните преговори за влез во ЕУ и земјата по кратка постапка да стане член во НАТО. Само на овој начин меѓународната заедница вистински може да помогне земјата да се оправи, да застане на нозе и да се посвети на вистинските проблеми и приоритети.



Тони Димитровски
http://www.mkd.mk/kolumni/krizata-kako-shansa
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.047
Поени од реакции
16.145
Со ова што го заклучи ти, сакав и на овие неколкумина на темава кои се засекирани за што јазик ќе ни учат децата во иднина да им кажам дека и приватното здравство нема да е јак квалитет за неколку години. Ти сконта еве ама голем дел не размислуваат вака за жал.

Секако дека не се, точно е тоа, Ставриќ отвори приватно, Угриновски знаеме, Лозанче, Адамова се во Систина.
твојот Села бара да се вработува по национален клуч, значи и доктори да начукаат албанци, ама прашањето е дали ќе се лечи по национален клуч или албанците ќе одат кај најдобрите доктори ??
забегавте со политичка пристрасност, не гледате колку им се попушта на албанците..
а околу двојазичноста, зошто албанците сега ја бараат ако им била дадена ?
А знам дека уште далечна 2004, имав бев повикан како сведок на суд за сообраќајна несреќа ( со матерјална штета) каде што мвр беше покренало по службена должност против албанец, па самиот мвр се откажа бидејќи обвинетиот барал албански преведувач ... А сега ќе испадне дека суд нема да може да осуди албанец, ќе бидат над законот, самите ќе бараме федерализација или голема Албанија..
http://www.vest.mk/?ItemID=20654AA7184F0B4EBB76A6E8BA3AFF5B
дали може било каде во свето ттерористи вака да се силат и толку долго да не смее суд да ги осуди ??
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
твојот Села бара да се вработува по национален клуч, значи и доктори да начукаат албанци, ама прашањето е дали ќе се лечи по национален клуч или албанците ќе одат кај најдобрите доктори ??
забегавте со политичка пристрасност, не гледате колку им се попушта на албанците..
а околу двојазичноста, зошто албанците сега ја бараат ако им била дадена ?
А знам дека уште далечна 2004, имав бев повикан како сведок на суд за сообраќајна несреќа ( со матерјална штета) каде што мвр беше покренало по службена должност против албанец, па самиот мвр се откажа бидејќи обвинетиот барал албански преведувач ... А сега ќе испадне дека суд нема да може да осуди албанец, ќе бидат над законот, самите ќе бараме федерализација или голема Албанија..
http://www.vest.mk/?ItemID=20654AA7184F0B4EBB76A6E8BA3AFF5B
дали може било каде во свето ттерористи вака да се силат и толку долго да не смее суд да ги осуди ??
Олку неповрзано истропани ствари одамна немам прочитано. А сообраќајката за која те викнаа во Хрватска била или?

За ова со судењево само не треси глупости, одамна имаат право да побараат преведувач меѓутоа потоа процесот продолжува. Ако ти е точна сторијата (чисто сумњам ама ајде) се откажале зошто братот бил некој вид на Ален Зекиров случај. Значи и други луѓе на темава имаат одено по судови, се тужеле, сведочеле, виделе како е, вакви стории во штаб или пред коперација.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.047
Поени од реакции
16.145
http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=7384EA9EDD4E88459CA2D9F43E1CE0BE
Рамковните услови се промениле ???
http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=50E6487DA72D624BB55BC6C5897F0FFF
очигледно е дека матни се работите и меѓу тие што дале 67 потписи

..едино може овој да не спаси од губење на идентитетот и претварање во граѓански протекторат, но проблемот е што се уште не сме дошле на дневен ред, си имаат дома поголеми проблеми одколку за шака јад од неполни 2 милиони ..
убаво кажуваше подржикоњ, никакви предвремени избори, требаше редовни избори 2018, прво да се стабилизира ситуацијата во уса и еу... ова сега е само непотребна, јалова работа...
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.023
Кога се работи за личен интерес нема јасно, нејасно... ;)
Oд такви лични интереси ја загубивме државата јас разбирам дека такво е времето секој си гледа за себе и својов џеб и гледа да си го зачува лебот ама до волку партиски поделби стварно нз.Многу е лошо шо народов кај нас или е слепо заглавен у партијава или викаат абе мене политика не ме занима не се замарам со тие работи.И двете варијанти се многу лоши и погубни.Многу малку народ мисли со своја глава за тоа сме до овде.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.023
Тоа се вика продадигз...
Утре за 3000 плата кој знае на што ке се сложи....

Sent from my MI+5s using Tapatalk
Работава е дека он е у право 90% од македончето и мајка би продала за 2000е плата а не пак да има двојазичност.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom