Брат ова ти е класично јачање у празно. Досадни сте веќе со тоа дека се спрема војна, дај боже да не дојде до тоа ама ако дојде ќе ја нема државата, ќе има крвопролевање. Затоа те прашав, кој кого ќе убива? Кој кого ќе тепа? Мајка ми и татко ми мене ќе ме тепаат? Мајка ти и татко ти тебе? Ти брат ти? Он ќе земе пушка? Ќерка ако имаш ќе те упука? Кои се овие филмови што си ги правите бе луѓе, кој ви е проблемот?
Не сум осетил АМА не ја ни посакувам. Јас алудирам на оние кои што не осетиле а ја посакуваат, бараат крвопролевање, бараат чистење од предавниците и не знам што а верувам дека при прво пукање ќе биде „еееееј што сум кревал рака“ или ако треба да се оди во први борбени редови ќе биде „абеееее, морам на работа јас, ќе ме избркаат ако не се појавам у понеделник“. Тоа сакам да ти го објаснам, дека на војна се фураат луѓе кои нит ја осетиле, нит па ја сакаат.
Сум излегувал на протести за работи кои биле очигледни игри на властта, како претходно набројаните. Нит Европа нит САД ги боли цеф за некое девојче Тамара и за здравството во МКД, нит ги боли цеф тоа што бил убиен Нешковски, нит ги боли цеф за тоа што будалите сакаа да воведат екстерно тестирање и на докторски студии. Не сум протестирал јас против прврзаноста на МКД со Европа, пошто знам дека сме нивна марионета, ние сме зависни од нив.
Големи земји се оние земји кои што можат да опстојат сами по себе а не оние кои се во долгови до гуша и зависат од оние другине. Голема земја е Шведска, Исланд, Норвешка од една страна и Грција (пример) од друга страна која и покрај тоа што е задолжена има алиби и гласот и се слуша во Европа. Ние, Македонија, ем сме задолжени ем никој не не' ебе 2% и мораме (доколку сакаме да опстоиме) да ги слушаме оние кои што се појаки од нас, сакале ние или не. Доцна е малку за ултранационализам (пошто ова е тоа и нема допирна точка со патриотизам. Вие со вашите ставови го извртувате поимот патриотизам) и одјебавање на ЕУ. Кога си му ја дал душата на ѓаволот, нема враќање назад, така?