Del Boy
You plonker!
- Член од
- 28 септември 2012
- Мислења
- 12.859
- Поени од реакции
- 41.243
Некој да ми објасни што е тоа COD 95, и дали им треба на македонскиве возачи кои возат во странство?
Исто така ме интересира дали може да се вози камион со МК документи и државјанство на пр од Скопје до Берлин на истовар
Ако фирмата е македонска може , само ти треба цемт дозвола. Со МК пасош , бугарски камион неможеш да возиш. За цемтовите , тежок криминал се прави во државата. Луѓе газди блиски до власта имаат повеќе цемтови отколку камиони што имаат , додека на обичната раја така им лежат камионите дома оти неможат да возат без нив. Ако имаш БГ пасош не се ни нафаќај да регистрираш тука , правец Петрич.
Еве ти за COD 95 , да не го копирам на српски е. Појма немам дали е потребен за македонски возачи.
http://www.mazda-start.hr/article/27/periodicka-izobrazba-vozaca-cod-95
Последно уредено:

Заинтересиран сум за влегување во транспортот, па планирам да купам сопствен камион, на бугарска фирма, со бугарски возач. Лично сметав а воедно се потврдив и од многу ваши коментари дека пред 3-4 години не беше време за ваква инвестиција. Ме интересира кое е вашето мислење за оваа дејност денес, каква е состојбата од аспект на возачи (има-нема), набавка на камион (половен во готово или нов на лизинг со учество) има ли промени во транспортните процедурите, во начинот на работа на шпедициите, колку реално се заработува, скриени трошоци, дали едноставно вреди да се инвестира воопшто. Фала