Па можно е да е и толку капацитетот на климата. Од искуството со Hansol, (види назад на темата) моето мислење е дека барем 25-30% спецификациите на хартија се "надуени" кај Gree спрема реалните. Со таква изолација како што ја кажуваш со 2,5KW би требало без проблеми да ја загрееш просторијата. Пробај со калорифер со приближен капацитет да видиш дали ќе се згрее. Доколку се загрева просторијата пробај климата да ја ставиш на iFeel и auto издув. Ако не се загрева значи проблемот е во климата. Ако загрева би требало да троши по околу 0,7/0,8KW доколку има некој пристоен COP, како во декларираните спецификации.
Ова е за на околку 0 степени. На +7 нормало сите вредносто би требало да бидат барем 30/40% помали.
Брумот што го слушаш, иако е субјективно чувство, не би требало да биде толку изразен, освен ако не е под полно оптеретување.