Ротвајлер

Член од
29 ноември 2014
Мислења
118
Поени од реакции
157
Мојава лично е буцкеста и набиена и релативно голема. Мајка и па беше машала голема висока, кога ќе седне мислиш ти вика сеа ти ибав мамата. Незнам да ти одговорам искрено што им е целта на мајсторите, ама како и да е колку и да изгледаат страшни за мене се најголеми зајци на светот. Помирно куче во живот немам чувано.
 
Член од
8 јануари 2015
Мислења
150
Поени од реакции
43
Се бара машки ротвајлер за парење да има педигре
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.517
Моето прво куче беше Ротвајлер женка. Мислам дека најпаметната раса што сум ја сретнал во животов. Многу се врзуваат за газдата и без него не можат. Јас сум човек кој сака животни па кога бев помал ми дозволуваше самото куче да го гњавам и сетоа тоа без да ми залае или зааржи.

За жал умре, татко ми го немаше парено.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.517
Умрело бидејќи не било парено или ти е жал што не сте имале потомство?
Не ми текнува точно од што умре, ми имаше кажано татко ми ама сум заборавил.

Татко ми беше најмногу ангажиран за да го шета, дава храна, бања. Жал ми е што не беше парено, а татко ми ради големи обвраки избегнуваше да му најде партнер за парење. Ако не е на време после веќе е касно .
 
Последно уредено:
Член од
2 февруари 2011
Мислења
65
Поени од реакции
15
Моето има 3 месеци.. Премногу алчно и нонстоп гладно.. Мислам од што е толку гладно и алчно нема никогаш ништо да го научам. Тврдоглаво и слуша само кога јадење треба да му се даде онака маки теглање. До сега сум имал 3 кучиња али ова е нешто невидено за мене. Некое советче така додека е време да научи барем нешто.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.855
FB_20171228_18_13_31_Saved_Picture.jpg
Тоа е тоа во Ротвајлерот тажно, што го унаказија кинолози луди... Не правам пародија на Цреша од Тоше :D стварно е за греота ова што се случува во последниве години.
 
Член од
8 јануари 2015
Мислења
150
Поени од реакции
43
Член од
10 февруари 2010
Мислења
819
Поени од реакции
290
Ќе почнам со негативните страни, за да не се сфати постов пристрасно.

Иначе одамна се спремам да отворам тема за ротвајлер, само никако да се седнам и да преведам све, така да Пепа (y).

Ако сакате чист дом- не земајте ротвајлер. Кучево се митаааариииии!!!! Толку многу крзно, поради дуплата длака, едноставно не се искача на крај, го има на секаде. Фурминатори, четки, ракавици... уште депилатор не сум пробала, ма да сум сигурна дека и тогаш ќе има влакна по дома:нинџ: А во периодот на митарење- ќе сакате да си го напуштите сопствениот дом!

Ако имате слаб желудник- не земајте ротвајлер. Се лигаваааат! И тоа многу се лигават! Спуштената долна муцка кај сите кучиња значи лигавење. И ротвајлерот ја има таа муцка. Летно време/топло време.... лиги на сите страни. Лиги на кучето, лиги на вас, лиги на телевизорот, лиги на ѕидовите, лиги на креветите, лиги на маса, лиги на компјутер... лиги, лиги, лиги... на сите страни.

Ако имате осетлив нос- дефинитивно не сте за ротвајлер. Кучево прди, ждрига, бљуцка, смрди (дуплата длака во зимски период- хорор). А не можете да го бањате премногу често. На тој начин смрди уште повеќе (или ќе си се брцка у говна, за да се испарфемише(n))

Ако имате одреден помал буџет- пак не сте за ротвајлер. Кучево има генетски проблем, од прекумерно парење страда од слаби коски. Имаат доста нежен дигестивен систем, а женките се склони кон прехлада, што значи големи проблеми со матка, што води кон големи ветеринарни трошоци. Бидете спремни за тоа. Исто така, склони се кон прејадување. Што значи кучево јаде као лудо, само гледајте да не го прејадете. Воедно, за да ја задржи својата фул снага, му треба поквалитетна исхрана. Леб не доаѓа у предвив, повеќе прдат само. Поради тоа што сакаат премногу да јадат, познато е дека знаат да јадат и предмети- пак трошок на ветеринар (мојава до сега само капачиња од јогурт и кисело млеко изела, ништо поголемо:cuc:).

Ако сакате куче кое ќе ве занимава со правење глупости, трчкање по дома, играње само по себе воедно само да си ја потроши вишокот енергија- не сте за ротвајлер. После булдогот, најмрзливо куче е ротвајлерот. Ако сакате да прави нешто, ќе морате многу добро да го мотивирате (најчесто- скоро секогаш тоа е храна), а воедно и да партиципирате во активностите. Не е куче кое ќе си шетка само, не е куче кое што ќе си трчка и игра само, ако вие седите, ротвајлерот ќе седи и одмара до вас. Што значи, за да ја потрошите неговата енергија, ќе мора да ја потрошите и вашата- а ротвајлерот имааааа енергијаааа! Најдобар начин за изморување е точак или трчање со кучето. Иначе да, знаат да трчаат и по топчиња... 2 до 3 пати и ќе си легнат после тоа, да одморат, нели... Да генерализирам- за ова куче да биде среќно, треба да има доста активен сопственик, иако расата како раса е доста пасивна (дома е дел од мебелот), спаѓа во работен тип на кучиња на кое континуирано треба да му задавате задачи да работи, во спротивно имате доста деструктивно и несреќно куче, кое може да (и ќе) развие агресивност. Агресивен ротвајлер= несреќен ротвајлер, simple as that!

Aко не се сметате себеси за доминантен карактер- не сте за ротвајлер. Кучето е моќно, и верувајте, свесно е за својот капацитет. Бидете спремни за редовен двобој (фигуративно кажано), зашто ова куче редовно ќе ја тестира вашата улога како лидер- редовно! Еден пропуст, ви го превзел тронот- the king in the caste arrived! Во глутница од кучиња, секогаш сакаат да го држат тронот, едно куче да проба да ги доминира= проблем. Затоа се препорачува доста активна и рана социјализација, изложување на мали и големи кучиња воедно мачки и други животињи, од најрана возраст. Исто така, на ротвајлерот треба премногу добро да му биде јасен (како ден) вашиот начин на живот. Со кого се дружите, кој може да влезе дома, со кого како треба да се однесува и етц. По природа се доста скептични во однос на непознати луѓе, затоа социјализација со луѓе it is a MUST! Освен, ако главната улога во вашиот живот му е да биде чувар (што е доста истакнато кај нив), да пробувате да ги одучите од штитење на сопственикот и домот- mission impossible. Затоа мора да го знаат премногу убаво вашиот начин на живот.- во кои ситуации треба да реагира, во кои не треба.

Ако планирате да чувате куче за да биде уште еден орнамент во вашиот двор- ондак не сте за ротвајлер. Ова е куче кое што сака да биде цело време со вас, влегувате во спална- он е со вас, готвите во кујна-он е со вас, идете во вц-хм... зависи од вас кај ќе биде кучето:D едноставно цело време сака да биде до вас и ќе ве следи буквално насекаде. Земете во предвид дека се премногу чопорски ориентирани кучиња и нивна главна цел и работа е да го штитат сопственикот, независно дали тоа значи и животот да го дадат за вас. Иако доста често гледаме ротвајлери затворени во боксови- тоа не е начин да се чува ова куче. Тоа е и причината зашто овие кучиња ја имаат репутацијата на агресивни кучиња, едноставно се фрустрираат од премалку внимание посветено на нив. А се доста захтевни за внимание. Затоа гледаме и ротвајлери кои лаат како луди, што во природа на кучето не е да биде лаач. Природниот карактер на ова куче е премногу изразитата смиреност. Смирен ротвајлер-среќен ротвајлер.

Ако мислите дека можете да се носите со сите негативни страни на ротвајлерот- ондак сте човек роден за да чува ротвајлер. Погледнете прво дали некое куче се подарува, па можете да го вдомите. Ако нема во моментот куче кое што се подарува, купувајте доста внимателно од добар и проверен одгледувач кој им го посветил вистинското внимание на кутрињата од најмала возраст, односно изложеност на непознати звучи, луѓе, предмети...

Прегледај го приврзокот 90714

Мислам дека опфатив све. Ако нешто ми притекне, ќе го едитирам постов.[DOUBLEPOST=1398514784][/DOUBLEPOST]Прегледај го приврзокот 90716
Прегледај го приврзокот 90717
Прегледај го приврзокот 90718
Прегледај го приврзокот 90719
Прегледај го приврзокот 90720
Прегледај го приврзокот 90721
Прегледај го приврзокот 90722
Прегледај го приврзокот 90723
Прегледај го приврзокот 90724
одличен пост, одличен
 

Kajgana Shop

На врв Bottom