Ротвајлер

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Секоја недела планираме да Ви представиме по една раса, како од кучкарскиот свет, така и од светот на мачките. Во прво време темата ќе биде во главниот потфорум, а по недела дена ќе ја преместиме во потфорумот Кучиња. Како прва раса Ви ја представувам Ротвајлер.

Интересен податок: Rottweilers drool and fart—a lot. :icon_mrgr:

Стандардот за него:
Потекло: Германија.
Дата на издавањето на оригиналниот валиден стандард: 06.04.2000.
Намена: Пес за дружба, работно куче.

Општ изглед: Ротвајлерот е средно кон големо куче, здрав пес, не е тежок и не е лесен. Неговите правилни пропорции, компактна и моќна градба упатува на заклучок на голема сила, флексибилност и издржливост.

Однесување: Добродушен, спокоен со деца, многу посветен, послушен и со желба за работа. Неговиот изглед е природен, неговото однесување самоуверено, стабилно и е бестрашен. Тој реагира на неговата околина со голема будност.

Глава:
Череп: Средна должина, широк меѓу ушите. Челната линија е средно заоблена кога се гледа од страна. Окципиталната ( тилната) коска е добро развиена без да упаѓа во очи.
Стоп: Добро дефиниран.
Фацијален регион:
Нос: Добро развиен, со релативно широки ноздри, секогаш црн.
Муцка: Личниот дел не треба да биде ниту издолжен, ниту краток во споредба со кранијалниот регион.
Усни: Црни.
Вилици/Заби: Горната и долната вилица се силни и широки. Силно и комплетно забало од 42 заба , со маказаст загриз, горните секачи тесно се преклопуваат со долните секачи.
Образи: Зигоматичниот лак е изразен.
Очи: Средна големина, во облик на бадем, темно кафеава боја.
Уши: Средна големина, триаглести, широки и високо поставени.
Врат: Силен, мускулест, благо заоблен, без гуша.

Тело:
Грб: Прав и силен.
Појасот: Краток, силен и длабок.
Стомах: Слабините не се подигнати.
Гради: Пространи, широки и длабоки ( околу 50% од висината на рамениците), со добро развиени предгради и добро заоблени ребра.
Опашка: Во природна состојба, во степен на продолжувањето на горната линија; кога е спокоен може да виси.

Екстремитети:
Предни:
Гледано однапред, предните нозе се исправени и не се многу приближени една кон друга. Подлактицата, гледана од страна е исправена и вертикална. Наклонот на лопатката е 45 степени наспрема хоризонталата.
Рамења: Добро поставени наназад.
Подлактици: Силно развиени и мускулести.
Дошапје: Нешто еластични, силни, не стрмни.
Шепи: Тркалезни, тесни и добро заоблени; цврсти перничиња; кратки нокти, црни и силни.

Задни: Гледано однапред, задните нозе се исправени и не се многу приближени една кон друга.
Бедро: средна должина, широко и мускулесто.
Скочен зглоб(дошапје) : Жилави, добро аглувани и не стрмни.
Шепи: Малку подолги од предните нозе. Прсти силна и цврсти.
Движење: Ротвајлерот е куче во кас. Во движење на грбот останува цврст и релативно стабилен. Движење хармоничено, стабилно, полно со енергија и неограничено, со добар чекор.

Кожа: Kожа на главата: затегната. Кога кучето предупредува , на чело може да биде малку збрчкано.

Крзно: Крзното се состои од длакно и подвлакно. Влакното е срена должина, грубо, густо и рамно. Подвлакното не треба да се покажува преку влакното. Влакното е малку подолго на задните нозе.

Боја: Црна, со јасно дефинирани ознаки на богат тен на образите, муцката, грлото, градите и нозете, како и над двете очи и под основата на опашката.

Висина и тежина:

Висина до гребенот: За мажјаци е 61 - 68 cm.
61 - 62 cm е мал; 63 - 64 cm средна висина;
65 - 66 cm е голем – коректна висина; 67 - 68 cm многу високо.
Тежина : 50 kg.

Висина до гребенот: за женки е 56 - 63 cm.
56 - 57 cm is малку; 58 - 59 cm средна висина;
60 - 61 cm е голем – коректна висина; 62 - 63 cm многу високо.
Тежина : Околу 42 kg.

Грешки: Секое отстапување од горенаведеното се смета за грешка и се зема во обзир во зависност од интензитетот на отстапувањето.
• Општ изглед: Светол, слаб и долгоног изглед. Слаби коски и мускули;
• Глава: Тип на глава како ловечко куче. Тесна, слаба, премногу кратка, долга или груба глава. Рамно чело ( недостаток на стоп или премалку стоп);
• Личен дел: Долга или широка муцка, разделен нос, Римски нос (конвексен назален мост), блед или точкаст нос;
• Усни: Висечки, розеви или нерамномерни, аголот на усните видлив;
• Вилица: Тесна долна вилица;
• Загриз: Клештовиден загриз.;
• Бузи: Силно испакнати;
• Очи: Светли, длабоко поставени;
• Уши: Ниско поставени, тешки, долги, лабави или извртени наопаку;
• Врат:Премногу долг, тенок, недостасува мускулатура. Гуша или испакнат грклан;
• Тело: Премногу долго, премногу кратко или претесно;
• Грб: Премногу долг, слаб, седлест грб;
• Опашка: Поставена премногу високо или премногу ниско;
• Предни нозе: Тесни или криви предни нозе. Стрмна поставеност на рамото. Лабави или надвор од лактот. Премногу долги, премногу кратки. Слабо или стрмно дошапје. Премногу рамни или со премногу заоблени прсти;
• Задни нозе: Рамни бутови, скочните зглобови премногу блиску, кравји став. Зглобовите со премалку или премногуаглување. Чорапи;
• Кожа: Брчки на глава;
• Крзно: Меко, премногу кратко или премногу долго. Брановидно влакно, недостаток на подвлакно;
• Боја: Ознаки на погрешна боја, не се јасно дефинирани. Ознаки, кои се премногу раширени;

Елиминациони грешки:
• Однесување: вознемирени, срамежливи, кукавички, плашливи од пиштол, злобни, претерано очигледно нервозени примероци;
• Општо: Различни пресврт на сексуален тип, односно феминизирани мажјаци и машкасти женки.
• Забало: Пред или подгриз; недостиг на секачки еден заб, еден кучешки, еден premolar (преткатник) или еден молар.
• Очи: Entropion, ectropion, жолти очи, различно обоени очи.
• Опашка: Ринг-опашка, со силни латерални отстапувања.
• Коса: Дефинитивно долга или брановидна.
• Боја: кучиња, кои не покажуваат типичен Rottweiler
обојување на црн тен со ознаки. Бели ознаки.

Мажјаците мора да имаат два очигледно развиени тестиси спуштени во скротумот...

Би ја повикала @ZeenaK9 како горд сопственик на оваа раса да ни напише нешто повеќе во врска со карактерот, начинот на чување, грижа, интересни факти итн.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Ќе почнам со негативните страни, за да не се сфати постов пристрасно.

Иначе одамна се спремам да отворам тема за ротвајлер, само никако да се седнам и да преведам све, така да Пепа (y).

Ако сакате чист дом- не земајте ротвајлер. Кучево се митаааариииии!!!! Толку многу крзно, поради дуплата длака, едноставно не се искача на крај, го има на секаде. Фурминатори, четки, ракавици... уште депилатор не сум пробала, ма да сум сигурна дека и тогаш ќе има влакна по дома:нинџ: А во периодот на митарење- ќе сакате да си го напуштите сопствениот дом!

Ако имате слаб желудник- не земајте ротвајлер. Се лигаваааат! И тоа многу се лигават! Спуштената долна муцка кај сите кучиња значи лигавење. И ротвајлерот ја има таа муцка. Летно време/топло време.... лиги на сите страни. Лиги на кучето, лиги на вас, лиги на телевизорот, лиги на ѕидовите, лиги на креветите, лиги на маса, лиги на компјутер... лиги, лиги, лиги... на сите страни.

Ако имате осетлив нос- дефинитивно не сте за ротвајлер. Кучево прди, ждрига, бљуцка, смрди (дуплата длака во зимски период- хорор). А не можете да го бањате премногу често. На тој начин смрди уште повеќе (или ќе си се брцка у говна, за да се испарфемише(n))

Ако имате одреден помал буџет- пак не сте за ротвајлер. Кучево има генетски проблем, од прекумерно парење страда од слаби коски. Имаат доста нежен дигестивен систем, а женките се склони кон прехлада, што значи големи проблеми со матка, што води кон големи ветеринарни трошоци. Бидете спремни за тоа. Исто така, склони се кон прејадување. Што значи кучево јаде као лудо, само гледајте да не го прејадете. Воедно, за да ја задржи својата фул снага, му треба поквалитетна исхрана. Леб не доаѓа у предвив, повеќе прдат само. Поради тоа што сакаат премногу да јадат, познато е дека знаат да јадат и предмети- пак трошок на ветеринар (мојава до сега само капачиња од јогурт и кисело млеко изела, ништо поголемо:cuc:).

Ако сакате куче кое ќе ве занимава со правење глупости, трчкање по дома, играње само по себе воедно само да си ја потроши вишокот енергија- не сте за ротвајлер. После булдогот, најмрзливо куче е ротвајлерот. Ако сакате да прави нешто, ќе морате многу добро да го мотивирате (најчесто- скоро секогаш тоа е храна), а воедно и да партиципирате во активностите. Не е куче кое ќе си шетка само, не е куче кое што ќе си трчка и игра само, ако вие седите, ротвајлерот ќе седи и одмара до вас. Што значи, за да ја потрошите неговата енергија, ќе мора да ја потрошите и вашата- а ротвајлерот имааааа енергијаааа! Најдобар начин за изморување е точак или трчање со кучето. Иначе да, знаат да трчаат и по топчиња... 2 до 3 пати и ќе си легнат после тоа, да одморат, нели... Да генерализирам- за ова куче да биде среќно, треба да има доста активен сопственик, иако расата како раса е доста пасивна (дома е дел од мебелот), спаѓа во работен тип на кучиња на кое континуирано треба да му задавате задачи да работи, во спротивно имате доста деструктивно и несреќно куче, кое може да (и ќе) развие агресивност. Агресивен ротвајлер= несреќен ротвајлер, simple as that!

Aко не се сметате себеси за доминантен карактер- не сте за ротвајлер. Кучето е моќно, и верувајте, свесно е за својот капацитет. Бидете спремни за редовен двобој (фигуративно кажано), зашто ова куче редовно ќе ја тестира вашата улога како лидер- редовно! Еден пропуст, ви го превзел тронот- the king in the caste arrived! Во глутница од кучиња, секогаш сакаат да го држат тронот, едно куче да проба да ги доминира= проблем. Затоа се препорачува доста активна и рана социјализација, изложување на мали и големи кучиња воедно мачки и други животињи, од најрана возраст. Исто така, на ротвајлерот треба премногу добро да му биде јасен (како ден) вашиот начин на живот. Со кого се дружите, кој може да влезе дома, со кого како треба да се однесува и етц. По природа се доста скептични во однос на непознати луѓе, затоа социјализација со луѓе it is a MUST! Освен, ако главната улога во вашиот живот му е да биде чувар (што е доста истакнато кај нив), да пробувате да ги одучите од штитење на сопственикот и домот- mission impossible. Затоа мора да го знаат премногу убаво вашиот начин на живот.- во кои ситуации треба да реагира, во кои не треба.

Ако планирате да чувате куче за да биде уште еден орнамент во вашиот двор- ондак не сте за ротвајлер. Ова е куче кое што сака да биде цело време со вас, влегувате во спална- он е со вас, готвите во кујна-он е со вас, идете во вц-хм... зависи од вас кај ќе биде кучето:D едноставно цело време сака да биде до вас и ќе ве следи буквално насекаде. Земете во предвид дека се премногу чопорски ориентирани кучиња и нивна главна цел и работа е да го штитат сопственикот, независно дали тоа значи и животот да го дадат за вас. Иако доста често гледаме ротвајлери затворени во боксови- тоа не е начин да се чува ова куче. Тоа е и причината зашто овие кучиња ја имаат репутацијата на агресивни кучиња, едноставно се фрустрираат од премалку внимание посветено на нив. А се доста захтевни за внимание. Затоа гледаме и ротвајлери кои лаат како луди, што во природа на кучето не е да биде лаач. Природниот карактер на ова куче е премногу изразитата смиреност. Смирен ротвајлер-среќен ротвајлер.

Ако мислите дека можете да се носите со сите негативни страни на ротвајлерот- ондак сте човек роден за да чува ротвајлер. Погледнете прво дали некое куче се подарува, па можете да го вдомите. Ако нема во моментот куче кое што се подарува, купувајте доста внимателно од добар и проверен одгледувач кој им го посветил вистинското внимание на кутрињата од најмала возраст, односно изложеност на непознати звучи, луѓе, предмети...

e85af3bc58735c2ccd0be6071b47e16d.jpg

Мислам дека опфатив све. Ако нешто ми притекне, ќе го едитирам постов.[DOUBLEPOST=1398514784][/DOUBLEPOST] 183320_4167279594265_1434355777_n.jpg
374953_2402483435464_159788965_n.jpg
375605_2402489795623_1558530726_n.jpg
417716_3197678994856_33863514_n.jpg
424466_3197670914654_422616929_n.jpg
1381435_10201521818121309_1080452028_n.jpg
1545687_10202127578584942_609045969_n.jpg
1549448_10202715267916808_3363150781011128054_n.jpg
10291808_10202804413545393_7061042807811937139_n.jpg
 
Последно уредено:

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923

Мислам дека опфатив све. Ако нешто ми притекне, ќе го едитирам постов.
Не сум знаела за дуплата длака, иако чувавме ние кога јас бев помала (прво кај нас у стан, после кај баба, зашто двор имаше) :D Ама не памтам да до толку се има митарено. Иако мислам дека баба ми секој ден ја четкаше :D И воопшто не се лигавеше нашата.

За прдењето и смрдењето, да :D Иако кога ќе ги споредиш со Питбулите, вода може да им носат :pos:

За буџетот исто се согласувам. Нашата Кора, живееше до кај 11 години мислам, и при крајот многу имаше проблеми со одењето. Веројатно тоа до коските, незнам точно што беше. И желудникот и беше доста осетлив и знаеше да поврати од време на време.

Е сега, знам дека секое куче треба да се шета и да троши енергија. Нормално е тоа. Ниедно куче не сака да иде затворено дома. Ама, дека му треба активен сопственик.... Добро е да го има да, меѓутоа ете баба ми и не беше нешто многу активна, па Кора пак беше среќна. Сигурна сум дека дворот помогна, и колку што се сеќавам баба ми ја шеташе и надвор, ама не беше тоа којзнае колку. И не беше деструктивна (освен како мала кога ни ја донесоа, кога и растеа забите), нити пак агресивна.
За тоа колку се игриви, не зависи од карактерот на кучето?

Дефинитивно голем чувар е. Многу луѓе од населбата не ја сакаа зашто мислеа ќе ги изеде, ама према тие што ги знаеше, ко маче беше :love: Само да се гали. И со секого во фамилија кај нас различно се понашаше. Баба ми беше законот, што ќе каже она тоа. Со брат ми немаше нешто многу трпение, стално му бегаше зашто брат ми знаеше многу досаден да биде и да ја гњави :D Јас стално си се мазев со неа и многу ме сакаше. Дури и кога татко ми као демек ќе ме удреше по газ (си ја удираше неговата рака уствари, ама праше да пукне, за да се слушне), идеше и го буткаше прво, па ако продолжи татко ми, му ја зимаше раката во уста, без да го повреди, нормално, само да го сопре :D

Дефинитивно не се за орнаменти во двор, иако ако мене ме прашаш, ниедно куче не е. Не дека сите сакаат да бидат одма до сопственикот, ама дека некое куче не сака да биде со сопственикот во ниедно време од денот, тешко.
Исто така, социјализација треба за секое куче.

И да надополнам. Многу се интелигентни и сакаат да го задоволат сопственикот. Што значи лесно се тренираат, ако знаеш што правиш нормално. И МОРА да се тренираат уште од многу мали.

Морам и еден пример да кажам тука.
Пријатели наши земале Ротвајлер кученце откако им се родило детето. Значи кучево со детето уште од многу мало, и врската им станала многу цврста. И кога детево дошло во тинејџерски години и почнало да се бунтува дома нели (како и сите ние) и сакало да излага до покасно и слично, родителиве не смееле да му викнат никако, зашто кучево премногу било заштитнички поставено према детево. Сите разговори морале да бидат со смирен тон (од нивна страна) :D

Дефинитивно пак би чувала Ротвајлер. Многу супер кучиња се :love: Само што не сум нешто премногу доминантен карактер, имам навика да попуштам многу :noze: Среќа партнерот ми е доста доминантен со кучиња и има искуство повеќе од мене, па имам од кој да учам :P

П.С. Жал ми е што немам слика од Кора да ви покажам :place: Надворешниот хард диск кај што ми се сликите ми умре...
 
За игриви, не е дека не можеш да ги заиграш, нормално можеш, али сами по себе тоа го прават само во лудост-малдост и толку. За после им треба мотивација :D Ма да кучкава моја откако ја стерилизирав живна малце, и покрај тоа што сите ми кажуваа дека ќе се смири уште повеќе.
За активноста- дефинитивно им е потребна, склони се кон дебелеење а спаѓаат и во работни типови на кучиња, што значи им треба работа... и тоа многу!
За агресивноста, не постои генерално правило. Ротвајлерите се доминантна раса, па лошо лидерство или никакви лидерство може да доведе до агресија. Но, ете ти кажа дека бабати била закон у кучи, што значи кучето имало лидер иако не ги добивало секојневните прошетки. Сигурно наоѓала начин у двор како да потроши енергија (иако чисто сумњам, сигурно одмарала 90% од времето:D).
За секога раса постои некоја генерална слика за однесување, но тоа не значи дека сите кучиња се идентични. Сите кучиња се воспитуваат на различен начин, со различен пристап, а сепак и нивниот карактер игра голема улога, што значи дека не сите по дифолт се исти.
За социјализација, да потребна е за секое куче, тоа е факт, но социјализацијата кај работните раси е повеќе од потребна, а ротвајлерот спаѓа во таа група. Сепак моќноста на ова куче не може да се спореди со моќноста на пинч, да се разбереме.
За блискоста со сопственикот и чувањето дома... па не се сите кучиња баш за дома. Шарко би било жалосно да го ставиш да живее во стан. Имаш и доста раси на кучиња кои едноставно немаат потреба од толку многу внимание. Ротвајлерот те следи на секаде, за разлика од ловечките раси кои ги пушташ од ланец и не ги гледаш веќе:).

Сепак ќе кажам, и покрај генералната слика за кучињата, секогаш постојат отстапувања од истата.
За ротвајлерот постои само едно битно правило- не е за почетници! Со искусен сопственик, ова е совршено куче. Доволно мрзливо кога ти сакаш да бидеш мрзлив, и доволно изрджливо за да ги издржи сите активности што ќе му ги зададеш.
На кратко кажано, мрзливо куче кое сака да работи:confused: Али сепак, омилена моја раса! Едноставно плени со моќта што ја поседува во себе, а во исто време премногу приврзано и мило куче... ај најди НЗС... затоа ги обожавам:love:

Еве едно доста интересно видео кое опфаќа буквално се за карактерот на ротвајлерот-
 
Се мислев и јас да го ставам видеото :icon_lol: Ама си викам ај си кажа ти скоро се` од таму :D
Тоа ми беше и поентата. Знам дека кога зимаш куче треба да ја знаеш генералната слика, ама сакав да кажам дека ете зависат многу работи, меѓу кои голем удел игра воспитувањето. Чисто за луѓето што размислуваат да земат Ротвајлер, да видат примери :D

За социјализацјата, да, треба дефинитивно да се посвети повеќе внимание.

Не реков дека сите сакаат да бидат дома де :D Знам дека има кучиња што се среќни надвор, ама тоа не значи да не го гледаат сопственикот. Сепак сопственикот треба да посвети време во денот и да поседи надвор, да им посвети внимание. Ловечките се посебна раса :icon_lol: На нив мирисот им е појак од љубовта. Ама кога не е сезона за ловење, сакаат да си седат дома со сопствениците. Јесда јас никогаш не би имала куче што не сака дома со мене да си седи :D

Се согласувам дека не е за почетници (иако може да се најде некој исклучок, како и кај сите правила :))

Еве некои интересни факти :D

1. Ротвајлерот се смета за предок на Италијанскиот Мастив кој потекнува од Римската Империја.
2. Биле користени од страна на Римската војска во овчарството и го чувале нивниот замок замокот.
3. Го добило името според едно мало градче во јужниот планински регион во Германија, наречен "Rottweil". Римската војска најчесто ги оставала кучињата таму и продолжувала со своето патување.
4. Во Rottweil овие кучиња се одгледувани за голем број на различни задачи, вклучувајќи ги, влечење колички за земјоделците, напасување на добитокот, чување на продавници, како и безбедно чување и носење пари од и до банката.
5. Месарите често ги користеле Ротвајлерите да ги заштитат своите пари, кога патувале низ град, со што тие го заработиле името „Metzgerhund“ (куче на месар)
6. Ротвајлерите речиси изумреле во Rottweil така што тие биле заменети со магариња кои ги влечеле количките наоколу.
7. Оваа раса на овчарско куче го насочувало добитокот со тоа што се навалувало на нив, што е можна причина за нивната стара навика да се навалуваат на луѓе.
8. Најраниот стандард за Ротвајлери дозволувал различни бои на крзно, вклучувајќи црвена, сина, сива и "тигарски риги“. Белите ознаки биле исто така чести.
9. Ротвајлерите бавно созреваат, и обично не се сметаат за возрасни до околу 2 години.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.294
Поени од реакции
5.853
Rottweiler si e poveke od kuce. Spored mene najdobra rasa samo da e pravilno odgleduvan da se socializira da se dresira dodeka e vreme mnogu zalno e so vo nasevo opstestvo se poznati kako loshi,agresivni,brutalni pa duri ima i lugje so mislat deka e rasa za borbi.Kako i da e site so planirate i mozete da cuvate rotvajler ne dvoumetese :)
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.238
Поени од реакции
19.396
Куртули за влакно дресерот...:pos:
 
L

Lu

Гостин
Историја на расата, карактеристики на расата, карактер, и други корисни и информации за Ротвајлерот.

И за крај, физичката способност на Ротвајлерот ;)

Член од
22 јули 2014
Мислења
6
Поени од реакции
1
Имам ротт женско старо 3 месеси мн е агресивно гриза како лудо е аи некои совети.
 
Последно уредено:
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Имам ротт женско старо 3 месеси мн е агресивно гриза како лудо е аи некои совети.
Играчки- МНОГУ ИГРАЧКИ!!! Тоа е период кога ги менуваат забите и мораат да гризат!
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
6
Поени од реакции
1
Па некои викаат дека на траба играчки затоа било лошо.И мн е агресивно.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom