Не знам колку си во тек, ама станува збор за боречка вештина. А во боречките вештини, се е дозволено. Кој рекол дека нема удари? За да научи човек да се брани, мора да научи да напаѓа. Остави што ти кажува интернетот, доктрини и слично. Аикидото како боречка вештина, има два дела: првиот дел е
кихон (односно основни техники) кои ги има насекаде по интернетот и јутуб и
црно аикидо (на јутуб ќе го најдеш како
combat aikido и некои други слични изрази) кое е составен дел на јапонските специјални единици и на полициските единици ширум светот. Штета е што интернетот не покажува нешто повеќе од основни техники, па така луѓето насекаде сметаат дека само полугите и тие акробатски движења само се составен дел од аикидото. Земи го за пример Горан Комазец. Типот покрај аикидо, тренира уште неколку вештини и е машина. Еве ти една негова мала, постара аикидо демонстрација
https://www.youtube.com/watch?v=5rEtgNAvr4I Генерално не сме запознаени со другата страна на аикидото, онаа што опфаќа и напаѓачки елементи, затоа што многу аикидисти во светот го проповедаат само тој кихон дел. И кај нас во Македонија е така, затоа многу е потценето како вештина. Истото го имаше спомнато и мајсторот на семинарот што го посочив погоре: дека аикидото е боречка вештина, а во боречките вештини се е дозволено. За тоа што пиша дека нема борби, да, во право си, нема борби и има многу дебати на таа тема, но ако има борби, тогаш ќе треба да бидат ограничени со правила. Како и да е, генерално, тоа што кај нас секој фејкер со малку јутуб и филмови со тепање станува тренер, тоа е друга дебата (
секоја чест на исклучоци, има и такви кај нас). Баш поради тие таквите, многу боречки вештини се потценети.
[DOUBLEPOST=1488668584][/DOUBLEPOST]
Можеби затоа што на Американците им било страв од Јапонците?