Студентски домови

Член од
21 февруари 2012
Мислења
1.649
Поени од реакции
867
поарно затвор да бев во некоја европска држава него нашиве студентски домови, ке бев најаден барем
Не мора европска држава, гарант и во индризово има подобри услови.
 
The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Мој другар поднесе барање за ослободување од плаќање станарина во студентски дом Пелагонија,дали некој случајно знае колку време е потребно за одговор и како би знаел дали барањето е одобрено или не? Од министерство добил само ливче со име,презиме и датум на поднесување. Ако знаете некој кој би можел да помогне со информација, тагнете го. Фала ви однапред. :)
 
Член од
13 август 2013
Мислења
1.054
Поени од реакции
2.062
ме интересира колку е станарината во домовите, дали има уште бифе со бонови како во мое време, како оди со купони или со бонови во менза, колку е слободна за превоз во градски, ќе имам студент од оваа година па да знам што ме чека
 
Член од
12 септември 2008
Мислења
324
Поени од реакции
44

Цена ти е од 3500 до 4000 зависи дали ќе биде сам во соба или со цимери. Нема бонови, електронска картичка има во која има вклучено три оброци. Слободната е бесплатна.
 
Член од
13 август 2013
Мислења
1.054
Поени од реакции
2.062
Цена ти е од 3500 до 4000 зависи дали ќе биде сам во соба или со цимери. Нема бонови, електронска картичка има во која има вклучено три оброци. Слободната е бесплатна.
уште да прашам само дали се тие 3500 со исхрана или само за смештај, а таа електронска картичка нешто повеке околу неа, за колку пари колку оброци добиваш.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512

Смештај плус исхрана, во исхраната имаш хххх бонови со кои купуваш јадење или што и да има во бонската.
Во мое време ни даваа 3900 бонови ако добро се сеќавам, сега не знам колку кредит има на картиците, али претпоставувам дека е исто.
 
Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.618
Поени од реакции
22.640
Сега не постои кредит на картичката, не постојат бонови. Едноставно, имаш три оброка дневно (појадок од 7.30 до 10.30; ручек од 11 до 4 ипол и вечера од 5 до 7 ипол).
Можеш да јадеш секој ден по три пати, можеш и ниеднаш во месецот да не влезеш во мензата. Секако плаќаш околу 3500 денари.

Немаш избор на повеќе јадења, туку имаш само едно јадење. Ако не ти се допаѓа, ќе идеш да си купиш. Ако немаш пари, ќе издржиш до нареден ден.

Инаку, формално се 3 оброка, инаку појадокот (најчесто една евтина паштета и едно парче кашкавал) не би го сметал за оброк со кој барем малку би можел да се нахрани еден просечен студент.

@gigovit мој совет ти е, студентот да не го праќаш во студентски дом, квалитетот е никаков, од година во година е се полошо. Во стан ќе му биде ем поевтино, ем ќе има барем достоинствени услови за живот.
 
Во кој студентски е вака?
 
Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.618
Поени од реакции
22.640
Во кој студентски е вака?
Во сите. Стив, Кузман, Гоце.
Само Пелагонија не знам како е, ама најверојатно е истото и таму (знам дека се со картици и таму, така да истиот систем е сигурно).
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Во сите. Стив, Кузман, Гоце.
Само Пелагонија не знам како е, ама најверојатно е истото и таму (знам дека се со картици и таму, така да истиот систем е сигурно).
Мислам дека се со картица на која има кредит и имаат право да јадат два пати во мензата и лимитирано што и колку.
Ќе се видам деновиве со другар што седи таму и ќе прашам детално како е.
 
Член од
12 ноември 2016
Мислења
4
Поени од реакции
0
Во сите. Стив, Кузман, Гоце.
Само Пелагонија не знам како е, ама најверојатно е истото и таму (знам дека се со картици и таму, така да истиот систем е сигурно).
На ист принцип е и во Пелагонија, со картички. Меѓутоа, од тоа што го имам видено каде каде е подобро во Пелагонија. Јадењето е одлично, оброкот за секој е ист, без разлика дали ќе отидеш во 11 или во 4 и пол кога почнува паузата. Доколку една порција не ти стига можеш да добиеш refill хаха
За условите, се е релативно, меѓутоа пак ќе кажам, во споредба со тоа што го имам видено во другите студентски во Пелагонија е далеку подобро. Топла вода има во текот на целиот ден што е многу битно. Го сменија инвентарот, имаме нови кревети, маси и столчиња. А плус, ни донесоа и перални и сушални, што не знам дали го има во другите студентски.
 
Член од
13 август 2013
Мислења
1.054
Поени од реакции
2.062
Мислам дека се со картица на која има кредит и имаат право да јадат два пати во мензата и лимитирано што и колку.
Ќе се видам деновиве со другар што седи таму и ќе прашам детално како е.
На ист принцип е и во Пелагонија, со картички. Меѓутоа, од тоа што го имам видено каде каде е подобро во Пелагонија. Јадењето е одлично, оброкот за секој е ист, без разлика дали ќе отидеш во 11 или во 4 и пол кога почнува паузата. Доколку една порција не ти стига можеш да добиеш refill хаха
За условите, се е релативно, меѓутоа пак ќе кажам, во споредба со тоа што го имам видено во другите студентски во Пелагонија е далеку подобро. Топла вода има во текот на целиот ден што е многу битно. Го сменија инвентарот, имаме нови кревети, маси и столчиња. А плус, ни донесоа и перални и сушални, што не знам дали го има во другите студентски.
Dali hranata e za tie samo sto se smesteni po domovite ili moze bilo koj student da koristi menza?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom