Не е тоа што прашуваш но мое мислење за рог и слични.Би ве замолил за мислење бидејќи сакам да го купам овој лаптоп http://setec.mk/Laptops/Notebooks/ASUS-ROG-G752VY-GC099T-FHD43507 Според тоа што го гледав по нашите продавници овој е најскап. Лаптопов ми е за играње, е сега дали има негде сличен или ист модел на друго место за пониска цена или не? Ги проверив скоро сите веб сајтови на сите поголеми продавници. Исто моментално го има на понуда во Сет ама го нема на лагер. Според рецензиите по интернет моделов е добар, само кај нас го нема моделот со посилна графичка. Сепак 2000 евра не се малку пари па затоа пишувам овде за да видам уште неколку мислења пред да го нарачам.
-Плаќаш огромна разлика во цена за многу мал плус во перформанси. Тие екстра перформанси ги преплатуваш.
-Лаптоп користи далеку послаби делови од десктоп. Ако сакаш перформанси истите пари лупни ги на десктоп.
- Лаптопот, особено поскапите, вртоглаво девалуираат откога ќе ги купиш. Неможеш да го препродадеш. Брзо ќе излезе нов со мн подобри. За разлика од десктоп.
- кога сме кај тоа, инвидија само што презентираше нови пскал графички за лаптоп еднакви 100% како тие за десктоп. Десктоп Гтх 1080 (нема м) за лаптопи! Тоа е колку 4-5 твои 980м. Подобро да почекаш да си купиш таков.
Поздрав