JUVE_Ultras
Ragazzo della piazza
- Член од
- 22 септември 2010
- Мислења
- 2.451
- Поени од реакции
- 3.968
Конте не е повеќе тренер на Јуве и мене како фан на Јуве нит ме засега нит се замарам кај ќе иде понатака,али ете кога веќе ја начнавте темава одговорив пред некоја страна.Значи, јас не ги гледам работите како професионалец, туку како поддржувач и симпатизер на Јувентус. Лично за мене, Конте е една од причините поради која навивам за Јувентус, и нормално нема ниту малку да ми е мило ако го видам како тренира друг клуб во Италија освен Јувентус, а особено ако тој клуб е Интер. Тоа лично мене ќе ми ја смени цела перцепција што ја имам за него. А кога е професионалноста во прашање тогаш е сосема друга работата, и се сложувам.
Посебно тоа ќе се надоврзи на начинот на кој што го напушти Јувентус, тема која е милион пати разлагана на фанклубов. И еве да речеме дека бил во право во `судирот` со Управата, да го тргниме настрана тоа. Според мене тој од почит спрема навивачите и играчите кои гинеа на терен, требаше малце да го направи неговото заминување по-софт, попрофесионално и етички малку. Но како и да е, она што го направи за Јувентус никој не може да му го избрише, тој е еден од најзаслужните за враќањето на Јуве, и се надевам дека кога тогаш пак ќе седне на тренерската клупа на Јуве.
Не реков дека ќе ми е мило ако иде во Интер или било кој друг Италијански клуб,нормално дека сакам да се врати во Јуве некој ден.Али ете и ако отиде нема да го прогласам за предавник и да заборавам све што има направено за Јуве како играч и како тренер.Е сега ако од таа позиција се занесува и курчи нормално дека ќе ја смени сликата што ја имам за него и ќе си плукне на све што има направено во Јуве,али ако е коректен нема што да му се замери.
За тоа како го напушти клубов е правен муабетов и се согласувам дека имаше подобри начини за тоа.
Ете ако си почнал да навиваш ради Конте сигурно знаеш дека и Липи после тој најуспешен период во Јуве од 94-98 кога три пати играше финале во ЛШ едно по друго(еднаш и ја освои ЛШ и три пати Серија А)па отиде во Интер.За после пак да се врати во Јуве,па никој не глеам дека нешто му замерил на Липи,чак што више сите го памтат како најуспешен тренер во поновава историја на Јуве.