- Член од
- 22 декември 2011
- Мислења
- 56
- Поени од реакции
- 16
Јас анксиозноста не ја гледам како болест, затоа што нема ништо лошо во анксиозноста, тоа е сосема нормално и човек не може да живее без одредено ниво на анксиозност и без "fight or flight" одговорот на организмот. Проблемот е во тоа што има многу осетливи луѓе, кои се родени такви, по некои правила на природата (генетика и др.), и нивниот "fight or flight" e многу поактивен и поосетлив, уште од дете кога се учи да оди и зборува ја имаат таа структура на нервниот систем и мозокот и се поосетливи на надворешни влијаниа и искуствата во животот. Сите различно го доживуваме постоењето на овој свет, околината во која се наоѓаме и настаните со кои сме опкружени. На секого различни работи му предизвикуваат стрес. Начинот на воспитување, атмосверата што владее во фамилијата, тоа како сме прифатени од другите луѓе, со какви луѓе се дружиме, физичкиот изглед, пари, материјално богатство, злоба, претерана добрина, модерниот начин на живот. Некој може да добие изразена анксиозност после учество во војна, после континуирана физичка или психичка тортура, раскинување на долгогодишна врска, смрт на близок, а некој може да добие изразена анксоиозност од еден шамар, повишување на тонот, врска од неколку недели/месеци, ситуација во кои личноста е исмеана и понижена, комплекси од својот физички изглед.Студирам психологија работиве ми се повеќе од јасни. Mental illness e, е сега дали ќе го преведеш како болест или како пореметување на мозокот, кој како си го сфаќа. Не гледам зошто да не бидам отворена во однос на ова прашање, зошто да има стигма околу целово ова. Не барам некој да ме сфати, просто и едноставно е дека никој не може, секој си ја доживува анксиозноста различно, ама мора да се подигне свесноста на народот на едно повисоко ниво.
Има многу различни начини за борба со ова, ама чим се фатив на возот за медикаменти од овој тип многу тешко оди прекинувањето. Side effects колку сакаш има, и со нив и без нив. Не знам стварно како е подобро. Кај мене ситуацијата беше ептен ризична, затоа и подлегнав на апчињата, инаку никако не би се нафатила и не ги препорачувам на никој.
Психотерапија е сто пати подобра опција, и кој може слободно да оди, а не на психијатар
Исто е и со депресијата, некој нема што да јади, нема покрив над глава, нема што да облече, ќе помини низ психо-физички тортури, исмевања, понижувања, раскинувања, разводи, губење на блиски и др. па не паѓа во депресија, а некој паѓа во депресија затоа што не може да собери лајкови на фб или затоа што нема Самсунг Еџ или Ајфон 7.
Исто така влијание има и начинот на исхрана и каква храна внесуваме, квалитетот, адекватно количинско внесување на нутриционистичките вредности. Oсетливост на стимуланси (кофеин, никотин, алкохол, марихуана).
Што се однесува до примањето на анти-депресиви и бензодиазепини мора некако да собериш сили и да пробаш да се оттргниш од нив. Најдобро е да побараш лекар што ќе се нафати да ти помогни да го откажеш лекот, не можиш да ги земаш цел живот.