Сталкерот
Резидентен космонаут
- Член од
- 5 јуни 2012
- Мислења
- 5.762
- Поени од реакции
- 7.594
За мене најважен сум јас. За македонскиот народ најважен треба да е македонскиот народ. Сите други треба да се споредни. Запознавањето на другите народи со македонската култура и историја се прави преку уметнниците и научните работници на ниво на граѓанин и од страна на дипломатскиот кор на ниво на држава.не треба ТИ да знаеш и македонскиот народ, треба ДРУГИТЕ да го знаат тоа, а тие ДРУГИТЕ ќе го научат со посета на Скопје и гледајќи го Проектот 2014... а ти воопшто не си запознат ниту со таа историја - античка македонска историја, па затоа не можеш ниту да знаеш ниту да коментираш, ниту се трудиш да сватиш тежината на зборот што значи НАРОД, туку си учел туѓа историја односно прашај ги твоите постари што учеле по историја? за македонскиот народ од која година навака?![]()
Срамота е онаа неконцептуализираната калакурница од стиропор и гипс картон да ја споредуваш со достигнувањата (и афирмацијата на земјава која дошла со тие достигнувања) на луѓе како Наумовски, Коџоман, Мартиновски. Не можеш да го споредуваш "Воин на коњ (со фонтана)" со било кое дело на Г. Бајрам. Еден најскромен потег од страна на Манчевски од пред 20 години ја претстави државава пред светот повеќе и подобро од целава бљувотина наречена СК 2014.
Ск 2014 не е македонската историја. СК 2014 е само дел од нечија идеолошка поставка која зема делови од македонската историја и ги претставува на погоден начин за да може да подведува гревчиња и да си ги полни џебовите.