Кажи кој дел од годината и колку дена тоа климите инвертери работат со потрошувачка на ТА печките? Те колку дена во годината (или на колку години) има периоди од -15*С или пониски температури како годинава што фати..... колку што разбрав ова беше во просек најладен Јануари во 50 год, или ајде барем во последните 10-20 години и траеше десетина дена...
Инаку еве ти просек на дневната Јан Дек (+5) и на ноќните (-2 и -4 ).... во Ск .(Верувам со мали варијации и во другите градови во МК е слично!) ..А ниту пак грејната сезона трае два месеци, туку 5...дури некогаш знае и да навлезе во шестиот месец на греење! Од друга страна во Октомври Март Април... ТА печка уклучуваш и тоа 6-ка по можност!? Смешно е!
Прегледај го приврзокот 164827
према тоа неможеш да заклучиш дека термалните пумпи инвертерите се по економичност како ТА печките! Т.е. дека работат со COP 2....! Не ќе да е така! Од друга страна на кои ТА печки мислиш? На оние од 1978 наследени од дедовците и бабите...
Или на овие:
http://www.kamini.com.mk/dimplex-fsd-30/ па овие бе ептен евтини биле! Посакува човек да си купи едно 3-4 комада (да се најдат)... А оние споменатите од дедовците од кои можеш астма да добиеш или алергија или deviatio septum у најмала рака.... мало морген што можеш со едно понење (на евтина од 22,00-07,00) да грееш 25-30 квадрати и да ја дуваш цел ден на 23-4*С при надворешни услови какви имавме во Јануари! Невозможно!.... Како што ете видовме дека неможеш ни со второкласни економик кинески клими што се изрекламираа на темава тоа да го направиш! Но сепак спрема тоа уште помалку пак имаш право да донесеш заклучпк за климите! Има и други клими, поквалитетни поскапи, но и не толку скапи а квалитетни... На пример во понуда на нашиов пазар видов клима јапонски инвертер Mitsubishi (произведен во Малезија но сепак се смета јапонец) која како стандард и препорачува за греење на 15-20 квадрати и во Англија, Холандија, Белгија, Данска... со цена под 30,000 Денари! (Иста цена како кај јужниот сосед или Бугарија цца. 500Еур.)
И види вака, не само тука... туку и во соседството или пошироката околина... еве на пр во Хрватска климата се смета како најекономичен начин на загревање! Дрвата се таму 3,000 денари кубик, но и струјата е 9 денари Кв. (земен е просек на греење неполни 12 часа на ден)..... Е нема во табелата споредба со ТА печка... сметај дека ако со греалка е еден спрема 4.... тогаш споредба на клима со ТА е сигурно 1:3 или 1:2.... во корист на клима!
Е сега поевтино греење од клима - дрва, ама крадени!.... а некои дури веруваат и во ова дека е поекономично:
http://www.inovativnost.mk/eagloo-ќе-ве-згрее-за-само-5-денари-дневно/