Поради ова си патиме, затоа што Грујо начекал систем кој може да го искористи, наместо да гледа да го подобри, така што наследникот не ќе може да искористува како и претходникот, они земаат уште толку повеќе да го искористат и прават простор и наследниците да го прават истото.
Изгледа само на Балканот времето е застанато, и, наместо напредок, ние имаме статус кво ситуација или пак, уште полошо, регресија, каде системот кој претходникот го оставил(или составил/поставил) не може да биде изменет и апсолутно мора да се постапува така како што претходникот/претходниците го направиле.
Изгледа ќе треба некој подолг период за да се појави некој водач кој знае како да си ја работи работата без притоа да се ослонува и да искористува систем кој претходниците го наметнале и кој бил само во корист на нив, со што конечно би имале некаков напредок на овој, заостанат во времето, полуостров.