што сте се фатиле за тој мерцедесот
тоа е само капка во морето од пари потрошени искрадени на глупости
Прво мерцедесот после ќе се оди на спомениците и Скопје 2014 и така се до крај дури не се врати се во првобитна состојба.Ова вака како за почеток, најлесно и најбрзо и одма ке падни во очи.
Замисли наслов на либертас. Зоран Заев сам со еден клуч окасти го зеде и го размонтира мерцедесот и го подари или донира во некој отпад за старо железо. Изјавил дека подобро и тоа отколку да седне и да се вози во него, симболот на корупцијата и режимот. Едноставно совеста не му дозволувала такво нешто.[DOUBLEPOST=1486637577][/DOUBLEPOST]
Тој мајбх го плаќаме сите ние, иако никој не не праша дали сакаме да плаќаме скапоцена луксузна лимузина во овие тешки времиња.
Да му поклони на некој... не знам дали законски смее, али еве теба да ти поклони Мајбах со обврска да го одржаваш во исправна состојба и да не го продаваш дали би прифатил?
То е возило со кое само се покажува статус, статус на некој моќен и богат. Нема тој ништо шо му треба на било кој во Македонија. 200 километри пат е од крај до крај, еве Бонева само за патување на релација Скопје Струмица има трошок од 20.000 евра годишно и то најмногу поради одржување на колата така да редовно користење на ваква лимузина би не коштало сите нас барем 100 пати повеќе од колку колата на Бонева или некои 2 милиони евра годишно.
Можеби е најдобра опција да се постави во музејот на ВМРО како поставка, како еден од достигнувањата на партијата на власт за нивно 10 годишно владеење. Па нека иди народ од цела држава и нека го гледа а таму нек стои и назив и коњски снаги и наброени сите луксузи уградени во него како и цена која е платена за него......
Од наши пари го плаќавме и Скопје 2014 и сите споменици, палми, бродови и што ли уште не. За истите тие овие изјавија дека кога ке дојдат на власт се ке рушат и размонтираат со клуч окасти ( или што и да беше ).
Па си реков дали очекуваш истата судбина да го најде и мерцедесот кој споредено со пари и не кошта којзнае колку во споредба со Скопје 2014.[DOUBLEPOST=1486637934][/DOUBLEPOST]
Единствено нешто што ме интересира е правна држава. Да не се опструира СЈО, судовите и сите институции кои се должни да одговараат пред законот и да соработуваат во спроведување на правда.
Која и да е партија на власт да се спроведува неселективна правда. Политичките игри, кои во државава се де факто политикантски помалку ме интересираат. Кој и да формира влада....и Јапан да реши да не анектира, во наредните 50 години оваа корумпирана јазбина нема да види никаков економски прогрес. Мора да се почне со казнување на корупцијата и лично богатење на политичари и државни службеници вклучително и на сдс.
Знам дека сакаш од мене да испровоцираш некој про-сдс одговор, ама нема да го добиеш.
Нема врска ова со просдсм одговор. Пред месеци кога си правевме муабет ти тврдеше дека ке се формира техничка влада и бла бла бла. Значи не те прашувам јас што сакаш туку како ти личи работата вака од денешна гледна точка. И уствари ако земиш така СДСМ ако формира влада што е сосем извесно и е прашање на време ти е најголема гаранција дека ке се исполни се она што посакуваш во смисла на СЈО, правда ова она.