Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?


  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Член од
24 април 2008
Мислења
10.663
Поени од реакции
11.886
Бреееј, им текнало на Трендо и на останатите уредници на Off.net.mk да преведат доста објективна и реална статија за жените кои протестираат против Доналд Трамп.

И тоа статија напишана од американска муслиманка која се декларира како муслиманска феминистка, која доволно се разочарала од Барак Хусеин Обама и од Демократската Партија на САД, за да гласа за Доналд Трамп на претседателските избори 2016 во САД.

http://off.net.mk/vesti/mislenja/milijarderot-soros-e-povrzan-so-povekje-od-50-partneri-na-zhenskiot-marsh-na

Милијардерот Сорос е поврзан со повеќе од 50 "партнери" на Женскиот марш на Вашингтон

23 Јануари 2017 - 11:22

Под овој наслов новинарката Асра Нумани го пишува текстот за Њујорк Тајмс, кој почнува со: Која е поврзаноста меѓу еден од најголемите донатори на Хилари Клинтон и Женскиот марш на Вашингтон? Излезе дека е прилично значајна.



Во мракот пред зората на денот на инаугурацијата, како долгогодишна либерална феминистка која гласаше за Трамп за претседател, соочена сум со изборот: да ги врзам моите розови Најк патики и да го фатам метрото кон инаугурацијата во главниот град на нашата земја, или да почекам и да одам на утрешниот "афтер-парти", наречен "Женскиот марш на Вашингтон"?

Гардијан го претставува "Женскиот марш на Вашингтон" како "спонтана" акција за правата на жените. Друг либерален медиум, Вокс, зборува за "масовната, спонтана поддршка" зад маршот. На својот сајт организаторите на маршот ја промовираат својата работа како "грасрут обид" со "независни" организатори. Дури и моето локално јога студио, Драга јога, изнајмува автобус и нуди превоз за 35 долари.

Ова е идеја што јас, либерална феминистка, би ја прифатила. Ама јас знам - и најголемиот дел од Америка знае - дека организаторите на маршот имаат пропуштено да стават нешто во нивниот манифест: маршот не е стварно "женски марш". Туку е марш жените кои се анти-Трамп.

Како некој што гласал за Трамп, не се чувствувам добредојдена, а така се чувствуваат и голем број други жени што ги одбиваат либералните политики на идентитетот кои се сржта на самиот марш, до сега, правејќи белите жени да се чувствуваат недобредојдени, одбивајќи ги жените кои се спротивставаат на абортус и преземајќи ја целата агенда.

За подобро да го разберам маршот, неделава седев до доцна навечер истражувајќи го финансирањето, политиката и главните ставови на околу 403 групи кои се "партнери" на маршот. Дали ова е непартиски "Женски марш"?

Рој Спекхард, извршниот директор на Американската хуманистичка асоцијација, која е "партнер" на маршот, ми кажа дека неговата организација била "непартиска" меѓутоа има "голема загриженост околу претстојната администрација на Трамп која вклучува она што ние го сметаме за шовинистички пристап кон жените." Ник Фиш, националниот директор за програма на Американски Атеист, ми рече "Ова не е партиски настан". Денис Вајли, пастор од Обединетата баптистичка црква на Исус, кој исто така е партнер, ми одговори дека "ова не е партиски марш".

Стварно? На UniteWomen.org, уште еден партнер, има видеа со хаштагови #ImWithHer, #DemsInPhily и #ThanksObama. Следејќи ги парите, разгледав низ документите на милијардерот Џорџ Сорос и неговата Отворено општество филантропија, бидејќи се прашував: Која е поврзаноста меѓу еден од најголемите донатори на Хилари Клинтон и "Женскиот марш"?

Излезе дека е: голема.

Според моето драфт истражување, што го отворам за соработка на Гуглдокс, Сорос има финансирано, или има блиски врски со најмалку 56 "партнери" на маршот вклучувајќи ги и "клучните партнери" Планирано родителство, кое се спротивставува на анти-абортус политиките на Трамп, и NRDC (National Resource Defense Council) кој се спротивставува на политиките на Трамп за животната средина. Останатите врски на Сорос со организациите од "Женскиот марш" го вклучуваат партискиот MoveOn.org (кој беше остро про-Клинтон), Националната мрежа за акција (чија поранешна извршена директорка фалена од високата советничка на Обама, Валери Џарет како 'лидерка на иднината', беше ко-претседател на маршот, а друг нивен функционер како 'прв човек за логистика'). Други организации финансирани од Сорос кои се 'партнери' на маршот се Американската унија за граѓански слободи, Центарот за уставни права, Амнести интернешнл и Хјуман рајтс воч. Организаторите на маршот и организациите именувани тука се уште немаат вратено на барањата за коментар.

За прашањата за кои јас како муслиманка сум загрижена, "Женскиот марш", за жал, ја зазема позицијата од партиската политика која ги избегнуваше прашањата околу исламскиот екстремизам во 8-те години од администрацијата на Обама. Партнерите на "Женскиот марш" го вклучуваат Советот на американско-муслимански односи (CAIR), кои не само одбиваат да зборуваат за прашањата околу муслиманскиот екстремизам по 11-ти септември, туку се спротивставуваат и на реформите на исламот кои ќе дозволат жените да водат молитви или да се молат пред џамиите, без да носат марами како симбол на нивната одмереност. Меѓу партнерите исто така е и SPLC (Southern Poverty Law Center), кој погрешно го обележа Мааџид Наваз, муслимански реформатор, како "анти-муслимански екстремист" врз основа на извештаите објавени пред изборите. SPLC ми потврдија дека Сорос ги има финансирано нивните извештаи за "анти-муслимански екстремисти" чија мета беше Наваз. (Иронично, CAIR исто така е против абортуси, меѓутоа нивниот лидер сепак доби една од главните говорнички улоги на маршот.)

Уште една организација финансирана од Сорос и "партнер" на маршот е Арапско-американската асоцијација на Њујорк, чија извршна директорка, Линда Сарсур, е ко-претседател на маршот. Кога пишував текст во кој тврдев дека муслиманките не мора да носат марами како симбол на "одмереност", таа ме нападна мене и мојата ко-авторка како "маргинални" случаи.

Неодамна, најмалку 33 од 100 'жените со боја', кои првично протестираа против изборот на Трамп на улични протести, работеа во организации кои добиваа финансирање од Сорос, делумно за "црно-кафеав" активизам. Секако, Сорос е "идеолошки филантроп", чии интереси се во линија со многу од овие групи, меѓутоа тој исто така е и значителен политички донатор. Во Давос, тој им кажа на новинарите дека Трамп е "диктатор во најава".

Портпаролката на Отворено општество фондацијата на Сорос, изјави: "Има голем број погрешни извештаи дека Џорџ Сорос и Фондацијата отворено општество ги финансираат протестите по претседателските избори во САД. Нема вистина во овие извештаи." Таа додаде: "Ние поддржуваме голем број на организации - вклучувајќи ги и оние кои поддржуваат жени и малцинства на кои историски има биле ускратени еднаквите права. Голем број од нив се загрижени до што може да доведе промената на политиката. Горди сме на нивната работа. Секако, ние го поддржуваме правото на мирно собирање на сите Американци - како витално, и уставно гарантирано, како столб на функционална демократија."

Исто како што пост-изборните протести, кои вклучуваа плакати како "Убиј го Трамп", не беа "спонтани", како што тоа го пренесоа некои медиуми, "Женскиот марш" е продолжените на стратешките политики на идентитет кои денес толку многу ја имаат растргнато Америка, од кампуси до заедници. И на лево и на десно, ова е погрешно. Меѓутоа, кај инаугурацијата, политиката ни е јасна. Со маршот, "жените" се присвоени за очигледно анти-Трамп ден. Кога ги споделив моите ставови со нејзе, сопственичката на моето јога студио рече дека е "тажно" што организаторите на маршот ги маскираат своите политики. "Сакам љубов за сите," ми кажа таа.

Острата политика на идентитет на левицата и нејзините неуспеси кај исламскиот екстремизам беше причина да го изгубат мојот глас на минатите избори, па, како што првите зраци на утрото го разбиваат мракот додека пишувам, ја носам мојата одлука: ќе ги врзам моите розови Најк патики и одам на инаугурацијата, прескокнувајќи го "Женскиот марш" на кој нема место за жени како мене.

Асра Нумани,
Њујорк Тајмс
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.663
Поени од реакции
11.886
Не знае за "grab 'em by the pussy", знае само за "grab 'em by the dress".

Па со онаква грдосија со која потпишал смртна пресуда, исто како да добил 1 на 10 со ќерките кои ги имаат, види го кутриот - само коска и кожа, па лесно е да се изгуби апетит ако го делиш креветот со онаква грдосија, Меланија со нејзината грда фаца сепак е институција за грдосијава негова.
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.288
Поени од реакции
1.786
Како што обеќа Трамп, ќе го прекине учеството на САД во Трансатлантичкиот Договор за слободна и без царинска трговија.
Овој договор беше потпишан 2015 од Обонго но се уште не беше стапен во сила, општо 12 земји Австралија, Брунеи, Канада, Чиле, Јапонија, Малезија, Мексико, Нов Зеланд, Перу, Сингапур, САД и Виетнам.



Премиерот на Јапонија Шинѕо Абе објави дека без САД,договорот е бесмислен.
Што мислите колку илјадници работни места ќе се скратеа во богатите САД, Канада, Јапонија, Нов Зеланд и ќесе преместеа во Чиле, Малезија, Мексико, Перу, Сингапур и Виетнам, претпоставувам милиони и тотална деиндустрализација.

Ерата на таа догма либерален фашизам и глобализам заврши, доаѓа локализам, домашно производство и основна цел на секоја држава да најде работа за сите.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.663
Поени од реакции
11.886
Падна првата жртва на федералната влада на САД на чело со Доналд Трамп - со потпишување на извршна наредба, претседателот на САД ги повлекува САД од Договорот за Транс-Пацифичко Партнерство (ТПП).

Trump executive order pulls out of TPP trade deal
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Може да ми објасни некој која е целта на преместувањето на амбасадата од Телавив во Ерусалим?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.663
Поени од реакции
11.886
Може да ми објасни некој која е целта на преместувањето на амбасадата од Телавив во Ерусалим?
Тоа е одлука донесена уште во 1995 година, но Бил Клинтон, исто како и неговите наследници Џорџ Буш Помладиот и Барак Хусеин Обама, го искористија правото за одложување на преместувањето на амбасадата на САД во Израел од нејзината сегашна локација во Тел Авив, кон нова локација во Ерусалим, кој е под израелска територијална и воена контрола и е` главен град на Израел.

Палестинците го сакаат Ерусалим за главен град на нивната непризнаена палестинска држава, а мнозинството држави во светот не го признаваат Ерусалим како главен град на Израел, поради што нивните амбасади се претежно во Тел Авив.

Како и да е, Доналд Трамп вети дека ако биде избран за претседател на САД на претседателските избори 2016 во САД, амбасадата на САД во Израел ќе биде преместена од Тел Авив во Ерусалим, што ќе биде директна потврда на лице место од страна на САД дека го признаваат Ерусалим како главен град на Израел, не само декларативно, туку и дипломатски.
 
Последно уредено:

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.759
Поени од реакции
7.586
Како што обеќа Трамп, ќе го прекине учеството на САД во Трансатлантичкиот Договор за слободна и без царинска трговија.
Овој договор беше потпишан 2015 од Обонго но се уште не беше стапен во сила, општо 12 земји Австралија, Брунеи, Канада, Чиле, Јапонија, Малезија, Мексико, Нов Зеланд, Перу, Сингапур, САД и Виетнам.



Премиерот на Јапонија Шинѕо Абе објави дека без САД,договорот е бесмислен.
Што мислите колку илјадници работни места ќе се скратеа во богатите САД, Канада, Јапонија, Нов Зеланд и ќесе преместеа во Чиле, Малезија, Мексико, Перу, Сингапур и Виетнам, претпоставувам милиони и тотална деиндустрализација.

Ерата на таа догма либерален фашизам и глобализам заврши, доаѓа локализам, домашно производство и основна цел на секоја држава да најде работа за сите.
:lolzz::lolzz::lolzz:

Се гледа дека си го простудирал TPP и импликациите кои би ги имал врз економиите(и државите) опфатени од истиот.

Бидејќи не сум Амер, браво Трамп. Му го свирна на Обама и ја ослабне позицијата на САД. Kudos.
 
S

silmarillion

Гостин
Види го ти Трамп, Baldwin IV за сиромашни :) шала на страна ова со намалување на регулативите е добра работа. Малце здрава конкуренција.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.759
Поени од реакции
7.586
Тоа е одлука донесена уште во 1995 година, но Бил Клинтон, исто како и неговите наследници Џорџ Буш Помладиот и Барак Хусеин Обама, го искористија правото за одложување на преместувањето на амбасадата на САД во Израел од нејзината сегашна локација во Тел Авив, кон нова локација во Ерусалим, кој е под израелска територијална и воена контрола и е` главен град на Израел.

Палестинците го сакаат Ерусалим за главен град на нивната непризнаена палестинска држава, а мнозинството држави во светот не го признаваат Ерусалим како главен град на Израел, поради што нивните амбасади се претежно во Тел Авив.


Како и да е, Доналд Трамп вети дека ако биде избран за претседател на САД на претседателските избори 2016 во САД, амбасадата на САД во Израел ќе биде преместена од Тел Авив во Ерусалим, што ќе биде директна потврда на лице место од страна на САД дека го признаваат Ерусалим како главен град на Израел, не само декларативно, туку и дипломатски.
Многу Зионистички потег, море. :P[DOUBLEPOST=1485198555][/DOUBLEPOST]
Види го ти Трамп, Baldwin IV за сиромашни :) шала на страна ова со намалување на регулативите е добра работа. Малце здрава конкуренција.
Здрава меѓународна конкуренција на пазарот на труд. Ова баш е во насока на ветувањата што го даваше за време на изборната кампања.:cool:
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.931
Поени од реакции
15.938

не може сама да постигне, треба и сите овие 2 милиони соросоидки да испушат по 20 томпуса секоја па да има ефект
 

Kajgana Shop

На врв Bottom