Македонска берза

Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
Јас си докупив, мислам дека ќе имаат 1700 добивка. Минатата година некако многу спласнал профитот во последниот квартал ама мислам дека сега нема да е така. Исто така сметам дека првиот квартал од 2017та ќе биде многу подобар од оној од 2016та така што ќе се поклопат за краток период многу добри вести.

Ќе видиме како ќе биде, од она друго јас што правев пресметки Охридска изгледа солидно дури и на оваа цена.

Пс. Пазете кај УНИ податокот во извештајот со 31/09 за 285 денари добивка не е точен.
Добивката од 2012 e 580ден од 2013 750ден од 2014 780ден од 2015 971ден за 2016 само 3кв 1380ден. Најверојатно добивка од 1700 за цела 2016та. Со оглед дека во 2016 66% од добивка отиде за дивиденда окулу 1100 бруто или 1000нето може да се очекува. Се убаво звучи само до кога ќе расте добивката? Посебно последнита години е доста нагло. Додуше мината година најголем раст имаа на добивката споредено со 2015 во 2-3 квартал а ако продолжи трендот 2017 може да ја надмина 2016 во 1 кв. Може да е проблем што ROE расте а тоа на долг рок најверојатно е неоджливо со толкав голем пауоут на дивиденда. Кај и да е ќе заглават една година. Сега за сега со трендов на раст на акцијата може да оди уште горе. За следнава година макс 2 може да продолжи овој раст но не е реално да се очекува понатаму.[DOUBLEPOST=1485692528][/DOUBLEPOST]
Sto mislite kolkav ke bide profitot na PPIV. za 2016 zasto gledam deneska po ,cena od 37500den. P/E veke otide preku 9.5 ,pa me interesira dorno da se namali ali so dobivkata od 2016 ke uspee povtorno da padne P/E na 8 ili nesto ispod 8?
PPIV од 9000 е на 41.200 за 4 години или 50+% раст годишно. Со 11п/е и 0.96 п/б да дивидена од 1% според 2016та за 3кв од 2016 има речиси ист профит како и во 2015 во 2015 имала загуба во 4ти квартал дали има оваа година останува да се види. Инаку во 2014 имал пола од добивката за 2015 и 2016 та години. Проблемот е што многу мала дивиденда исплаќа инаку фирмата е добра. Има голема акумулирана добивка. Се зависи од главните акционири или менаџментот да се одлучат за поголема дивиденда сега е само пау оут од 10-20% што е многу малку. Најверојатно проблемот е во тоа што фирмата нема кеш. Има големи побарувања а лоша наплата. Очигледно пиво се пие на рабуш.
 
Последно уредено:

RadE_Strongest

Field Marshal
Член од
31 март 2009
Мислења
665
Поени од реакции
334
Здраво, почнав да истражувам и читам за акции и берзи , но сепак не е ова мој домен ( јас сум ИТ сектор) и не се разбирам до толку.
Главното прашање до поискусниве на оваа тема е дали е доволно да вложам 200-400 евра што ги имам заштедено на книшка (тргајки од плата последнава година), тие ми седат како мртви пари во банка и се мислам дали е подобро да ги вложам во акции или многу мала сума се за нешто да направам со нив на македонската берза?
фала многу
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946

Под 20к денари не би ти препорачал оти имаш трансакциони трошоци од 600-1000 денари така што тоа е голем процент од влогот.

Ме изненади ситуацијата со Пекабеско од некаде излегоа количини за тргување, не се секавам со кого дебатиравме за тоа ама во право беше.
 
B

Bafra

Гостин

Која е ситуацијата со Пекабеско ... да не сум пропуштил нешто деновиве оти како микроситен акционер да не наебам :D
 
Член од
16 јули 2014
Мислења
842
Поени од реакции
573
Дајте бе некој совет која е поасална акција да ја земам. Имам побајаги фонд ама последни месеци немав време да видам што и како на берзава па викам некој од вас кој е позапознаен со ситуацијата да даде совет :(
 
Која акција и да ја земеш од фирми со саглам менаџмент нема да погрешиш. Сите ќе си растат, некои повеќе некои помалку, ама ќе растат :D
Е сеа дали сакаш на подолг рок, дали сакаш дивиденда или сакаш на краток рок да ги вртиш тоа си е твоја лична стратегија.

Ја на пример банките. И дивиденда и резултатите прикажуваат и ликвидност (кога сакаш можеш да ги продадеш)

Јас продадов стопанска сега на 900 отидов во КБ на 3.000 сметам (лично) за пократко време побрзо ќе порасне а после ако сеуште е 900 стб ќе се вратам.

Ти нели имаше информации за Макпетрол, слушам Оилко се изнакупувал акции од Макпетрол :cautious:
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Која е ситуацијата со Пекабеско ... да не сум пропуштил нешто деновиве оти како микроситен акционер да не наебам :D
Дебатиравме дали ќе се појават количини за тргување на берзата или само се работи за купување на останатите акции од менаџментот.

Инаку денес излегува годишниот извештај на Комерцијална, тоа што цената не се придвижи нагоре можеби е знак бидејќи од таму ептен протекуваат информации.
 
Член од
28 март 2007
Мислења
207
Поени од реакции
100
Дебатиравме дали ќе се појават количини за тргување на берзата или само се работи за купување на останатите акции од менаџментот.
PKB изгледа многу просперитетно.. На цена од 9900 коефициент цена/книг. вредност по акција е само 0,41.. околу 12% пораст на добивка 2015 во однос на 2014, 40% пораст на добивка во први 9 месеци од 2016 во однос на први 9 месеци во 2015.. треба да приказат сега исто таква добра добивка на крај на 2016 год, ако не и подобро... проблем се многу малите слободни количини, многу ретко има нешто за продажба.. исто така не е многу атрактивна зошто не дава дивиденда..

пс.. гледам сега веке отишло на 10800.. мислам дека не е скапо ни тоа за оваа акција..(0.45 п/б со резултатот од 2015)
 
Последно уредено:
Член од
28 мај 2010
Мислења
2
Поени од реакции
0
Здраво, почнав да истражувам и читам за акции и берзи , но сепак не е ова мој домен ( јас сум ИТ сектор) и не се разбирам до толку.
Главното прашање до поискусниве на оваа тема е дали е доволно да вложам 200-400 евра што ги имам заштедено на книшка (тргајки од плата последнава година), тие ми седат како мртви пари во банка и се мислам дали е подобро да ги вложам во акции или многу мала сума се за нешто да направам со нив на македонската берза?
фала многу
Zdravo Rade, i jas sum IT sektor no pred dve godini pocnav da se zanimavam so FOREX. Ima mnogu opcii i shansi koi mozes da gi iskoristis i definitivno ima profit. Pisi na poraka ako sakas neshto posebno da znaes pa od tamu ke vidime. Pozz
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
KMB со 12,7 милиони евра добивка за 2016, нешто малку над тоа што очекував. :bravobe:
Очигледно пазарот не се согласува со твојата и мојата оценка за резултатите оти црната стагнира.
 
Член од
28 март 2007
Мислења
207
Поени од реакции
100
Очигледно пазарот не се согласува со твојата и мојата оценка за резултатите оти црната стагнира.
Мое мислење е дека има неколку причини за оваа стагнација.. прво, резултатите да речеме се очекувани, немаше ништо спектакуларно.. сеуште имаат резервации, отписи.. ми изгледа како да имаат доста кеш а немаат кредитирање.. book околу 4630, ROE <8.. има муабети за некои идни можни резервации за Брилијант.. така да скокот до 3000ден беше токму за овие резултати.. нов скок очекувам при информацијата за дивиденда, некаде 150-160 бруто.. очекувам раст до кај 3500ден.. второ, мислам дека во моментов приоритет сите гледаат во другава тројка банки.. се очекуваат подобри резултати кај нив.. затоа и летаат нивните акции, посебно ТНБ и ОХБ.. очекував до нивните годишни резултати да имаат скок.. Стопанска мислам дека макс до 1000 ке оди сега, а можно е скок негде во мај кога ке дадат инфо за новата дивиденда..
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Кај Тутунска скокот што беше овој месец од 9 на 10 илјади пред се се должи на случувањата во Словенија. Плановите беа да се одложи продажбата за неколку години поради "неповолни" услови на пазарите на капитал, но пред 2 недели имаше промена на ова и најверојатно процесот ќе почне оваа 2017та година а можеби и ќе се комплетира продажбата. Со оглед на случувањата на претходното објавување резултати мислам дека овде не течат информации како од Комерцијална.
 
Член од
28 март 2007
Мислења
207
Поени од реакции
100
Zedd, јасно ми е тоа се за тутунска .. само лично јас не очекувам ништо ќар тука од продажбата на мајката во Словенија.. само нови индиректни газди.. банката ќе си работи супер како и сега .. нема да има овде понуда за откуп на акции.. како на пример што се очекува од продажбата на стопанска.. или грешам нешто? или не согледувам како што треба? :)
инаку лично мое мислење.. јас во моментов не би продал тнб под 15000.. добар стандарден раст, добра дивиденда ≈10% секоја година ..
 
Член од
10 април 2013
Мислења
1.118
Поени од реакции
714
Пред околу 2 месеца напишав дека ОХБ.ке оди на 5000ден. оваа година и тоасе оствари, па ме интересира што мислите за СТБ. и нејзиниот ценовен максимум пред продажба или до крај на 2017?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom