concrete
alte Esel
- Член од
- 22 март 2005
- Мислења
- 12.248
- Поени од реакции
- 1.703
....види од твоево кажано заклучувам дека сметаш оти нашите работници се глупи и прости па работата за која не им даваат 15к денари ја вршат за 10к денари и дека власта е крива што не го тера газдата, кој при тоа си прави ќар од 200 к евра, да ги плаќа 15 к денари работниците според владиниот декрет и да го гони наоколу што е толку дрчен и да го казнува за тоа.Тоа може важи за нормални држави но не и тука, кај нас работодавците никогаш нема да ја зголемат платата ако не им се наложи да го направат тоа. Зошто би му давале 15к на работникот кога и со 10к ја врши истата (?) работа, затоа и кај нас имаш газди што си купуваат нови коли од 200к евра додека работниците им зимаат 10к денари и притоа и за тие им касни со платите неколку месеци.
За државата дека не смее да биде најголем работодавец се согласувам, ама кај нас е и како што гледам немаат намера да го променат тоа.
Или се приморани да бидат глупи и прости затоа што нема работа па за да преживеат се нафаќат и да работат за 10к денари и да си ќутат, грицкајќи си муда кога газдата ќе помине покрај нив со џипот од 100к евра , а во него и старлета-слободна уметничка од 50к евра годишно???
Секоја цена па и цената на трудот е предмет на понуда и побарувачка на пазарот на труд и општата економска состојба во дадената економска, а со тоа и политичка целина.. наречена држава. И нашата земја и владата во неа имаат голем проблем со невработеноста. Како и зошто е дојдено до неа сега не дебатираме. Проблемот е евидентен
Значи можеме само да дискутираме дали владата која никако не можеме да ја избереме проба да го намали или потполно реши проблемот и дали нејзините модели на решавање се делотворни или не и што друго може да се направи или не , а притоа да не се продава демагогија, лажна демократија и муда за бубрези.
Нормално и да се укаже на грешките, а и ако има злоупотреба ..тоа да се истражи и казни...и најсурово, ако се докаже на суд.Се друго е џавкање уз кафе на три гуски плус свита.
Или сепак се работи за глуп народ кој лесно се работи ко млад мајмун со многу мали инвестиции во кадар.. Би се кладел дека амбасадорот со тегли на очи , а и другите такви околу него се сигурни во тоа. По однесувањето нивно се познава.