Панични напади дефинитивно не се секогаш поврзани со анксиозноста. Лично јас ги доживувам заедно со неа, ама познавам личности со анксиозност кои што никогаш не доживеале паничен напад.И не мисли многу на тоа, затоа што со сугестибилност можеш да си ги предизвикаш.
Инаку анксиозност имам со години, заедно со депресија и сум на апчиња. Во однос на депресијата не ми помогна многу, ама со анксиозноста се подобрив еден период. Добив храброст, посебно затоа што јас имам делумно социјална анксиозност, па почнав послободно да зборам со луѓе, да си изразувам мислења без милионте мисли во глава, ама еве после скоро 2 години на апчиња, анксиозноста пак ми се врати. Нема што немам пробано, ама едноставно има периоди кога не можам да излезам од дома затоа што постојано сум анксиозна и помислата да одам на некое 'несигурно место' ми предизвикува панични напади. Тешко е за борење, а уште потешко е да се справиш со стигмата за болеста, затоа што да анксиозноста е болест, а од општеството не е сметана за таква и често сум осудувана или гледана чудно кога ќе спомнам отворено еј да јас имам анксиозност.
Анксиозноста не е болест, туку "пореметување", затоа што симпромите што ги имаат луѓето со анксиозност не се вклопуваат со нормалното функционирање во одредени ситуации (пр. социјализација). Ќе земам еден пример: да претпоставиме дека 99% од луѓето во светот страдаат од анксиозност. Тогаш останатиот 1% од луѓето ќе ги рачунаа за ненормални, ќе им препишуваа лекарства, ќе им кажуваа дека се болни.
Поентата ми е дека не треба да се рачунаме за болни, туку треба да ги прифатиме симптомите, да се соочуваме и бориме против нив, и да се трудиме да се прилагодиме кон непишаните правила за нормален живот. А кај нас што преовладува тоа сваќање и тоа гледање на некој што се соочува со тие симптоми е многу просто, но така наметнато уште одамна и не би ти препорачал по луѓе да кажуваш, дури ни на близок ако не можи да те свати. Обично тој што не го доживува/доживеал тоа не може да те свати, дури и многу од прихијатриве/психолозиве.
Не е препорачано да се прекинуваат апчињава, поради тоа што му правиш шок на организмот, балансот на хормони се пореметува и поради тоа и самото откажување е прилично тешко. Имам зборено за ова со психијатарот бидејќи нејќев редовно да ги земам, и си го добив тоа како одговор.
Шок на организмот се прави со самото почнување на таквиот вид на терапија, дури и ако имало тн. хемиски дисбаланс, земањето на овие лекарства може само да ја влоши ситуацијата. Исто така овие апчиња имаат таков ефект со што му ги затапуваат чувствата на човекот и навистина ја намалуваат депресијата и анксиозноста, но човекот ги губи и позитивните чувства и станува како робот. И како што спомна
@Bodhidharma, се што внесуваме во организмот за одредено време се создава толеранција кон тоа и го губи своето дејство, така што на пример и да се чувствуваш подобро од 50мг Елицеа (escitalopram), за одреден период таа доза ќе ја изгуби ефективноста, и за да ги добиеш истите ефекти од лекот ќе треба да ја зголемиш дозата на 75, 100мг, се додека дозата не стани токсична за организмот, и тогаш ќе дојдиш во состојба 10 пати полоша од таа за која што си почнала да ги земаш лекарствата. Плус серотонинот не е баш толку поврзан со анксиозноста. Мој најдобронамерен совет е полека да почниш да ја намалуваш дозата во рок од месец-два и целосно прекини ги за тоа време. Јас ги користев вакви лекарства два месеци, и ми ја влошија за неколку пати ситуацијата, од нив добив ужасни симптоми, и физички и психички. Имав и потрес на мозокот, 10 години бев на лекарства против епилептични напади, кои исто така се користат за биполарна депресија, можеби и од нив со го добив.
Има доста природни алтернативи и за ССРИ/СНРИ антидепресивите и за Бензодиазепините (апчињата за смирување), има членови на форумов, што практикуваме природен пристап за решавање (лекување) на овие симптоми.
Ќе земам уште еден прост пример. Да речиме дека постојано не боли забот, и не сме во можност да одиме на заболекар, врват денови, недели. Ни се пореметува спиењето, почнуваме да стануваме нервозни, почнуваме да се повлекуваме од секојдневните активности и тн. Откако ќе го поправиме забот и болката ќе исчезне повторно полека почнуваме да се враќаме во нормала.
Поентата на овај пример е дека треба го бараме коренот односно главната причина/причини, што не довеле во оваа состојба. Нешто што ни создава стрес, без разлика дали е од човечки, финансиски, биолошки карактер. Некогаш има и нешто во минатото што ни го повредило егото/самодовербата, одредени случки, луѓе, искуства.
Odi kazi im go ova na psihijatrite, onie vo drzavna bolnica(klinicki centar) sekako bidejki tamu e najeftin pregledot, no i privatnite psihijatri po gradov koi ti naplakaat po 1000 denari za 15 minuti razgovor i tie gi davaat potpolno istite lekarstva(provereno), site psihijatri se gore-dole isti vednas stom vlezes kaj niv vo soba uste ne zapocnale razgovor so tebe da te prasaat se, sto, kako, problemi, simptomi, ova, ona i.t.n. vednas ti prepisuvaat vakvi medikamenti kako paroxetine, asentra i sl.
Asentrata ja pijam seuste veke 40-ina dena redovno sekoj den po edno apce od 50mg, a onie drugi lekarstva koi mi gi dadoa na neurologija(helex i b-komplex) kako i na kardiologija(dijazepam, nebivolol, mepinto...) ne gi pijam voopsto, a i ne znam za sto se ovie nebivolol i mepinto nekoi sto mi gi dadoa za srceto otkako pritisokot mi go izmerija ednaska 150/100, a posle nekoj period 160/110 WOW
Психијатриве гледаат да прават пари/да си ги задржат работното место, и не користат нас за да го остварат тоа, не дека им е дојдено ние да се излекуваме, нив тоа не му е од корист. Плус голем дел од психолозиве и психијатриве кај нас се ужас во секоја смисла на зборот, и општо докториве свесно си ја злоупотребуваат функцијата, на едно момиче матичниот за настинка Диазепам и имаше препишано, мене за тахикардија ми препишаа Ансилан од 5мг (Medazepam) и ми викаат ова е за срцевиот мускул. Да не знаев дека тоа е анксиолитик ќе го почнев и можеби ќе го пиев и ден денес. Друг пример, бев на психијатар, и сега чекам пред мене имаше една бабичка, ама слушам од ходникот и кажува дека не е расположена, и и дава уз прегледот терапијата гратис, Escitalopram (Зепира/Елицеа). Влегувам јас и ги кажувам симптомите, и ми ги дава истоте апчиња што и ги дава на бабава, секако гратис паковка. Одам дома и гледам на паковката уште два месеци рок на траење. Значи работава е да не се фрла нека пие народов, повеќе профит и за државата, докторите и за фармацефтските компании што ги произведуваат
Би ти препорачал да ги прекиниш Асентрата, за покачување на Серотонинот има подобри алтернативи кои може и да го решат коренот на проблемот, доколку симптомите се предизвикани од низок Серотонин. Хелексот можиш да го земаш еднаш до два пати неделно по потреба доколку имаш анксиозност, но немој никако секојдневно да го земаш.
Хелексот има брзо и краткотрајно дејство (почнува да делува за 20-30мин. и трае околу 10 часа) и ако се користи редовно подолг период за дисконтинуирање/прекунување е ужас. Исто и за типот на лекарства како што е Хелексот има други алтернативи, со значително помали несакани дејства и помала можност од зависност, полесно дисконтинуирање.
Nebivolol и Mepindolol се Бета Блокатори и можат да ти помогнат за високиот притисок, посебно ако е предизвикан од анксиозност. Јас користам Propranolol, по потреба, го пијам обично еден саат пред да излезам, и ми ги олеснува симптомите на тахикардија, отежнато дишење, тепкање кога зборувам и не сум толку напнат, поопуштен сум физички. Добро е кај овие лекарства што не создаваат зависност. Не се препорачуваат на луѓе што имаат дијабетис, респираторни проблеми, бубрежни проблеми.
Б-Комплекс можеш да земаш, ти препорачувам да си порачаш од
iHerb, тука има далеку поквалитетни суплементи.
Си го губиш времето, неколку пати на повеќе теми сум пробал да доловам некои работи, но наместо да пробаат нешто само се жалат пијат анти депресанти, медикаменти и пак имаат проблеми, и така се у круг без ништо да се проба.
Не им е јасно дека имаат пред се нутристички недостатоци и неправилен живот кои не се надокнадуваат со никакви медикаменти, едноставно телото е претрупано со отрови, маснотии покачен шеќер/притисок/холестерол кој после тоа предизвикува еден тон воспаленија и психички пореметувања. Добра анти-инфламаторна диета и суплементација е далеку далеку по успешна од просечните анти-депресанти. За турмерикот, би додал дека треба да се зима и вриен, но и не вриен, во комбинација со маслиново масло (кога не е вриен) и кокосово кога се врие, како и со црн пипер. Дозите мора да бидат 3x на ден после оброк, не еднаш.
Повеќе пати напоменав во мојте постови дека финансиската состојва ме кочи да нарачам повеќе суплементи, но успеав да нарачам
Магнезиум, чекам да стигни па ќе почнам да го пијам и се надевам ќе има барем некое подобрување.