Панични напади

Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Не знам да ли има слична тема, ако има бришете ја. паничните напади се хиперактивни пореметувања како последица на депресивен синдром, е сега кога се користи анафранил, хелекс и слични за да се смират тавите панични напади, да ли во конзумација со алкохол можат да доведат до несакани состојби, значи седативи со алкохол.Инаку паничните напади доведуваат ирационална паника која тера на хиперактивност и одење, најголема паника се чувствува кога не се движите. Ме интересира мислењето на оние кои имале слични искуства или на компетентни лица кои се разбираат во оваа работа и дали седативи и алкохол се ок??
 
S

smart ass

Гостин
Јас би ти одговорил.

Farmacology имам прочитано унив.учебник..

Види вака тешката депресија често е пропратена со панични напади.
(патем еве младината ни се уништи од амфетамини и екстази-праат депресија...панични напади),но не се секогаш тие причина.


Е сега лековите

Хелекс(ксанакс го има 0.25 до 1мг е јак безодијазепин со благо антидепресантно дејство-НО АЛКОХОЛ никако-настанува токсификација,и оштетување на организмот+депресор е алкохолот...слично и анафранил.


Инаку истото важи и за пароксетин и и за др антидепресанти.

Инаку Прозак(флуоксетин кај нас) го сметаат за ефикасен...често во комбинација со Рисперидон(рисет) и хелекс.

но воглавно зависи од дијагнозата....ако е F-23 или f32.2 со импулзивни напади...никако алкохол.

( кај нас шифрата ја пишува на извештај од специјалист).
 

AdRi*

Obscenely Delicious
Член од
10 декември 2007
Мислења
651
Поени од реакции
41
Не сум имала имала искуство со паничен напад,но имам еден текст каде што е убаво објаснето за него,ке го копирам тука,верувам дека ке послужи.


Најдобар начин за да се научи паничниот напад е всушност да се искуси како тој изгледа. Кога еднаш ќе се случи, животот на личноста драматично се менува. Паничните напади носат најбрза и најкомплексна промена позната во човечкото тело. Се доживува како огромен страв без можност да се контролира, чувство дека во прашање е сериозна болест, чувство дека се умира или полудува. Драстично се менува функцијата на големите жлезди, срцето, белите дробови, стомакот, утробата, панкреасот, бубрезите, бешиката, очите и најголемите групи на мускули. Дури и силните отрови или трауматските повреди имаат помал ефект. Водопади од стимуланси и хормони – адреналин, епинефрин, гликоген, кортикол, норепинефедрин, меѓу останатото, надоаѓаат преку крвотокот во телесните клетки. Се добива внатрешен импулс да се избега, излезе или да се сокрие некаде.
Моменталната реакција на личноста при паничен напад е верување дека е заробена, безпомошна од некоја многу силна закана. Додека паниката може да се случи како последица на злосторство или некоја катастрофа, не е важно дали заканата е реална или не. Најчесто, паничниот напад се случува неколку недели или месеци после стресната ситуација. Се случува почесто кај лица кои се многу загрижени, перфекционисти, социјално изолирани или кои имаат трауми од детството. Генетскиот фактор може да има улога со одреден дел. Она што ја продолжува паниката и што ја прави се почесто и поинтенивно да се јавува е крајната загриженост околу состојбата и исцрпувачкото избегнување на ситуациите кои се чини дека доведуваат до паника.
Паничниот напад се маскира како варијација на медицински нарушувања. Паниката речи си комплетно имитира медицинска состојба и со години може да се воспоставуваат погрешни дијагнози. Тоа би биле хипогликемија, комплексен парциален напад, ефекти на дрога, срцева аритмија и синдром на хипервентилација. Паниката делумно ги имитира и следниве болести: ангина, астма, колитис, иритиран стомак, вертиго, пост контузиски синдром, хипертензија, хипотензија и хернија. Речи си секој кој страда од паника е уверен дека има сериозна телесна болест и како што се појавуваат симптомите со години оди од доктор до доктор. Сепак постојат професионалци кои имаат искуство со пнични напади и лесно го дијагностицираат паничното нарушување.

Околу 7.2% од возрасните или 1 од 15 луѓе имале панично нарушување кој е примарен дел од нивното нарушување. Околу 1/3 од популацијата во развиените земји имале најмалку еден паничен напад; повеќето од нив никогаш не развиле повторувачки панични напади. Ова значи дека фобиите/паничните нарушувања е многу често емоционално нарушување, почесто е и од алкохолизмот и депресијата, Се покажало дека од луѓето кои страдаат Фобија/паничниот напад, помош побарале и ја нашле само 22%. Фобијата е најчеста, но во исто време и најскриена состојба.
После неколку месеци поминати со паника, околу 10 % од луѓето се затвараат дома и не се способни да излегуваат сами. После неколку години поминати со панични напади 30 % од луѓето ја губат својата работа, заработувачка или работните обврски. Околу 17 % се подложени на ризик од алкохолизам и околу 40 % на ризик од хронична депресија, чувствуваат како можностите во животот да се целосно одсечени. Поголемиот дел од нив имаат брачни проблеми, редуциран социјален живот и патувања. За повеќето може да се каже дека го живеат животот во затвор.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Хелексот е многу добар без алкохол, со алкохол уште подобар е. Остај луѓево што прочитале :icon_lol: .......
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
f 32.0 e diagnozata, kafe mi smeta i kofein mi prai napadi, no ako ukinam kofein da li ke smeta alkohol troa so lekoite. Blagodarnost do site.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
f 32.0 e diagnozata, kafe mi smeta i kofein mi prai napadi, no ako ukinam kofein da li ke smeta alkohol troa so lekoite. Blagodarnost do site.
А зошто не одиш до психијатар и не прашаш? И како се поставвит дијагноза бе?
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
pa bev jas nego vikat smetalo alkohol a ja probav ne smeta e sea da ne smeta na podolgorocno??
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Хелексот е штетен и без и со алкохол, долгорочно краткорочно како сакаш земи.
Види сега твој живот твоја одлука не ти се мешам, ама за хелексот и што те интересира околу него прашај во ПП. и не е од прочитано.....
 
S

smart ass

Гостин
f 32.0 e diagnozata, kafe mi smeta i kofein mi prai napadi, no ako ukinam kofein da li ke smeta alkohol troa so lekoite. Blagodarnost do site.
Штом е таа дијагноза станува збор за Импулсивни панични напади,но и повлеченост во себе.

најверојатно би ти препишал флуоксеѕтин но поради кафето не смее(си му кажал дека пиеш нели)...

Не е само Кофеинот-туку секој психостимуланс. ,може и зелен чај да има сличен ефект......

значи кафето замени го со чај(може и хибискус)

Препорачливо е за тебе чај од маточина-делува смирувачки и ефтин е а и валеријана...

Кофеин не пиј ако сакаш успех на долг рок.
Оти види кај оваа дијагноза пробуваат и со пароксетин(за кој треба недели за ефект 3 на пример),халоперидол...ама оваа терапија ти е таман.
Може рисперидон-консултирај се со невропсихијатарот-многу е успешен.
da li ke smeta alkohol troa so lekoite
Е сега за алкохолот-НИКАКО Хелекс(Alprazolam)доколку се измеша со алкохоло(без разлика дали има и друг лек) го зголемува ризикот за сериозни црнодробни оштетувања,жолтица и ако имаш земено и друг антидепресант...може да дојде до АФИКЦИЈА-тоа е престанок на дишењето-пад на респираторниот систем поради депресивното дејство на алкохолот...значи ризикуваш живот!!!!

Плус можноста за суицидални мисли се зголемува.

Хелекс+алкохол ќе ти предизвика може и течна столица(дијареа),потоа пелтачење и плеткање на јазикот,отекување на истиот поретко...нагла промена на расположение,седација,неволност....

И имај предвид F32.0 се лечи-не е трајно-но зависи од тебестрого придржавај се до упатствата и советите од невропсихијатарот,не земај дози на своја рака...АЛКОХОЛ-ЈОК!!

Оти ти може 2 недели да имаш терапија и пред позитивниот ефект оп ќе се напиеш алкохол и ја Уназадуваш терапијата Т.Е сам ја правиш неефикасна.(и енерџи дринк не смееш-40мг кофеин)



Не е анксиозност.
за неа диазепам од 2мг или бромазепам се решение+витамини Б.

Треба повеќе интеракција со пријатели,другари...и да побарај од психијатарот Оксибор650мг(има коензим Q10 и витамини Б и СЕ...за да се среди ситуацијата.)



Ама и не мора,но чај од маточина обавезно земи си.


Но ти можеш да го откажеш барем 1 месец,или пак подобро пиј какао но само откако си го зел хелек-сот..пред него НЕ.(но најдобро ИЧ кофеин)-можеш да издржиш месец па тотално кога веќе нема да имаш ДИЈАГНОЗА ќе си пиеш пак кафе-без мака,без проблеми.
:helou:
Или подобра опција-наместо кафе можеш да користиш какао-делува антидепресантно,исто и чоколадо за готвење,бананата исто исто така купи Евитол(витамин Е-расположува,делува позитивно а и добар е за апетитот-башка антиоксидант)....користи ги овие најдобро.



Не знам зошто бараш субститут на кофеинот....и тоа баш алкохол(не смееш ни тоници да пиеш...на пример шведска горчливка-има алкохол-понатаму средства за инхалација-овие во вода со пареа)...

da li ke smeta alkohol troa so lekoite.
Јасен сум мислам не само што ќе смета туку ќе има и КОНТРАЕФЕКТ!!!


ако се придржуваш нема да има дијагноза 32...ако си дисциплиниран :wink:


А наместо кафе и алкохол ти кажав...какао,чај од маточина,чоколадо за готвење


Хелексот е штетен и без и со алкохол, долгорочно краткорочно како сакаш земи.
Види сега твој живот твоја одлука не ти се мешам, ама за хелексот и што те интересира околу него прашај во ПП. и не е од прочитано.....
Ајјј налет аватарот пишеш безврска...

Ако немаш табела од клинички резултати и од третмани со лекови,па ефекти,успех...проценти...состав НЕ ШЛАПАЈ џабе...

Хелексот е многу добар без алкохол, со алкохол уште подобар е. Остај луѓево што прочитале :icon_lol: .......
цццццц:toe:

Инсект:vozbud:
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Е сега за алкохолот-НИКАКО Хелекс(Alprazolam)доколку се измеша со алкохоло(без разлика дали има и друг лек) го зголемува ризикот за сериозни црнодробни оштетувања,жолтица и ако имаш земено и друг антидепресант...може да дојде до АФИКЦИЈА-тоа е престанок на дишењето-пад на респираторниот систем поради депресивното дејство на алкохолот...значи ризикуваш живот!!!!
Оф топик, али морав, кога веќе го болдираш, барем напиши го правилно, АСФИКСИЈА се вика, не афикција.
Овие дијагнози сепак побаруваат медицинско образование и со прочитана книга фармакологија не можеш ниту да поставиш дијагноза, ниту да препорачаш лекови.
Одговор на прашањето дали некој лек (било кој) смее да се меша со алкохол-категорично НЕ, без понатамошно филозофирање.
Ако не ти одговара лекот, оди на доктор специјалист, побарај друг лек кој би одговарал повеќе, не барај алтернатива во мешање со други (форумски препишани) лекови или алкохол.
 
S

smart ass

Гостин
Добре де баго...грамар...ее па ти.

Витамин Б6 може ли со алкохол??:wink:

Оф топик, али морав, кога веќе го болдираш, барем напиши го правилно, АСФИКСИЈА се вика, не афикција.

грамар еррор:toe:

Ако не ти одговара лекот, оди на доктор специјалист
фала богу...ахх луцифер:vozbud:

книга фармакологија не можеш ниту да поставиш дијагноза, ниту да препорачаш лекови.
Да ама можеш да препорачаш консултација со стручно лице или??:toe:
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Коба пијам алкохол немам често панични напади или депресија. Во случај да имам секогаш има магични билки кој ќе ти го подигнат расположението со 220km на саат.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.735
Поени од реакции
24.382
Ајде да поразговараме малку за оваа состојба, како ги поднесувате паничните напади? За оние кои не знаат, најдобар начин е длабоко дишење и фокусирање на дишењето. Така се смирува веќе настанатата паника.
Има ли некој кој развил некаква техника за да го препознае доаѓањето на нападот и да го спречи уште пред „да исплива на површина“? Обично оваквите техники се учат завреме на кбт, онаа која ја спомнувам цело време во темата за анскиозност.
 
S

SpaceTraveler

Гостин
Ајде да поразговараме малку за оваа состојба, како ги поднесувате паничните напади? За оние кои не знаат, најдобар начин е длабоко дишење и фокусирање на дишењето. Така се смирува веќе настанатата паника.
Има ли некој кој развил некаква техника за да го препознае доаѓањето на нападот и да го спречи уште пред „да исплива на површина“? Обично оваквите техники се учат завреме на кбт, онаа која ја спомнувам цело време во темата за анскиозност.
Да си ми жива и здрава. Јас кога бев 14 години патев многу од панични напади + деперсонализација и дереализација активна 24 часа, дури во сон. Состојба каде што твоето тело не го чувствуваш како свое, те тресе паника и болка во градите постојано, како да не си во својата глава, го гледаш светот 2 димензијално. Ги доживувавш сите луѓе преку тебе, сите предмети, по лудо, здравје. Со состојбата живеев цели четири години. Не можев да плачам, ми беше тешко, а не можеш да се исплачеш, пошто сум екстра позитивен често ги потсмејував другите со шеги, не се предавав во ниту еден момент, но сепак самиот себе не можев да се насмеам 24 часа имав обсесивни мисли и многу луди прашања во главата, а анксиозноста ме излудуваше до бесвест.

Кога бев 15 години прва година средно, беше претешко. Но како баланс на сето тоа ми дојде идеја, си реков ,,зошто не дишам длабоко постјоано, па дури и пред да заспијам". Од како почнав да го вдлабочувам вдишувањето и држав воздухот што е можно повеќе и длабоко да го издишам мојот ум почна да се стабилизира, почнав дури да ги совладувам училишните обврски како никогаш до сега. Дури некогаш практикувајќи го тоа на тие години се чувствував многу силно, па и доминантно, како да ја контролирам секоја ситуација околу мене. Како јас да доминирам и да ја водам играта со секого кој го сретнам на улица. Сепак на крај судбината си поигра малку поосто со мене и ме доведе во многу тешки ситуации, престанав да го вежбам дишењето, но благодарение на целата трпеливост денес сум потполно физички и психички здрав и без да вежбам дишење, но сепак од љубов кон здравиот начин на живеење практикувам Пранајама вежби или Јогинско дишење, иако не често.[DOUBLEPOST=1444341780][/DOUBLEPOST]Истата техника ми помогна и во откажување на цигарите, едноставно сметам дека така го зголемуваме капацитетот на белите дробово, а сметам дека секој човек што има добар обем на белите дробови има и подобро здравје.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom