- Член од
- 29 март 2013
- Мислења
- 4.656
- Поени од реакции
- 4.507
Значи Хоноров во глобала е добар, 3г рам, лета...Првпат слушам за тоа дека нови корисници не може на рати. Јас искористив со тоа што сум на магента плус онлајн попустoт ми дојде ко 1 на 10ка. За батеријата на алкателот вистина е дека не е баш издржлива, посебно навечер кога е во мирување ако го оставам на 10% сабајлето исклучен е веќе. Ма да и јас немам баш навика да го ставам на полнач и секој пат ми се исклучува, но ајде... барем брзо стартува не му треба време.
Хуавеј имам користено претходно, сега сестра ми користи и уште 4-5 души што ги знам, уште од прв ден цел се укочува ко нездрав. Сестра ми не знам ни колку пати му правеше фабрички ресет, на другарката што има п9 уште од прв ден и' се исклучува тастетурата, се исклучуваат апликации, закочува, го прифаќаат лудите. Да не го подречам, ама алкателов за таа работа си лизга, проблем си немам. За сега само батеријата што ми смета малку.
Е сега најмногу ме нервира што му вградиле преден блиц а блицот е уствари мизерија, преслаб е и треба на растојание од 10цм пред фаца да го ставиш за да те има на слика. Еден братучед си зеде Самсунг Ј5, и предниот блиц има јачина исто како и задниот, башка то и за нијасна има подобра батерија од мојава а е поевтин и плус то е Самсунг, и тоа ме нервира.
И да, неколку пати ми поткочи, али го растеретив малце од меморијата пошо беше 90% зафатена и сега е супер.