Поправиме ако грешам но нели Соња Гувернерот на НБРМ ја прогласи за тоа што ја прогласи а сите високи функционери на СДСМ вклучително и градоначалникот кој исто така беше од СДСМ аплаудираја. И сега на кој треба да му се верува , на некое банкарско чиновниче или на Гувернерот зад кој стои цела влада. И по многу многу кратко време Тат си пропадна. Денови или недели дали беа во прашање.
Toчно така, беше прогласена за најдобар бизнисмен и тоа стварно беше во тој период до кај 1997 мислам. Камати редовно се исплаќаа, муштерии задоволни, контролите не најдоа ништо сомнително.
Шо да рече гувернер на банка кога извештај вели дека штедилницата работи во ред, контролите не најдоа ништо проблематично а народот е задоволен?
Во период кога настана ТАТ а и некои години после тоа се градеше банкарскиот систем, се воведуваа правила и прописи за штедилници за менувачници за банки.... постоеа преодни рокови, пример можеш да основаш банка под тие и тие услови но во следни 3 години треба условите да ги прилагодуваш и менуваш со новите прописи.... Банкарски, тоа беа се уште матни и недефинирани времиња.
ТАТ не падна сама по себе, ТАТ падна како цела мрежа на пирамидални штедилници кои сосем нормално и законски си работеа во тој период и во Македонија и во Албанија и во Србија... значи сите земји кои од еден систем преминаа во друг, се сопнаа тука на тоа банкарско работење.
А народот најмногу му верува на парите и ветените камати. Ни на гувернер ни на чиновник. Пошто во тоа време ние не работевме со други такви штедилници или банки, нашите пласмани нам ни носеа (не се сеќавам точно помина време) али на пример ете 6% месечно. И сега ако ти влог на штедач си пласирал некаде со 6% камата не можеш на тој штедач да му дадеш камата од 9% пошто ќе пропаднеш, туку му даваш 4%. е сега ТАТ дава (пример) 10% месечно а ние 5% и каде ќе оди народот без разлика шо јас или гувернер или покојниот Исус ќе им каже??
Така да од банкарска гледна страна ТАТ си работеше нормално и законски, таа падна пошто парите од нејзини штедачи завршија во други банки од каде соња земаше камати а тие други банки паднаа оти тие парите ги ставиле во трети....
И уштѕе една работа која тогаш ми ја кажуваше еден судија, премногу хипотеки имаше земено ТАТ. Голем број на кредити дате врз основ на хипотеки на недвижности кои после или изгубија на вредност или беа речиси неостварливи - пример имаше многу случаебви да некој земе кредит со хипотека од пола куќа па ај после ако не врати кредит како ќе ја продадеш, или имоти кои испаднаа дека не вредат толку..... али сето тоа се камчиња во мозаикот на ТАТ