Кога упорно ме игнорирате и еден не се најде од крв и месо да ми одговори на моите постови, тогаш уште овај начин остана... групно да ве прозивам!
Во претходен мој пост, објаснав како хронолошки се створи целата оваа ситуација околу платформата, ама пошто некој упорно оди со главата во зид, ајде одново...
7 Јануари 2017 г. - Ден Божиќ, продукт од средбите во Тирана и Приштина испадна заедничка сеалбанска платформа која директно задира во Уставот на РМ.
8 Јануари 2017 г. - Груевски во интервју за Дневник отворено зборува дека нема да ја прифати албанската платформа.
9 Јануари 2017 г. - Ѓорге Иванов му го доделува мандатот на Никола Груевски
Иванов го додели мандатот на Груевски, еден ден покасно, откако Груевски јавно во медиум се заложи дека нема да ја прифати платформата. Заев во истиот случај јавно на говорница соопштуваше дека има позитивен аспект кон албанската платформа, која директно задира во Уставот! Иванов како претседател на РМ е должен да го чува тој Устав заедно со Уставниот суд на РМ.
Прво ајде веста што не испадна точна, туку повеќе беше како навивачки спин, а ТВ Сител е надалеку позната по тоа за кој навива и чија страна завзема. Плус веста дојде од Ивона калаштурата која толку многу чекаше да ја слушни веста и да се ослободи од обвиненијата па дури и сама прогласи коалиција ВМРО-ДУИ, за платформа на ДУИ, а не за албанска платформа...
Кога се протестираше за Талат Џафери, тогашната врхушка на СДСМ во која беа Заев и Шеќеринска очајно се обидуваа да ќарат политички поени, а само 10 години претходно во 2003 г. со добра воља го аболицираа и го назначија за заменик-министер на МВР, Командант Хазби Лика, кој беше првообвинет за масакрот кај Вејце! Откако стана претседател на СДСМ, Зајко во емисија кај Мухамед Зекири изјави дека нема да игра на картите на патриотизмот, па се втурна во авантура за берење албански гласови... и затоа денес сме тука каде што сме! ПС. Вака реагираа медиумите во 2003 г. по повод шурувањето на СДСМ со командатите на ДУИ во МВР.
Грешката на СДСМ не беше само тоа што молчеше туку и тоа што два пати јавно.. првиот пат од седиштето на СДСМ, а вториот од Собранието по средбата со Хан, рече дека има позитивен аспект кон платформата и дека се надева дека и ДПА ќе ја подржи платформата!
Прво, Заев и да сака неможи да смени Устав без 2/3 мнозинство или поточно без пратениците на ВМРО-ДПМНЕ! Целта е да се истурка АНТИ-УСТАВЕН ЗАКОН под ЕУ знаменце, со кој без амандмани и без расправа ќе се прогласи за валиден, а ќе се коси со Уставот.. ЕТЕ ТУКА ЛЕЖИ ЗАЈАКОТ!!! За тој закон под европско знаме добија и отворена подршка од лицемерната ЕУ и нејзината Европска Комисија:
Идиотот Рама, ниту ја направи ниту ја осмисли платформата. Кој ја произведе платформата можиш тука да провериш, подетално...
http://forum.kajgana.com/threads/Политички-случувања-во-Македонија-Генерална-дискусија.82818/page-700#post-7982542
На идиотот Рама му дојде добредојде платформата за политички поени, бидејќи и него пред Влада во Тирана му се поставија шатори и му е случуваат најмасовни протести досега во кои се бара идиотот Рама да се повлечи од функцијата... еве накратко што се случува во Тирана!
Дури и просечниот албански граѓанин свати која е улогата и експериментирањето на Џорџ Сорос на Балканот, само некои запушени мозоци овде кај нас не сакаат и неможат да сватат!!! Повеќе сакаат да му веруваат на СОРОСОИДИТЕ Еди Рама и Зоран Заев... И се молат ден поскоро НАТО да влези со војска во Македонија!
Од гомна во поголеми гомна зацапува кутри Заев... за кој пари да ги враќа, за оние од Телекомот кои Бучковски заедно Муса Џафери и Али Ахмети ги зедоа како провизија од Маѓар Телеком?? Кутри Зајак... класичен дилетант испадна...
Зошто Заев најавената борба против криминалот ја води селективно... и не оди до крај! По формулата за „неселективна“ борба против криминалот на Заев, криминалец=вмровец и обратно, а „пријателите од Тетово“ како што ги нарекуваат во Њујоршките судови, станаа чисти како солза и пожелни идни коалиционери, иако се води процес во кој се обвинети за земање провизија... тоа во Њу Јорк!