Речиси сите цркви се изградени врз стари пагански светилишта и храмови.
Исус и Богородица се накалемени врз древнита божества. Тоа е во ред ?
М?
Скопје 2014 е далеку и од историја и од туризам, прикажува градби кои никогаш не биле дел од макдонска историја и традиција, прикажува архитектура која не била никогаш Македонска, прикажува дури и ликови кои никогаш не биле Македонци и изградена со материјали кои никогаш не биле традиционално Македонски.
Не може пластика, стиропор и ламарина да бидат барок ни антика. У ствари може али во домови на луѓе кои на зид ставаат слики исечени од опакови од бомбоњери. Барокот а ни Рококо ни Ренесанса ни бројни други стилови не беа присутно овде. Си бевме дел од орјентот, си имавме специфична наша архитектура и од тоа не треба да се срамиме. Некој сметал дека не е доволно добра и убава па решил да со сила залепи барок врз модерна архитектура.
не знам како да почнам да ти објаснам како го доживувам ова,
ќе ти одговорам оти водиме нормална конверзација, па секој си го кажува мислењето без вреѓање што е најчесто на форумов...
1.) ...постар период на македонска историја
ако мислиш за традиционални материјали како етно македонски да би требало да се применат за да се покаже нашата историја, тогаш треба сите објекти да ги изградиме со кал и камен или црвена тула, евентуално дрвени зидови и тремови што не би било во ред во градско подрачје на плоштад и околината, ама тоа држи да се спроведе во етно село или слична специјализирана населба што ќе ја покаже историја од тој период на македонскиот народ на туристот што е гостин за да покажеме дека сме староседелци на овие простори.. .
2).... во уште понов период објектот- Офицерски Дом изграден во 1929 год, кој преставува влез на Скопје во модерна европска архитектура,
ова внатрешноста на Офицерскиот Дом, погледни ги украсените зидови столбови, многуте детали, минјатурни испакнатини и вдлабнатини? ете ти објект од 1929 година кој поради земјотресот се руши. ама повторно се гради со проектот Скопје 2014...
надворешноста на Офицерскиот Дом, со сите карактеристики на многуте столбови, украсени до минијатура сите фасадни делови, со украсена кула со многуте столбови...
факт е дека Офицерскиот дом е дело на Вилијем Баумгартен како познат и стилски изграден руски архитект и претставува објект со нагласен академски пристап во третманот на композицијата, организацијата и декорацијата и овој проект бил нарачан од страна на Министерството на војската и морнарицата, заради концентрацијата на општествениот живот на воената елита на Скопје и околината...да не ги опишам и околните објекти кои беа во центарот на Скопје во тој стил што се гледа на ова стара фотографија...
значи овој дел од македонската историја ќе се реализира во проектот Скопје 2014, на исто место со иста градба и стил но градено во друго време, но поентата е дека ова е историја и на туристот ќе се раскаже (еве јас ќе бидам туристички водич како во Виена како ми даваше пример) дека ова е Офицерски Дом граден така, рушен онака и пак изграден вака....

Македонски народен театар тогаш...1915 год
сега проект Скопје 2014
реновиран Македонски народен театар 1915 год
ентериер на Македонски народен театар, не се гледаат баш изразените зидови, столбови украси и видливи минјатурни вдлабнатини и испакнатини во далечНА 1915 год...
нели, се руши театарот ама еве го пак се изгради со проектот Скопје 2014, тука има своја историја македонскиот народ што некој сака да го негира или едноставно не сака да го има, ама тоа е тоа минатото е пипливо со фотографии...
2.) ...понов период на македонската историја тогаш Скопје требаше да остане како што си беше во екс Југославија со обични повоени градби и објекти што на туристите баш не би ги интересирале такви градби за да ја кажеме историјата што е повоена и поклонета од Ј.Б.Тито како република и тука не ни се гледа дека имаме некое минато и етикета за стар народ во овие простории (ќе речат овие се дојдени највероватно во поново време овде, па затоа имаат и такви градби), а старите амами и други објекти од Отоманско време само ќе го дополнат дека имаме стари градби( макар и реновирани) ама од туѓо поробено влијание што не ни ја укажува македонштината , мислење на еден турист???
и сега на крај ќе кажам дека можеби некои архитектонски експерт укажа дека вакви градби со многу украси, столбови со испакнати орнаменти, со истакнати минијатури и пренагласени детали се всушност објекти кои почнале да се градат во Европа во 15-16 век и е карактеристика на правецот наречен - БАРОК !
Да можеби, но ете јас ќе кажам дека може да биде и друг архитектонски стил кој следи после времето на барок во 18/19 век - наречен НЕОКЛАСИЦИЗАМ (што пази ваму, од каде иде суштината на ова што го пишувам) преставува архитектонски стил од неокласичнотот движење што форма и стил ПРОИЗЛЕГУВА ОД АРХИТЕКТУРАТА НА АНТИКАТА желба за прочистување на римската и старогрчката уметност...
овој општо прифатен поим Барок за проектот Скопје 2014 е погрешен избран ( кој е избран за полесно објаснување а фактички е неокласицизам)
Неокласичната архитектура сеуште се дизајнирана денес и да се каже дека е применлива како новокласична архитектура за современи згради во многу држави ВО СВЕТОТ -ТАКА И КАЈ НАС...
3.) ..најстар период, корени од античка Македонија
и најважното да кажам ЗОШТО неокласицизам и Проектот Скопје 2014 ?
затоа што,
ИНТЕНЦИЈА БЕШЕ и Е на Проектот Скопје 2014, да се нагласи античкиот карактер на македонскиот народ (кој грците сакаат да го монополизираат- а реално ТИЕ СЕ УНИВЕРЗАЛНИ ВРЕДНОСТИ на цел свет, би рекла) и во понова историја на татково, мое, твое учење, не се потенцираше ниту се учело за овој антички карактер на македонскиот народ, туку се потенцираше славјанскиот карактер на македонците кој е од понов датум на историјата на Македонија...
Државотворен народ е народ со долга и богата култура и историја и со овој Проект на Скопје 2014 ќе му кажеме на светот дека влечиме корени од античко време, дека сме едни од најстарите народи со право на своја држава, а побивајќи ги тие што не етикетира како народ и држава како творевина на Тито !
и по инерција на нештата ќе речат штом од време на Тито овој народ доби самостојност, република и држава односно постојат, тогаш ова парче земја е на некој друг народ што живеел овде од мнооогу историски порано!!!
кој разбра -разбра ! кој не или тера инат или ќе научи, само да не биде прекасно !