Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата vmx
  • Време на започнување Време на започнување
Се шушка нова технологија VDSL од Телеком,како што разбрав почнато е да се местат VDSL порти по централите.
 
Nesto poopsirno za VDSL bi te zamolel!

Од 2 до 4 пати побрз Интернет наспроти ADSL Интернетот кој во моментов Македонски Телеком го нуди, а може и до 10 пати побрз ако станува збор за VDSL2+.

Во основа би бил прифатлива замена за сегашниот ADSL Интернет на Македонски Телеком и би бил прифатлива алтернатива наспроти оптичкиот Интернет таму каде што сеуште не е достапна оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.

Уште подобро би било ако станува збор за VDSL2, кој нуди симетрични брзини исто како и оптичкиот Интернет, со брзини и до 100 мегабита во секунда, односно 10 мегабајти во секунда, наспроти сегашните брзини до 24 мегабита во секунда, односно 2.4 мегабајти во секунда со сегашниот ADSL Интернет на Македонски Телеком.
 
Nesto poopsirno za VDSL bi te zamolel!
VDSL има во Хрватска веќе подолго време, релативно е ефтина варијанта, сега бидејќи Македонија е мала земја, Телеком планирале да ја поврзат со оптика релативно брзо, и сметале дека не треба да се замараат со ВДСЛ, почнаа со оптика поставување од далечната 2009 година, во Скопје а подоцна и низ другите градови и поголеми села, но негде згрешија со математиката па тој процес со оддолжи, до сега требаше 90% да биде покриена државата, но не е ниту 30%. Сега VDSL нуди брзини што одат од 50/10 па нагоре односно симетричен уплоад, најчесто оди 25/25, ова е ВДСЛ1, има и понови стандарди како ВДЛС2 и Вплус, кои одат до 300/100 за лупови помали од 250метра. Ова верувам дека ќе им користи највеќе на лугето во селата кои сеуште немаат пристап до оптика, а немаат ни пристап до поголемите кабелски оператори.
 
Toa znaci deka so postoeckiot kabel odnosno mreza, ke imame pogolemi brzini! Bi bilo super, no, da ne bide so kasnenje kako optikata.
 
Toa znaci deka so postoeckiot kabel odnosno mreza, ke imame pogolemi brzini! Bi bilo super, no, da ne bide so kasnenje kako optikata.
Не би требало, релативно е ефтина опција и поедноставо е имплеметирањето во однос на оптиката, сепак би било подобро кога телеком би побрзале со оптика, но како што претходно дискутиравме во друга тема, не оди тоа така и потребно е поголема стручност и апаратура на фирмити кои работат на поставување.
 
Toa znaci deka so postoeckiot kabel odnosno mreza, ke imame pogolemi brzini! Bi bilo super, no, da ne bide so kasnenje kako optikata.

Оваа наводна VDSL инвестиција не е ниту најавена, ниту потврдена од страна на Македонски Телеком.

Дури и ако биде потврдена од страна на Македонски Телеком, ќе треба да поминат месеци додека да се замени постоечката опрема со нова. И се разбира, бидејќи во Македонија целокупната фиксна телефонија денес функционира преку Интернет протокол - со исклучок на посебните POTC телефонски линии кои сеуште функционираат без потреба од рутер, на сите останати постоечки корисници ќе треба да им бидат заменети рутерите. Тоа ќе потрае со месеци, ако воопшто испадне точна ваквата непотврдена вест за оваа нова VDSL инвестиција на Македонски Телеком.
 
Последно уредено:
Точно така да не шпекулираме пред време, инаку оваа инвестиција ако успејат да ја спроведат ќе овозможи и поголема конкуренција, на пример во Хрватска ВДСЛ нудат и B.Net,Iskon,HT,H1,Amis,Optima. Така да доаѓа до драстично намалување на цената, слично кај нас би било кога таа инфрастуктура би ја користиле Вип Лите, Неотел, ТоталТв и слични оператори.
 
Не би требало, релативно е ефтина опција и поедноставо е имплеметирањето во однос на оптиката, сепак би било подобро кога телеком би побрзале со оптика, но како што претходно дискутиравме во друга тема, не оди тоа така и потребно е поголема стручност и апаратура на фирмити кои работат на поставување.

Македонски Телеком не мести оптика веќе со години, проширувањето и одржувањето на нивната оптичка телекомуникациска мрежа е доверено на Ериксон, кој ангажира приватни локални фирми за да ја прошируваат и одржуваат оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком на терен.

Затоа проширувањето и одржувањето на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком се одвива бавно, сегашните планови им се до крајот на 2018 година цела Македонија да биде покриена со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, но инженерите и техничарите на терен повеќе типуваат на крајот на 2020 година за постигнување на таквата цел.

Точно така да не шпекулираме пред време, инаку оваа инвестиција ако успејат да ја спроведат ќе овозможи и поголема конкуренција, на пример во Хрватска ВДСЛ нудат и B.Net,Iskon,HT,H1,Amis,Optima. Така да доаѓа до драстично намалување на цената, слично кај нас би било кога таа инфрастуктура би ја користиле Вип Лите, Неотел, ТоталТв и слични оператори.

Чаршиските муабети се дека во 2018 година истекува концесијата која Македонски Телеком ја има врз бакарната телекомуникациска мрежа во Македонија, поради што брзаат до крајот на 2018 година да ја покријат цела Македонија со нивната оптичка телекомуникациска мрежа.

Наводно државата ќе си ја земе назад бакарната телекомуникациска мрежа и ќе наплаќа за нејзиното користење од страна на останатите телекомуникациски оператори. Се разбира, останува отворена можноста и за нов државен телекомуникациски оператор, но тоа би било тешко изводливо, бидејќи Македонија сепак е мал пазар, освен ако останат пвеводбениците на власт, па со отворање на нов државен телекомуникациски оператор се отворат и нови партиски работни места, па нови административни згради, па нови службени возила, па нова телекомуникациска опрема и што уште не за тој нов државен телекомуникациски оператор.

Но сепак тоа се само чаршиски муабети.
 
На мене ми ѕвонија пред 2-3 дена дека почнале со менување н рутерите , ќе ставале нешто 4Г така разбра, дали има врска со ова???

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Имам интернет оптички од телеком во Кочани. Ќе се селам во Штип. Дали можам истиот интернет пакет да го префрлам во Штип каде што ќе живеам или ќе морам целосно нов интернет да ставам во штип?
 
Имам интернет оптички од телеком во Кочани. Ќе се селам во Штип. Дали можам истиот интернет пакет да го префрлам во Штип каде што ќе живеам или ќе морам целосно нов интернет да ставам во штип?

Тоа ќе треба да го провериш на лице место во зградата или на улицата на која се наоѓа куќата во која ќе се селиш. Ако во зградата на секој кат има сандаче од Македонски Телеком, тогаш одговорот е да. Ако се селиш во куќа, ќе мора на улицата во близина на куќата да има ормар од Македонски Телеком со логото Т или старото лого T-Home, вообичаено вакви ормари има и пред влезовите на станбените згради кои се поврзани со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, освен ако ги сместиле во подрумите на зградите.

Ако зградата или улицата на која се наоѓа куќата во која се селиш е поврзана со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, тогаш ќе можеш да се префрлиш од еден оптички телекомуникациски приклучок на друг телекомуникациски приклучок.

Но ако зградата или улицата на која се наоѓа куќата во која се селиш не е поврзана со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, тогаш оптички телекомуникациски приклучок нема да биде изводлив на новата адреса, туку само обичен бакарен телекомуникациски приклучок.

Ако нема сандачиња од Македонски Телеком на секој кат во зградата или ормар на улицата на која се наоѓа куќата или станбената зграда во која се селиш, тогаш поднеси барање до локалниот салон на Македонски Телеком за испитување на техничка можност за оптички телекомуникациски приклучок на новата адреса на која се селиш.

Како и да е, доколку има техничка можност, тогаш целата работа ќе се сведе на префрлување од еден оптички телекомуникациски приклучок на друг оптички телекомуникациски приклучок. Единствено телефонскиот број на фиксниот телефон ќе мораат да ти го сменат бидејќи се селиш во друг град со друг префикс.
 
gledam deka se razbiras vo rabotive
se prefrliv od surf&call basic vo novata intenetM opcija koj nudi 12mb internet , a jas dobivam 8. se javiv vo centrala mi rekoja deka ke go pojacaat signalot, ama brzinata e ista. care?
 
Јави им се повторно и пожали им се дека телефонската линија постојано паѓа и се исклучува, дека е нестабилна и дека понекогаш преку цел ден немаш ни телефон ни Интернет.

Ако воопшто проверат дали линијата е активна или не, ќе ти кажат дека се е во ред, но ти кажи им дека можеби така вели кај нив, но кај тебе немаш ни телефон ни Интернет, па ќе мораат да пратат екипа за да го реши проблемот.

Исто така, ако користиш MaxTV, можно е телевизијата без потреба да ти го оптеретува Интернетот, па затоа немаш побрз Интернет. Но и за ова мора да дојде екипа, па да се јават во централа и да го ограничат Интернетот за MaxTV за да имаш побрз Интернет за компјутерот/компјутерите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom