За место ќе се најде место, има многу празни делови во градот, во градскиот парк, кај кале не паркингот, има место и кај салата Борис Трајковски, Јане Сандански, во Аеродром меѓе зградите, некај Кисела Вода итн.
Проблемот е што треба да видеш колку приход би остварувал, некоја груба математика максимум 100 денари од саат (во најударните саати), 10х100=1000х5h=5000, некој 70-80денари за помалку популарни термини, 75х10=750х5h=3750 и да речеме 50 денари за од 7-14h+22-24h, 10х50=500х9h=4500 или ако е целосно пополнета ќе добива по 13250 да речеме некој 5 месеци во годината или скоро 2м денари годишно, но исполнетоста ќе биде максимум 60-70% (дали ќе бидат тие цени и колку ќе биде исполнетоста некој не може да прогнозира).
Друго тој балон е треба да се одржува, ќе треба да се плаќа струја, вода, ќирија за земјиштето и секако мито на главниот бос во околината.
Значи во оптимални услови заработката би била околу 10к евра годишно, но тука има нешто наречено Македонски синдром, а тоа е ако видат дека добро ти оди, одма до твојот балон ќе изникнат 10 други.