Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Како бе Заев аболициран криминалец???
Дај кажи со која пресуда е осуден на колку години?? Не сум знаел јас за ова!

Инаку јас бев во банкарскиот систем вработен кога ТАТ беше на својот врв, и ние знаевме дека нешто не е во ред, математички не беа можни толкави камати, али ете демократија и слобода па народот хрлеше таму со своите заштеди. Ние дадовме се од себе на нашите клијенти да им објаснеме дека не се можни камати од 11 па и 15% месечно али слабо кој не послуша. И замисли од ко излезе од затвор Соња уште 2 пати направи превари и измами и фионансиски уништи семејства кои и дадоа пари. Не само во време на СДСМ туку и во време на ВМРО ги лажеше луѓето. Така да коренот на проблемот е во желба на луѓе да на брз и лесен начин заработи, а тоа се должи на тежок мачен и несреќен живот овде. Замисли просечен граѓанин на Македонија со 15.000 плата треба да изгледа семејство за шо му требаат минимум 30.000 месечно. Таков народ е најдобар за манипулации и застрашување. Луѓе кои се спремни да одат на митинзи и контрамитинзи за сендвич, луѓе кои со години трчаат на секој повик на партија не ради идеологија туку ради ветено работно место во комуналец или во паркови или од страв дека ќе изгуби такво место....
Нема ништо полесно од колку да контролираш гладен и сиромашен народ.
не само банкарите , туку и врапците знаеја.., ама имаше една квака АВТОРИТЕТОТ...ГУРУТО на Македонија у пелени и врачи, ја прими у кабинет... што ли беше.. на госпожа Соња некаква.....значка...бизнисмен на столетието или така нешто. Знаеш ли бе ти кој поттик за овци какви се 99% Македонци е тоа???Отидоа на клање бодро блеејќи и со забрзано тропкање со папците....А се сеќаваш веројатно кој со кумот ја скоцка првата пирамида и која пара со тоа намлатија. У време кога сите беа наивни верувачи во светлата транзиционирана капиталистичка иднина во која тече мед и млеко??? :)
 
S

silmarillion

Гостин
Има спас пријателе, имаш државотворна партија на македонци и други партии. Ако си македонец си знаеш за кого гласаш, ако не си терај по твое. Само остај не нас македонциве да си се браниме, сакаме и живееме во Македонија. Ние сме посветени за неа, создаваме за неа, и ќе се бориме за неа.
Комуњарите ти викаат само будале гину за идеале. Ако си тој калибар, терај си и исели се. Остај не нас Македонците да работиме за нашата иднина.
Ех сеа, извини али се додека поштено си го плаќам ДДВ-то и данокот по сите основи, нема шанса да ВЕ оставам :) Дали ќе се иселам или не е моја работа. До тогаш ќе трпите ;)
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
не само банкарите , туку и врапците знаеја.., ама имаше една квака АВТОРИТЕТОТ...ГУРУТО на Македонија у пелени и врачи, ја прими у кабинет... што ли беше.. на госпожа Соња некаква.....значка...бизнисмен на столетието или така нешто. Знаеш ли бе ти кој поттик за овци какви се 99% Македонци е тоа???Отидоа на клање бодро блеејќи и со забрзано тропкање со папците....А се сеќаваш веројатно кој со кумот ја скоцка првата пирамида и која пара со тоа намлатија. У време кога сите беа наивни верувачи во светлата транзиционирана капиталистичка иднина во која тече мед и млеко??? :)
и Хитлер бил прогласен за личност на годината.
тоа се случувало кога работите течеа во ред народот земал редовно високи камати и сите биле среќни. После ко пукна тиквата се зајадоа до вчера најдобри приатели и другари кои ортачки имаа големи пари во тат. Али во тие неколку среќни години гоооолем број на штедачи заработил од ТАТ. Наебаа тиое кои до последно веруваа и се надеваа
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.513
Поени од реакции
24.293
Не е извесно дека сдс ќе формира влада. Може да имаат некој договор, ама затоа во 5 до 12 - денеска Хан ќе разговара со сите и мислам дека пак ќе биде некоја купусарија од влада како до сега, само со други ликови. Меѓу другото за да се спроведе ш-платформата, за која ќе се води дискусија да биде широко прифатена, консензуално - од сите. Ќе си го иссркаме како поп сарма.
сдс ако формира влада единствена придобивка е што е можна поголема соработка на институциите со СЈО, а друго реално - ништо.
Чекај сега јас колку што се сеќавам ( ми е мака да ти го барам постот ама ако инсистираш и тоа ке го најдам ) ти уште во декември одма после изборите напиша дека треба да се формира техничка влада или така нешто слично. Од каде сега имам осеќај од твојот последен пост дека тоа и не е некоја добра идеја.
Ако ме прашаш мене за мислење јас сум строго против било каква техничка , консензулана влада или така некоја купусарија каде не ке се знае ни кој јаде ни кој пија ни кој плаќа. Си сакам најнормална политичка влада која после ке можеме лесно да ја покажеме со прст, име и презиме на мандатар и политички партии и да речиме тие се криви, тие прифатија, потпишаја, гласаја итн итн.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Ретардите од Охрид се собрале да протестираат, изјавите јас не знам како успеале да ги запомнат знаејќи дека мозок немаат ниту ќе имаат некогаш. Какви срцепарателни изјави па, ме земаа пред децата, мајка ми се потресе :pos: море мрш таму ебате мутантите неписмени.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.513
Поени од реакции
24.293
и Хитлер бил прогласен за личност на годината.
тоа се случувало кога работите течеа во ред народот земал редовно високи камати и сите биле среќни. После ко пукна тиквата се зајадоа до вчера најдобри приатели и другари кои ортачки имаа големи пари во тат. Али во тие неколку среќни години гоооолем број на штедачи заработил од ТАТ. Наебаа тиое кои до последно веруваа и се надеваа
Поправиме ако грешам но нели Соња Гувернерот на НБРМ ја прогласи за тоа што ја прогласи а сите високи функционери на СДСМ вклучително и градоначалникот кој исто така беше од СДСМ аплаудираја. И сега на кој треба да му се верува , на некое банкарско чиновниче или на Гувернерот зад кој стои цела влада. И по многу многу кратко време Тат си пропадна. Денови или недели дали беа во прашање.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.678
Поени од реакции
2.780
Ретардите од Охрид се собрале да протестираат, изјавите јас не знам како успеале да ги запомнат знаејќи дека мозок немаат ниту ќе имаат некогаш. Какви срцепарателни изјави па, ме земаа пред децата, мајка ми се потресе :pos: море мрш таму ебате мутантите неписмени.
ХАХА кој ги водит Тане Марковски пијаничиште ,дембел,коцкар ,си ги запосли децата и снаата на убај места ,локат секаде ,нигде не плаќат ...
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Ти изгледа си најде тврд да си го чешаш газето :vozbud: Етего владе иреал и компанија дркајте на мерцедеси, стиропор и 10к денари. Не замарај
..нема проблем ..ти само продолжи лижи...:vozbud:
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.513
Поени од реакции
24.293
Зависи од резултатите, пример јас би му мавкал и фрлал цвеќе и на Грујо дур поминува во мајбах да напраеше да биди просечна плата 500 евра, невработеност 15%, долгот испод 30% БДП....
Јас немам проблем со име на премиер или партија или марка на возило.
Да има мир стабилност и притоен живот за народ, па нек се проведат и луксузираат и тие што тоа ни го овозможија.
Заев ќе го остам да видам резултати, да се открие и казни криминал да се спроведат мерки за опоравок на земјата за нејзин раст па после ќе му се радувам
Збораме за предизборни ветувања. Ајде настрана мерцедесот ама остај што ветуваа со конкретни цифри и минимална и просечна и незнам каква плата, и социјално од 200 евра туку многу добро се сеќавам дека нагласија дека меѓу првите работи што ке ги направат е и дека ке размонтираат дел по дел цело Скопје 2014, море и со клучој мафтаја. Затоа е прашувам дали нема да се осеќаш изигран и изманипулиран ако ништо од тоа не остварат вклучувајќи го и тука и тој фамозен мерцедес кој беше главна тема во кампањата. Јас очекувам се да се случи со него само не Заев или било кој од нив да го користи за било какви цели, приватни или државни.
А и колку време ќе го оставиш Заев за да видиш резултати, онака спортски. 100 дена, една година, 4 години и дали во тој период ке имаш полно разбирање ако ништо не си исполниле од тоа што ветиле и ако во меѓувреме си го возицкат тој мерцедесот лево десно.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Поправиме ако грешам но нели Соња Гувернерот на НБРМ ја прогласи за тоа што ја прогласи а сите високи функционери на СДСМ вклучително и градоначалникот кој исто така беше од СДСМ аплаудираја. И сега на кој треба да му се верува , на некое банкарско чиновниче или на Гувернерот зад кој стои цела влада. И по многу многу кратко време Тат си пропадна. Денови или недели дали беа во прашање.
Toчно така, беше прогласена за најдобар бизнисмен и тоа стварно беше во тој период до кај 1997 мислам. Камати редовно се исплаќаа, муштерии задоволни, контролите не најдоа ништо сомнително.
Шо да рече гувернер на банка кога извештај вели дека штедилницата работи во ред, контролите не најдоа ништо проблематично а народот е задоволен?
Во период кога настана ТАТ а и некои години после тоа се градеше банкарскиот систем, се воведуваа правила и прописи за штедилници за менувачници за банки.... постоеа преодни рокови, пример можеш да основаш банка под тие и тие услови но во следни 3 години треба условите да ги прилагодуваш и менуваш со новите прописи.... Банкарски, тоа беа се уште матни и недефинирани времиња.
ТАТ не падна сама по себе, ТАТ падна како цела мрежа на пирамидални штедилници кои сосем нормално и законски си работеа во тој период и во Македонија и во Албанија и во Србија... значи сите земји кои од еден систем преминаа во друг, се сопнаа тука на тоа банкарско работење.
А народот најмногу му верува на парите и ветените камати. Ни на гувернер ни на чиновник. Пошто во тоа време ние не работевме со други такви штедилници или банки, нашите пласмани нам ни носеа (не се сеќавам точно помина време) али на пример ете 6% месечно. И сега ако ти влог на штедач си пласирал некаде со 6% камата не можеш на тој штедач да му дадеш камата од 9% пошто ќе пропаднеш, туку му даваш 4%. е сега ТАТ дава (пример) 10% месечно а ние 5% и каде ќе оди народот без разлика шо јас или гувернер или покојниот Исус ќе им каже??
Така да од банкарска гледна страна ТАТ си работеше нормално и законски, таа падна пошто парите од нејзини штедачи завршија во други банки од каде соња земаше камати а тие други банки паднаа оти тие парите ги ставиле во трети....
И уштѕе една работа која тогаш ми ја кажуваше еден судија, премногу хипотеки имаше земено ТАТ. Голем број на кредити дате врз основ на хипотеки на недвижности кои после или изгубија на вредност или беа речиси неостварливи - пример имаше многу случаебви да некој земе кредит со хипотека од пола куќа па ај после ако не врати кредит како ќе ја продадеш, или имоти кои испаднаа дека не вредат толку..... али сето тоа се камчиња во мозаикот на ТАТ
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.487
Поени од реакции
84.952
A тој градоначалникот на Пробиштип е најбољи убедливо.
Некоја од општина што работи го тужи за силување. Нормално, сфаровски носи одлука неоснована оптужба и овој ни тужба за нарушена чест и углед, ни ништо. Плус ја унапредува на работа.

Од тука све е јасно.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
и Хитлер бил прогласен за личност на годината.
тоа се случувало кога работите течеа во ред народот земал редовно високи камати и сите биле среќни. После ко пукна тиквата се зајадоа до вчера најдобри приатели и другари кои ортачки имаа големи пари во тат. Али во тие неколку среќни години гоооолем број на штедачи заработил од ТАТ. Наебаа тиое кои до последно веруваа и се надеваа
...убо си кажа, нема бизнис , освен можеби ако си нарко дилер , а и тогаш прашање, кој носи толку да фондот плаќа накај 120% годишно.Ссекоја будала е свесна за тоа дека е понзи шема. Нормално тоа не се очекува од народ чуван под стакленото ѕвоно на социјализмот плус благо ретардиран како Македонскиот.Но тоа би требело секако да го знае Гувернерот на НБРМ, а и канцеларијата со педигре Глигоров&Синови. Не само што отќутеле, туку и метании на Соња и правеле... :) :)
Исто како со транзицијата. За возење на мопед се полага дозвола , но тогаш ниеден од полувековните комуњаристи, новоосознаени капиталисти не седна и не им одржи шестомесечен курс на работните луѓе на Македонија, сопственици на опшествениот имот, што ќе се прави , како ќе се прави, кои се правата на секого , кои се обврските на секого, како ќе се демонтира социјалистичката скаламерија , а да има минимум повреди од незнаење и неукост.
Само ги одјебаа , ги симнаа скурца ко кутон и ги фрлија..и тоа не у канта за отпадоци , туку на улица..директно на асфалт.
А и сеа шеќерно те гледаат у очи и те лажат исто како кога им потврдија на нато крвопијците 2001 дека можат тие да ја менаџираат ситуацијата и да ги урамат и преведат преку вода обадинтерените Македонци. Сеа ти го праат истото , а ти ода на радоста со т'нок глас им пееш ко некои виенски евнуси,..... овде на форумов....:) :) :)
 
W

wicked_1

Гостин
И да е така што ти менува тебе тоа демек нешто како оправдување. Било како било договорите пропаднаа и тоа е завршена приказна. Сега чекаме да видиме како СДСМ ке се договорат. Тоа е она што се рачуна, кој ке крени два прсти во собранието, какви закони ке се донесат од партиите кои ке формираат влада во случајот СДСМ и цел албански блок.
Инаку со оглед како гласаше поголемиот дел од гласачите на цела територија и претходно многу порано напишав дека е многу лошо и политички некоректно да се занемари изборната желба на толкав број на гласачи ( повеќе од половина од вкупниот број кој излегоја на гласање ) од двата државотворни народи и секој иден мандатар тоа треба да го има во предвид пошто тоа е и изборната желба и потреба на гласачите искажана на последните избори. Не гледам зошто тоа би било толкав проблем па сите да се пењават околу тоа.
Ти што велиш, треба СДСМ да ги прифати условите на албанците или треба да ја занемари изборната желба на гласачите од двата државотоворни народи и да се инаети и да ризикува да не формира влада?
Мора да си ги средиш мислите владе.

Тебе може ќе ти текне сеа за македонија пат да збориме, ама јас ти реплицирав на постот со кој иронично му се смееше на Ширеа.

Ти како да подзаборави магично дека имаше официјални изјави и пресови дека се било договорено и ќе има влада. Сега се избација со обратни ставови демек ништо не прифаќале, и пак ве праат мајмуни.
Не е убаво тоа.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.186
Поени од реакции
3.433
A тој градоначалникот на Пробиштип е најбољи убедливо.
Некоја од општина што работи го тужи за силување. Нормално, сфаровски носи одлука неоснована оптужба и овој ни тужба за нарушена чест и углед, ни ништо. Плус ја унапредува на работа.

Од тука све е јасно.
Не бе швалерка му била како што слушнав, а тој што пријавил во полиција не била таа, затоа и не се објави случајот медиумски (касниш цел месец)
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.487
Поени од реакции
84.952
Не бе швалерка му била како што слушнав, а тој што пријавил во полиција не била таа, затоа и не се објави случајот медиумски (касниш цел месец)
Смири се, јас никаде не реков ништо лошо за господинот градоначалник. Напротив, реков дека е најбољи.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom