Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата vmx
  • Време на започнување
Член од
24 април 2008
Мислења
10.481
Поени од реакции
11.530
е па извини ама не е исто оптичко влакно и коксијален кабел, "башка" телеком има и добар пинг, али катастрофа служба, услуга....
Не е исто, но сепак за 900 денари месечно, Вип нуди одлична услуга со брзина до 10 мегабајти во секунда и исто така со добар пинг. Баш коаксијалниот кабел е поиздржлив и поеластичен наспроти оптичкиот кабел, не може да носи симетрични брзини, но затоа нуди одлична стабилност и издржливост. А техничката поддршка на Вип им е одлична.
 
Член од
27 октомври 2015
Мислења
253
Поени од реакции
60

е па сега колку пари толку музика, откако ставив оптика ја увидов разликата со хд каналите, џам слика, стабилност, брз интернет 50/50 за разлика од 10/10 сепак е голема разлика, пинг секогаш помал од 7-8 итн. што се однесува до кабелот, да нежен е, мора да се внимава но ако имаш врски имаат и таков кој не го пуштаат во туба и е многу еластичен и издржлив. на крај вреди све ова и за 900 ден да е поскапо! впрочем не ги сакам ич телеком али и не ги откачувам пошто сега за сега се најдобри од сите!
 
Е па, предноста на кабелската телевизија е во тоа што не ти треба стабилен Интернет за да имаш телевизиски сигнал, а и воопшо не ти ни треба Интернет за да имаш кабелска телевизија, а истото важи и за каналите во High Definition - HD резолуција.

Со Македонски Телеком мораш да користиш оптичка телекомуникациска линија за да можеш да имаш повеќе HD канали, така што ќе мораш да плаќаш дополнително за нив, додека со Вип ТВ добиваш десетици HD канали во стандардниот пакет или во дополнителен пакет кој ти следува бесплатно ако го користиш поскапиот Вип ТВ М пакет = 699 денари месечно.

Всушност, една од главните причини поради кои не планирам да се враќам на Македонски Телеком - иако од поодамна има оптичка инсталација во мојата зграда, е бидејќи MaxTV понудата на Македонски Телеком е тапа. Дополнителни плаќања за спортски канали, за музички канали, за HD канали, а сето тоа го добивам и со Вип ТВ за 699 денари месечно - 699 денари месечно ако планирам да користам само кабелска телевизија. Не сум толку многу по спортот за да лудувам по Арена Спорт каналите.
 
опџекшн!
хд канали имаш и на бакар, но разликата е драстична. нема везе хд каналите со интернетот туку со оптичкото влакно т.е. со брзината на пренос. за изборот на каналите телеком не да е тапа, али и тимот кој ги бира таму во телеком се суљовци...за стабилноста на интернет сум го јадел со близоо, кога ќе заврнеше... и на мал дожд ...тапа.
со оваа оптика си користам бокс и гледам се што постои на интернет така да не патам по нивните програмски шеми! тоа дека е поевтино, да ама кажувам дека не вреди за тие 900 ден поевтино баш поради оптиката!
 
Точно, и преку бакарната телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком има HD канали, но сепак малку се, додека повеќето HD канали кои ги нуди Македонски Телеком се достапни исклучиво преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.

Не можам да негирам дека и јас сум имал проблеми со кабелскиот Интернет од поранешен Близо, но можам да ти кажам дека од поодамна - повеќе од 3 години - не сум имал никакви проблеми со кабелскиот Интернет од поранешен Близо, односно од Вип, со исклучок кога имаат групен дефект кој опфаќа цел реон или можеби повеќе реони.
 
за првиот став во право си, но не сум зависник од тв, од хд канали али кога веќе гледам тв, гледам со врвен квалитет...
за вториот став, ги откачив близоо тогашен кабелскоп, поради тоа што и тие се иста багра...да им плаќам интернет пред да го потрошам, па каде има да плаќаш услуга што не си ја користел, зошто јас да ги кредитирам со однапред платен интернет.
во врска со каблите, многу поелегантно е по дома да не ти се влечат кабли натака навака, со оптиката тоа е минимализирано поради потенкиот кабел...

за квалитетот повеќе не реплицирам, самиот се уверив во тоа...
е за цената ти реков, да има уште еден оператор со оптика како телеком и овие последниве ќе ја намалат претплатата, нема да бидат толку самобендисани, до тогаш ќе не молзат со плус 900 ден.
 
Еее, тоа било пред повеќе од 10 години, сега се други времиња.

Малку се занесоа од кабелска телевизија Зора (исто што беше и Кабелскоп), кога почнаа да нудат свој кабелски Интернет, а не преку други Интернет провајдери како Он Нет и Мол, но набрзо корисниците ги приземјија, особено откако почнаа да го намалуваат бројот на аналогни ТВ канали за да ги префрлат истите тие ТВ канали во дигиталните пакети.

Најдобри беа како Кејблтел, подоцна како Близо повторно почнаа да се занесуваат, се додека не почна Македонски Телеком да ја поставува својата оптичка телекомуникациска мрежа. Кога видоа колку е часот со оптичкиот Интернет на Македонски Телеком, почнаа да се опаметуваат - од техничка гледна точка, а сега како Вип делуваат како доста сериозна конкуренција со новите пакети.
 
Член од
20 октомври 2013
Мислења
1.096
Поени од реакции
509
како и да е, во моментов ако сакате оптика, единствена оптика нуди телеком, а тоа знаат и да го наплатат!
Сакав, но во мојот случај тоа беше невозможно. Од населба Лисиче сум, им барав оптика да пуштат на неколку наврати, свесен дека сите проблеми со тв и интернет ќе се средат, но не ни намераваа тоа да го направат. Исто како да не нудат. Така да, максимум од нив што можев да добијам беа 12 мегабита, во реалност беа 6 максимум. Сега од Вип ќе добивам 100 мегабита.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.648
Поени од реакции
1.538

Не знам од кога почнаа со оптика да поставуваат (мислам 2010) уште неможат да ја покријат целата држава, човек ќе помисли дека сме големи како УСА, хахаха додека јас мислам дека имаат голема корист да ги држат корисниците на АДСЛ со 12/1 брзини и да наплаќаат поголеми пари за оптиката. А со тоа што нема низ цела држава ни другите не можат да нудат поголеми брзини од 10-12 Мб, како што се паќетите на НеоТел, ТотелТв, и ВипЛите, а кога веќе не можат во рок од 10 години да ја покријат целата држава со оптика зошто не го надградат АДСЛот со ВДСЛ ко нуди поголеми брзини и поголем уплоуд како Хрватски Телеком што направи.
 
Член од
20 октомври 2013
Мислења
1.096
Поени од реакции
509
Кажете ми како оди со враќање на опремава - они ќе си ја земат или јас ќе треба да им ја однесам? Ако треба јас каде се враќа? Дали прво треба во салон да прекинам договор и потоа опремата да се врати? Дали вториот ресивер што го платив 1,000 денари е мој и останува за мене? Ако некој знае би бил благодарен.
 
По правило откако ќе мигрираш на друг оператор, треба да испратат екипа за да ја превземе опремата, вклучувајќи го и вториот IPTV рисивер, за кого се плаќаат еднократно 1.000 денари, но сепак останува сопственост на Македонски Телеком.

Но доколку мигрираш на друг оператор, а сепак не испратиле екипа за да ја земе опремата, однеси им ја во некој од салоните на Македонски Телеком, но не заминувај од таму без потврда дека си ја вратил опремата во исправна состојба, бидејќи нема да пропуштат шанса да ти наплатат пенали за враќање на неисправна опрема, само бидејќи не ти е издадена таква потврда.
 
Од нивна страна многу не ми објаснија, мигрирав веќе со мобилните броевите, во моментов користам сеуште тв, интернет и фиксен. Во понеделник од сабајле ќе ми монтираат од Вип, и попладнето планирам да отидам до кај овие да им откажам останатово со се фиксниот. Каблите и нив да не ги сакаат?
 
Член од
27 декември 2008
Мислења
1.529
Поени од реакции
692

Однеси ја комплетно сета опрема каблите се нивни која тие ти ја имаат дадено на служење, и секако побарај реверс за вратена опрема.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.481
Поени од реакции
11.530
Од нивна страна многу не ми објаснија, мигрирав веќе со мобилните броевите, во моментов користам сеуште тв, интернет и фиксен. Во понеделник од сабајле ќе ми монтираат од Вип, и попладнето планирам да отидам до кај овие да им откажам останатово со се фиксниот. Каблите и нив да не ги сакаат?
Се враќаат само електронските уреди, далечинските управувачи и адаптерите за нивно напојување, како и додатоци за рутерот - постоље или посебни приклучоци за телефонските кабли - ако ти дале такви додатоци.

Мрежните кабли, SCART каблите, HDMI каблите, па дури и батериите за далечинските управувачи спаѓаат во потрошливи материјали и остануваат твои, не мораш да ги враќаш.
 
Последно уредено:
Член од
20 ноември 2008
Мислења
6.104
Поени од реакции
2.514
Имам магента 1 М пакет, и во предплатава ми е вклучен 4гига 4г интернет и 10 сати махтв го.. Е сеа ме интересират аку махтв го, го гледам преку мојот интернет колку би ми потрошило за тие 10 сати гледање?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom