Околу бугарската пропаганда. Дел од таа пропаганда е вистинита. Како може да се величи еден Тодор Александров во Македонија, кој никаде не одел без бугарските амблеми?! Види само што се пееше лани во еден од штабовите на вмро. Тоа ти е патетика на дело.
Јас разбирам да се води националистичка политика, сепак дел од народот на тоа се пали насекаде во светот, но не разбирам да се води политика врз база на грешни политички и историски факти, и повторно дел од народот да се пали на тоа! Знам дека рајата сака “храна“ за експресионирање на негативната енергија која ја шират политичарите преку позитивниот национализам, но ако сакаме општество кое интелектуално ќе ја турка земјата напред, треба да применуваме поинаква политика/тактика, затоа што со таквите прости манипулации, гледаме што може да стори една партија (на која дел од политичкиот врв има завршено само средно образование и тоа на сила), и народот повторно да верува во таа нивна разработена доктрина!