Не би се сложил со повеќето од вас!А и не би можело така да се класифицираат вештините.
Можеби најдобар одговор на тоа прашање која вештина е подобра е да се анализираат клубовите и мајсторите кои ги имаме.
Аикидо немам тренирано никогаш,но еднаш имав чест да гледам еден наш мајстор.Човекот е стварно уникат кај нас.
За кунг фу-то на кое потрошив 4 години од мојот живот можам да кажам дека е добра вештина,но во Македонија барем пред 4-5 години немавме саглам мајстори.Повеќе беа фалбаџии отколку некакви мајстори.
Шират и една голема лага,а таа е дека се вежба т.е тренира традиционален винг-чун.Тоа е голема лага.Напротив таа вештина што се вежба кај нас и во светот е модифицирана,а традиционалното кунг фу се вежба во кинеските манастири,каде луѓето кои ја изучуваат таа вештина престојуваат и по 40 години таму.Тие се под посебен режим на исхрана,без телевизија,без телефони,а за интернет и да не правиме муабет.
Ете тоа е тоа вистинско кунг фу.
Инаку како што разбрав ако си за тепаџија,одбери си кунг фу.Не за друго туку повеќето тренери кај нас беа фраери(барем оние што ги знам)и со таа визија најубаво ќе поминеш.
За аикидото малку потешко,бидејќи тие бараат смирени личности кои ќе живеаат со вештината.
Се разбира сепак има исклучоци