Какви лекарства? кафетини, андоли, аспирини и сите тие Pay2Play лекарства не се проблем да ги носиш (во куферот што го чекираш, не во тие што ги носиш во авион со тебе). Ако е нешто посериозно лекарство, ќе ти треба (мислам) потврда од лекар (ваљда преведена на англиски) дека тие лекарства ти се препишани.
Бикчиња, сапун, паста за заби, рексони и секојдневни препарати.. носи си, јас си носам секој договор. Можеш да ги купуваш и на брод, ама прво, не зафаќаат многу и не тежат, и второ, немаш иницијални трошоци од платата. Јас касно дознав дека на копанијата каде што бев (NCL) можеш да се укрцаш со брада (средена секако, кратка, не да се појавиш со некое суштество на фаца како да си последен хипстер на планетава) и цело време да ја одржуваш во таа форма, нема проблем. Е сега не знам како е на другите компании, а ти не одиш на NCL, немаат таму брод сеуште мислам. Е за шампон, неможам ништо да ти кажам, со оглед дека мојата фризура скоро и да не постои, користам сапун
Мој совет, земи си 20 пара боксерки и долни маици, ако не носиш долна маица (бела, социјалка), тогаш научи се. Цел брод е климатизиран, не е фино да ти пирка свежо на кичма и бубрези. Сепак, најчесто поморците што се на крузери страдаат од сјебана кичма, јас сум пример, Год Блес Дискус Хернија. 20 пара се чисто да не мораш да се переш на по три пати на месец, носиш ден два, фрлаш у фиока, мењаш.